• Latest
Фото: Министерство за одбрана на Естонија

Жителите на Естонија кои ќе одлучат да добијат руско државјанство може да бидат прогласени за безбедносна закана и депортирани

December 2, 2023

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
Гласачко место на руските парламентарни избори, септември 2026 (фото извор: KYIV POST)

Избори на по теркот на Путин: Забранета опозиција, притисоци врз гласачи и сомнително електронско гласање

September 19, 2026
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан: Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје сега, а Белград и Сараево по изборите

September 18, 2026

Србија протера истражувач за слобода на медиумите: Меѓународните организации алармираат

September 18, 2026

СВЕТОТ ДЕНЕСКА: Ескалација на Блискиот Исток, жестоки битки во Украина и климатски катастрофи во Европа

September 18, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Единаесеттиот човек

September 18, 2026
Александар Вучиќ (фото: www.predsednik.rs)

Вучиќ во Украина на самитот Карпатска иницијатива: Белград меѓу поддршката за територијалниот интегритет на Украина и одбивањето санкции против Русија

September 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Жителите на Естонија кои ќе одлучат да добијат руско државјанство може да бидат прогласени за безбедносна закана и депортирани

December 2, 2023 19:32
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Фото: Министерство за одбрана на Естонија

Фото: Министерство за одбрана на Естонија

Share on FacebookShare on Twitter

Естонската премиерка Каја Калас изјави дека владата на земјата бара начини да ги депортира луѓето кои ќе одлучат да добијат руско државјанство. Ова се наведува во одговорот на Калас на барањето на пратеникот во Риигикогу (парламентот на Естонија) Александар Чаплигин. Зборовите на премиерката се цитирани од естонското издание Postimees, пренесува Медуса.

„Фактот што едно лице кое живеело во Естонија одлучува да добие државјанство на Руската Федерација во време кога Руската Федерација ја напаѓа украинската држава и народ, укажува дека, доколку е потребно, како дел од мобилизацијата, тој е подготвен да се приклучи на армијата на Руската Федерација и да учествува во нападите врз Украина. Ова е веќе закана за безбедноста на Република Естонија и многу јасен сигнал што естонската држава не може да го игнорира“, рече Калас во нејзиниот одговор.

Шефот на владата истакна дека Руската Федерација ги прекршила сите принципи на меѓународното право со нападот на Украина, а исто така се обидува да ја поткопа безбедноста на Естонија и нејзините сојузници.

Естонскиот министер за внатрешни работи Лаури Ланеметс во ноември изјави дека естонските власти проучуваат како да ги депортираат луѓето кои решиле да добијат руско државјанство. По ова, пратеникот Чаплигин побара од премиерот да го информира дали има законска основа за тоа. Во својот одговор, Калас наведе дека основата за тоа ќе биде тоа што лицето претставува закана за безбедноста на Естонија.

„Можам да ве уверам дека министерот за внатрешни работи го застапува официјалниот став на владата, кој се заснова на безбедноста и опстанокот на Естонија… А на одземањето на дозволата за долготраен престој му претходи индивидуална постапка во која во согласност со законот се утврдува дали странецот претставува закана за јавниот ред и безбедност на Република Естонија“, рече Калас.

Естонските власти почнаа да зборуваат за можноста за депортирање на лица кои сакаат да добијат руско државјанство откако во октомври стапија на сила измените на законот за државјанство во Русија, пишува Postimees. Меѓу другото, руските власти го намалија бројот на условите за прием во државјанство за повеќе од 20 категории апликанти, вклучително и за поранешните граѓани на СССР кои живеат надвор од Русија.

Естонските власти нагласија дека мерките што се развиваат нема да влијаат на оние кои веќе живеат во Естонија и имаат руски пасош. Второто државјанство е забрането во земјата, така што претстојните ограничувања ќе бидат насочени кон поранешните граѓани на СССР кои живеат во Естонија, а кои не добиле никакво државјанство, забележува Радио Либерти. Заклучно со јануари 2023 година, во земјата живееле повеќе од 64 илјади поранешни граѓани на СССР кои немале државјанство, или 4,7% од населението.

Како што предходно објави Цивил Медиа, естонската премиерка Каја Калас изјави дека е заинтересирана да ја преземе главната работа во НАТО, во време кога алијансата е исправена пред предизвиците на руската војна во Украина и да користи заеднички стратегии против Кина и другите закани кои се појавуваат.

Говорејќи на самитот за одбрана на Политико, Калас беше прашана дали би сакала да се кандидира за таа улога откако актуелниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ќе се повлече од функцијата, на што таа веднаш одговори со „да“.

Естонија беше една од првите земји што ѝ обезбеди на Украина одбранбена помош дури и пред почетокот на руската војна во полн обем на 24 февруари 2022 година, испраќајќи ги противтенковски ракетни системи Javelin кои пристигнаа во Украина на 22 февруари.

Според соопштението на естонското министерство за одбрана, Естонија обезбеди речиси 400 милиони евра, или повеќе од 1% од БДП, воена помош за Украина. Претходните донации вклучуваа проектили за противтенковски ракетен систем Javelin, хаубици, противтенковски мини, фрлачи на противтенковски гранати, минофрлачи, возила, опрема за комуникација, медицински материјали, лична заштитна опрема (шлемови, итн.) и пакети со сува храна . Во соработка со Германија, Естонија и донира на Украина две теренски болници и медицински материјали во вредност од речиси 15 милиони евра. Естонија и донира трета теренска болница на Украина во соработка со Холандија и Норвешка, кои обезбедија 7,8 милиони евра како поддршка за проектот.

Најновиот пакет за помош на Естонија вклучува полуавтоматски пушки, снајперски пушки, нишани, двогледи, муниција, индивидуална и специјална опрема, патролни чамци и термални камери. Дополнително, се донира и медицинска опрема. Вкупната вредност на воената помош е 494.300 евра. Со донирање опрема не трпат обуката и воените капацитети на одбранбените сили, се вели во соопштението на министерството за одбрана на Естонија.

Д. Мишев

Tags: ЕстонијаНАТОРусијаруско државјанство
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ