• Latest
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Калкулации околу датумот за одржување на парламентарните избори

October 26, 2023

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Калкулации околу датумот за одржување на парламентарните избори

October 26, 2023 13:33
in ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Share on FacebookShare on Twitter

Денешниот брифинг со новинари на собранискиот спикер Талат Џафери, ги даде рамките по кои политичките партии би било пожелно да се раководат при одредување датум за одржување на претседателските и парламентарните избори 2024 година.

Според член 12 од Изборниот законик, актот за распишување на изборите го донесува претседателот на Собранието и со него се определува денот од кога почнуваат да течат роковите за извршување на изборните дејствија и денот на одржувањето на изборите, а од денот на распишувањето на изборите до денот на одржувањето на изборите не може да помине повеќе од 90 дена, ниту помалку од 70 дена.

Според член 14 од Изборниот законик, пак, изборот на претседател, се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател, а во случај на престанок на мандатот на претседателот, од кои и да е причини, изборот за нов претседател се врши во рок од 40 дена од денот на престанокот на мандатот

Што се однесува до изборот на пратениците, член 15 од Изборниот законик вели дека се одржуваат секоја четврта година во последните 90 дена од мандатот на претходниот пратенички состав или во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието. Предвремени избори за пратеници се спроведуваат во согласност со одредбите на овој законик, а сите рокови за изборните дејствија се скратуваат за пет дена, освен рокот утврден за спроведување на изборната кампања.

На брифингот, Џафери ги посочи законските рокови за одржување на претседателски и парламентарни избори, апелирајќи одлуката политичките партии да ја донесат најдоцна до Нова година, особено за претседателските избори, за да не остане државата без претседател.

Но дали постои шанса за консензус и дали ќе се чека до крајниот рок за одредување датум? Дел од преговорите меѓу власта и опозицијата се и уставните измени. Иако Џафери вели дека по тоа прашање не е сменето ништо, сепак, уставните измени се користат како алатка за преговори, па и за натегање околу изборните датуми.

Бујар Османи им порача на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните измени и дека така ќе добијат предвремени парламентарни избори кога сакаат, како одговор на повикот на Мицкоски за избори „на еден трошок“.

Понудата на Христијан Мицкоски во име на народот и неговата „грижа“, да не се оптовари буџетот, па „на еден трошок“ да се истераат и двата изборни циклуси, денеска ја повтори уште еднаш, констатирајќи дека е „глупаво“ да има одвоени изборни циклуси.

Премиерот Димитар Ковачевски, на постојните повикувања на Мицкоски и вчера одговори дека тој не отстапил од неговиот став дека изборите ќе бидат редовни, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ кои две години ги најавуваат предвремените избори на секои три месеци. Ковачевски изјави дека одлуката ќе се донесе на ниво на сите политички партии во Собранието.

Во меѓувреме, се очекува и консензуалност и одлука за тоа како ќе изгледа Изборниот законик, на чии измени работи Групата за изборни реформи иницирана од Министерството за правда. По која верзија на Изборен законик ќе се спроведат изборите, е одлука која треба да се донесе најдоцна 6 месеци пред распишување на изборите. Со оглед на тоа дека работата на Работната група не е завршена сѐ уште, измените ќе ги одминат претседателските избори, па и парламентарните, доколку се одржат на ист датум.

Најран датум за одржување парламентарни избори, кои се сметаат за редовни, а не предвремени, е 5 мај.

Биљана Јордановска

Tags: ВМРО-ДПМНЕДимитар Ковачевскиизборни реформипарламентарни избориПретседателски избориСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ