• Latest

Лажни објави на социјалните мрежи за наводни киднапери на деца во Шуто Оризари

November 17, 2023

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Лажни објави на социјалните мрежи за наводни киднапери на деца во Шуто Оризари

Токму поради дезинформациите за наводни обиди за киднапирање на деца, на 28 јануари 2019 година, во Шуто Оризари беа претепани тројца полицајци, откако малолетничка од населбата почнала да вика дека во комбе насилно било внесено женско лице. Според МВР, група на граѓани по ваквото тврдење се насобрале и нападнале возило во кое имало полицајци кои не биле на должност. Едниот од нив во тешка состојба завршил во ГОБ 8-ми септември.

November 17, 2023 14:24
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Инфо инфо, пред само 20 минути спасивме 5-6 деца на улица „Чегевара“ кај школото „Браќа Рамиз и Хамид“ (Шуто Оризари). Ова сиво комбе е вистинско има крадци, за да ги киднапираат прво застанаа и тргнаа кон нив, едно од децата од страв се онесвестил. Пазете ги вашите деца“, гласи објавата на Фејсбук од извесен профил Леон Селма.

Оваа објава е всушност дезинформација, и е објавена на 12 ноември, во 21:09 часот која за кратко стана  вирална на социјалните мрежи и предизвика страв и паника кај граѓаните. Досега има над 1.400 споделувања.

Во коментарите под објавата може да се забележат такви кои повикуваат веднаш да се пријави во полиција и да ги уапси, додека пак други не и веруваат на полицијата туку повикуваат работите да ги преземат во свои раце и да ги најдат и да истепаат на лице место.

Еден во коментар пишува: Времето надвор е врнежливо, а улиците каливи, а на фотографијата се гледа барут сува улица. Исто така нема ниту пријава од ниту еден родител за исчезнато дете, сепак ваквите објави се сериозни и подложат на кривична одговорност. Не си играјте со нашите деца, наутро треба во училиште да одат и не ширете страв кај родителите. Ако нечие дете е загрозено нека оди нека пријави во полициска станица“, пишува ЦрНи.

Додека Ина Анни пишува дека фотографијата е земена од српски страници и непотребно се шири лажна вест и дека полицијата треба да реагира и да преземе мерки за лицето што шири дезинформации.

Има и такви кои тврдат дека ги виделе и ги убедуваат останатите во тоа. Извесен Екрем Шабан сподели две фотографии преземени од српски државјани при што пишува: „Еве ги луѓето, овие се, јас сега се спречкав со нив кај бензиската, избегале романски Роми“.

Всушност на фотографијата не се прикажани никакви киднапери на деца. Станува збор за стара фотографија која првпат се појавила во 2015 година во Романија, а лицата прикажани на неа се поврзуваат со џебни кражби.

Овој тренд на ширење лажни вести за наводни киднапери започна претходно во Србија.

Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, на 15 ноември, ги демантираше лагите кои некои лица ги пласираат преку социјалните мрежи за некакви наводни киднапери.

„Граѓаните да не наседнуваат на дезинформации. Нема ниту едно одземено дете, ниту било какви киднапери. Апелираме да не се шират дезинформации по социјалните мрежи кои имаат за цел да ги вознемират граѓаните. Полицијата е присутна насекаде и ја гарантира безбедноста на граѓаните“, објавија од МВР.

Вчера (16.11.2023) полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Џ.Г. (53) од Скопје поради лажно пријавување. Имено, вчера околу 19 часот Џ.Г. во СВР Скопје пријавил дека наводно во Скопје две лица со комбе „мерцедес“ се обиделе да грабнат малолетничка, но не успеале.

„Веднаш по добиената пријава, полициски службеници преземале соодветни мерки и активности и утврдиле дека пријавата е лажна односно нема таков случај. Потоа, со пријавителот е извршен службен разговор во кој тој признал дека го измислил настанот, водејќи се од лажните објави кои деновиве се споделуваа на социјалните мрежи за наводни киднапери. Во консултација со ОЈО Скопје, Џ.Г. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, велат од МВР.

Токму поради дезинформациите за наводни обиди за киднапирање на деца, на 28 јануари 2019 година, во Шуто Оризари беа претепани тројца полицајци, откако малолетничка од населбата почнала да вика дека во комбе насилно било внесено женско лице. Според МВР, група на граѓани по ваквото тврдење се насобрале и нападнале возило во кое имало полицајци кои не биле на должност. Едниот од нив во тешка состојба завршил во ГОБ 8-ми септември.

Ваквите дезинформации имаат за цел да предизвикаат страв, паника и несигурност кај граѓаните, односно да создадат недоверба во безбедносните служби.

ЦИВИЛ апелира до граѓан(к)ите да не подлегнуваат на вакви дезинформации и секој сомнеж да го пријават во надлежните институции.

ЦМТ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ