• Latest
Фото МИА

Нови 4800 вработувања во технолошко индустриските развојни зони

November 23, 2023
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Нови 4800 вработувања во технолошко индустриските развојни зони

November 23, 2023 14:16
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Фото МИА

Фото МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на изминатиот период, фактите говорат дека врз основа на политиките што ги имаме за зголемување и на инвестициите и на бројот на работници, има нови 4800 вработени во технолошко – индустриските развојни зони ширум државата, а вкупниот број достигна од 17790, што е рекордно ниво на вработени во странските инвестиции што работат во технолошко индустриските развојни зони, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски, кој заедно со заменик-министерот за финансии Филип Николоски, беше во посета на компанијата „Вабтек МЗТ“ АД Скопје.

– Видовме многу енергија, ентузијазам, стручни работници, меѓутоа пред сѐ видовме една исклучително висока технологија, што може единствено да се види во фабрики во Англија, Франција, САД и тука, во Скопје, изјави Ковачевски пред медиумите.

Тој нагласи дека политиката на Владата е многу јасна. Таа е насочена, како што додаде, пред сѐ кон економски развој на општеството, создавање услови за отворање нови работни места, европска ориентација со цврсто зачувување на нашите национални интереси.

– Дека Северна Македонија индустриски се развива, дека економијата расте, тоа не е резултат само на работата на Владата, нормално и на институциите, но, пред сѐ, на вакви компании што инвестираат во високо технолошко индустриско производство што се продава на светските пазари, рече премиерот Ковачевски.

„МЗТ“ е основан пред повеќе од 75 години, а од 2008 година станува дел од „Вабтек“ корпорација. „Вабтек“ е резултат на спојување на три индустриски компании и со себе носи повеќе од 150 години историја во железничкиот бизнис.

Беше кажано дека каде што има воз, метро, локомотива во светот, таму е присутен „Вабтек“.

Дарио Кардоне, генерален директор на „Вабтек МЗТ“ АД Скопје, рече дека токму од овде, Северна Македонија, клучна земја за глобалните операции на „Вабтек“ и нивните клиенти, системите за сопирање произведени во „МЗТ“, успешно стигнале до Њујоршкото метро, познатиот „Ориент експрес“, Кина, Индија, Пакистан.

– МЗТ со гордост вработува повеќе од 370 висококвалификувани луѓе, а до 2026 година се очекуваат дополнителни 100 вработувања. Во последните четири години инвестирани се над 10 милиони евра, додавајќи нови најсовремени CNC машини, нови производни линии и нов систем за дигитализација. Да бидам искрен, не можам да ги негирам предизвиците во оваа брзорастечка средина, меѓу нив, достапноста на квалификувана работна сила, како и потребата од капацитети од светска класа кои би го поддржале нашиот раст. Што се однесува до човечкиот капитал, „МЗТ“ користи различни начини за да го надмине овој предизвик, меѓу кои и формирање на тренинг центар за обука за ЦНЦ машини, стипендии за средношколци, овозможена практикантска работа за студенти, како и низа тековни активности за регрутирање на квалификувани ЦНЦ оператори, појасни Кардоне.

Тој додаде дека различни активности во рамките на нивната иницијатива „Ние се грижиме“ се развиени за да се поддржи добробитот на луѓето од „МЗТ“ и заедницата околу нив, од донации во кампања за превенција на дојка, до донации на компјутерска опрема на локални училишта и многу други различни социјални иницијативи во соработка со нивниот синдикат.

Tags: Димитар КовачевскиинвестицииТИРЗ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ