• Latest

Повелба на синдикалната солидарност: Протест против опструкциите на синдикализмот!

December 2, 2016

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Повелба на синдикалната солидарност: Протест против опструкциите на синдикализмот!

December 2, 2016 14:23
in Uncategorized, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Повелбата за солидарност на синдикатите и здруженијата за заштита на работнички правa најенергично се спротивставува на последните опструкции на синдикализмот и бара надлежните органи во Република Македонија да преземат активности во насока на решително надминување на тие опструкции!

Потписниците на Повелбата за солидарност на синдикатите и здруженијата за заштита на работнички правa (Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници  – ССНМ, Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани  – УПОЗ, Синдикатот на македонската дипломатска служба – СМДС, Левичарското движење „Солидарност“, Движењето за социјална правда – „Ленка“, Конфедерација на синдикалните организации на Македонија – КСОМ, Синдикатот на културата на Република Македонија – СКРМ, Мултиетничкиот синдикат на образование – МЕСО, Младинската организација – „Мугра“, Независниот академски синдикат – НАКС), денеска испратија соопштение до македонската јавност

Поаѓајќи од својата фундаментална заложба – „синдикатите во Македонија и пријателите на работните луѓе заеднички да се спротивстават на растечките негативни трендови на намалување и укинување на постоечките работнички права“, потписниците најенергично се “спротивставуваат на последните опструкции на синдикализмот (trade unionism) и бараат надлежните органи во Република Македонија да преземат активности во насока на решително надминување на тие опструкции!“

povlba-za-solidarnost-logo
Повелба на солидарност

Повелбата го поздравува „храбриот и малку дури и задоцнет чекор за разрешување на досегашниот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија – ССМ,  Живко Митревски. Според синдикалните организации, „по бројните антисиндикални потези на овој синдикален функционер, кулминацијата беше первертирањето на клучната суштина на синдикализмот: наместо политичките партии да ги прилагодуваат своите политички програми и активности согласно барањата на синдикатите, тој, практично самостојно или со поддршка на само грст гранкови синдикати ја ‘усогласил’ агендата на ССМ со истата на владеачката партија!“ 

Според потписниците на Повелбата, „поддршката на разрешениот претседател на ССМ на одржаната седница на ССМ на 13 ноември, и молчењето на надлежните во услови кога истиот дури и највулгарно им го попречува физичкиот пристап на гранковите синдикати до нивните простории е апсолутно неприфатливо и крајно нецивилизирано однесување. Едновремено, тоа е брутално рушење и на институционализмот за кој политичката партија која сé уште е на власт, наводно се залага…“

Синдикалните организации реагираат и поради вториот случај на „демонстрација на вулгарна примена на физичка сила“ – нападот врз канцеларијата на Здружението на работниците и работничките од текстилната и кожарската индустрија „Гласно“ во Штип, и бараат „МВР и Јавното обвинителство најитно да ги откријат сторителите на овој напад кој испраќа сериозна закана за човекови права и слободата на здружување и изразување на граѓаните. Притоа, не можеме а да не се згрозиме над таквиот вандализам, ако се има предвид за кого се работи: без сомнеж најдискриминираните работници во Македонија – текстилните и кожарски работници! Наводната немоќ на Полицијата да ги открие сторителите на овој вандализам во едно место како што е Штип – со долга традиција и со децении стабилно население, не може да биде ништо друго освен отворено исмевање на поимот македонски ‘систем на правда’!“

Синдикалните организации потписнички на Повелбата за солидарност на синдикатите и здруженијата за заштита на работнички правa, се децидни дека со „смената на челната функција на ССМ, синдикализмот на еден еклатантен начин конечно се ослободува од партиските стеги и од еден од главните узурпатори на автентичното, автохтоно синдикално движење во Република Македонија“, и потенцираат дека „Нема успешна економија без развиен синдикализам!“

 

Tags: „Гласно“Живко МитревскиКСОМЛенкаМЕСОМуграНАКСМПовелбата за солидарност на синдикатите и здруженијата за заштита на работнички правaСКРМСМДСсолидарностССМССНМУПОЗ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ