• Latest
Фото: U.S. Embassy North Maceonia

Блинкен најави ограничување на визите за САД, за израелските екстремисти одговорни за насилството на Западниот Брег

December 6, 2023
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Двојна стапица: Зошто било каква одлука од Хаг ќе послужи како политичко оружје

September 14, 2026
Европска централна банка (фото: Wikipedia)

Каматите не ги диктира само Франкфурт: Колку е точна приказната дека кредитите мора да поскапат?

September 14, 2026
Џабир Дерала (фото: Рилинд Сулејмани)

Војна на бројките – власта брои успеси, опозицијата брои лаги, земјата тоне

September 14, 2026

Теророт на рускиот агресор врз Украина: За една недела 2.100 дронови, 1.700 наведувани бомби и 78 ракети

September 13, 2026

Со кое право барате отчет?

September 13, 2026

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 13, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Комуњарски-вмровци

September 13, 2026

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Десетици илјади на „Маршот за слобода“ во Приштина – собир што ги надмина партиските поделби

September 12, 2026

Бурни 12 дена во светот на вештачката интелигенција: Нова генерација модели и глобални предизвици

September 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ

Блинкен најави ограничување на визите за САД, за израелските екстремисти одговорни за насилството на Западниот Брег

December 6, 2023 12:42
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, КОНФЛИКТИ, СВЕТ, ТОП 5
Фото: U.S. Embassy North Maceonia

Фото: U.S. Embassy North Maceonia

Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот државен секретар Антони Блинкен во текот на вчерашниот ден  најави нова политика за спречување на екстремистичките израелски доселеници одговорни за насилството на Западниот Брег да дојдат во САД.

„Денес, Стејт Департментот спроведува нова политика за ограничување на визниот режим насочена кон поединци за кои се верува дека биле вмешани во поткопување на мирот, безбедноста или стабилноста на Западниот Брег, вклучително и преку извршување акти на насилство или преземање други дејствија кои прекумерно го ограничуваат пристапот на цивилите до основните услуги и основните потреби“, се вели во соопштението на Блинкен.

„Членовите на потесното семејство на таквите лица, исто така, може да бидат предмет на овие ограничувања“, додава тој.

Стејт департментот ќе може да ја примени политиката и на Израелците и на Палестинците кои се одговорни за нападите на Западниот Брег, рече Блинкен.

Тој не наведе ниту еден поединец кој ќе биде предмет на визните ограничувања, ниту пак кажа колку ќе бидат вклучени во почетната транша од ограничувањата.

На крајот, новата политика се очекува „да влијае на десетици поединци и потенцијално членовите на нивните семејства“, изјави во вторникот портпаролот на Стејт департментот Мет Милер.

Милер на брифинг со новинарите рече дека одделот во вторник презема чекори за воведување ограничувања според новата политика.

„Секој израелски државјанин кој моментално има виза за влез во Соединетите држави ќе биде известен дека таа виза е укината“, објасни Милер, мислејќи на Израелците назначени според програмата. Секој друг израелски државјанин кој е назначен како резултат на оваа програма, но во моментов нема виза, нема да биде известен. Ако сакаат да патуваат во Соединетите Држави и аплицираат преку ESTA, што е начинот на кој функционира ако во моментов сте земја од програмата за откажување виза, таа апликација ќе биде одбиена“, рече тој.

Претставниците на администрацијата со недели сигнализираа дека ќе преземат таква акција бидејќи насилството на Западниот Брег се интензивираше по нападот на Хамас на 7 октомври, пренесува Си-Ен-Ен.

Д. Т.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ