• Latest
Лекарите превезуваат повредено палестинско дете во болницата Ал-Шифа во градот Газа по израелскиот воздушен напад на 11 октомври 2023 година (Wikimedia Commons)

Во болница во Газа умираат предвремено родени бебиња

November 11, 2023

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Во болница во Газа умираат предвремено родени бебиња

November 11, 2023 19:15
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5
Лекарите превезуваат повредено палестинско дете во болницата Ал-Шифа во градот Газа по израелскиот воздушен напад на 11 октомври 2023 година (Wikimedia Commons)

Лекарите превезуваат повредено палестинско дете во болницата Ал-Шифа во градот Газа по израелскиот воздушен напад на 11 октомври 2023 година (Wikimedia Commons)

Share on FacebookShare on Twitter

Израелската невладина организација Лекари за човекови права-Израел денеска соопшти дека „две предвремено родени бебиња починале“ бидејќи недостигот на гориво го спречил продолжувањето на неонаталната нега во Ал Шифа, најголемата болница во опколениот Појас Газа, а израелската војска вели дека болницата не е нивна мета и дека не е опколена, објави Ал Арабија.

„Голема опасност сега им се заканува на животите на 37 предвремено родени бебиња“, предупреди израелската невладина организација додека се интензивираат борбите меѓу израелската армија и припадниците на палестинското движење Хамас во близина на Ал Шифа во градот Газа.

Претходно денеска, портпаролот на Министерството за здравство во Газа изјави дека операциите во болничкиот комплекс Ал Шифа биле прекинати и дека како последица на тоа починало едно предвремено родено бебе.

Лекарите без граници (MSF), чии членови оперираат во болницата, наведуваат дека „во изминатите 24 часа болницата Ал Шифа била неколкупати нападната, вклучително и породилното одделение“.

Д-р Марва Абу Саада, шеф на одделот за хирургија во Ал-Шифа, изјави за невладиното здружение МАП (Медицинска помош за Палестинците) дека „никој не смее да ја напушти болницата Ал Шифа“.

„Луѓето кои се обидоа да излезат беа мета. Некои беа убиени, некои ранети“, рече тој.

Израелската армија тврди дека „немало напад врз болницата и дека таа не е опколена“.

„Има борби меѓу израелската армија и Хамас околу болницата. Дури и сега, ако некој сака да излезе, може… армијата може да обезбеди координација за секој што сака безбедно да ја напушти болницата“, изјави израелскиот офицер Моше Тетро.

Лекари без граници „најостро ја осудува смртната пресуда одредена од израелската армија за цивилите блокирани во болницата Ал Шифа“ и повикува на „безусловен прекин на огнот“.

Норвешкиот совет за бегалци (НРЦ), друга невладина организација, е „згрозен од извештаите за тековните напади врз болниците во Газа“.

Пациентите, меѓу кои има бебињата, и цивилите кои се засолниле таму, се фатени во стапица“, наведува НРЦ.

Израелската војска соопшти дека милитантите на Хамас, кои го нападнаа јужниот дел на Израел минатиот месец, поставиле командни центри под болницата Ал Шифа и други болници во Газа и ги направиле воени цели.

Хамас негира дека користи цивили како жив штит, а здравствените власти предупредуваат дека зголемените израелски напади врз или во близина на болниците ги ставаат во опасност пациентите, медицинскиот персонал и илјадниците евакуирани кои се засолнети во и околу комплексот.

Г. Т.

Tags: болницаГазаизраелски нападипредвремено родени бебињаумираат
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ