• Latest

Спасовски: Полицијата на 11 декември, сериозно ќе се спротивстави на секое кршење на волјата на избирачите!

December 7, 2016

ДИК ги одби сите 57 приговори за првиот круг од локалните избори

October 23, 2025

Зеленски ја повика ЕУ да ги ослободи замрзнатите руски пари за одбрана на Украина

October 23, 2025

Самит на ЕУ: Зајакнување на европската одбранбена индустрија, зголемување на инвестициите во заеднички развој, производство и набавка за потребите на одбраната

October 23, 2025
Фотгорафија: Влада на РСМ

Мицкоски: Нема предвремени избори, не ги посакувам и сметам дека се непотребни

October 23, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Ѓорѓиевски и Лабудовиќ го чистат Скопје; Димитриевски ветува паркинг и парк на иста локација; Милосим Војнески, кадидат за градоначалник во Македонски Брод се повлекува од изборната трка

October 23, 2025
screenshot-X-EP

Што содржи најострата резолуција за Србија досега усвоена од Европскиот парламент 

October 23, 2025

Пукал од БМВ додека одел на свадба во Желино – полицијата го уапси кога се пофалил на социјалните мрежи!

October 23, 2025
Фото: wikimedia commons

Амбасадорката Дир: САД воведоа санкции против енергетскиот сектор на Русија, дизајнирани да го зголемат притисокот за постигнување вистински мир

October 23, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК: Во 33 општини се завршени изборите за градоначалник во прв круг, во 11 општини има поднесено приговори

October 23, 2025
Фото: Wikimedia commons

Најмалку 40 мигранти, вклучувајќи бебиња, загинаа при потонување на брод кај Тунис

October 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски: Полицијата на 11 декември, сериозно ќе се спротивстави на секое кршење на волјата на избирачите!

December 7, 2016 12:26
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на три дена пред изборите, во интервју за ЦИВИЛ Медиа, посочува на подготвеноста на македонската полиција за целосно обезбедување на изборниот процес. Тој тврди дека МВР располага со списокот гласачи или „фантоми“, и според тоа, секој обид на лица однадвор, кои не се жители на Република Македонија, да извршат злоупотреби и гласаат со туѓи или фалсификувани документи за идентификација, ќе биде сериозно санкциониран, согласно со законската регулатива.

Во однос на гласиштата дека одредени структури на денот на избори, би предизвикале инциденти, министерот Спасовски порачува дека полицијата веднаш ќе интервенира и ќе ги спречи сите обиди за попречување на заложбите за фер, деморкатски и кредибилни избори, кои имаат историско значење за земјата и кои треба со сигурност да го отворат европскиот пат. Toj e категоричен во ставот дека полицијата ќе постапува и по пријава и еx officio, со цел да ги спречи изборните нерегуларности и апелира до граѓаните да не подлегнуваат на притисоци и уцени, туку да ги пријавуваат во МВР.

[youtube width=”600″ height=”344″]https://www.youtube.com/watch?v=F7fIpIc1nzg[/youtube]

ЦИВИЛ Медиа: Во првото од серијата интервјуа за ЦИВИЛ Медиа, на почетокот од „првиот мандат“, изјавивте дека имате приоритет да го департизирате Министерството и полицијата и дека ќе се потрудите, да добиете целосен увид во работата и функционирањето на МВР. Во јавноста, а особено од извештаите на набљудувачите на ЦИВИЛ од теренот, се стекнува впечаток дека во моментов има две полиции во Македонија кои функционираат речиси паралелно. Дали имате целосна контрола врз МВР, особено во овој предизборен период? Дали и каква комуникација имате со вашиот заменик, Оливер Андонов, кој е кадар на ВМРО-ДПМНЕ, согласно со Договорот во Пржино? Кој му е претпоставен на Андонов, Вие или неговиот партиски шеф, Груевски?

СПАСОВСКИ: Првo, сакам да ви кажам дека перцепцијата оти има две полиции во Македонија не ви е исправна, поради тоа што македонската полиција е единствена и таа има еден човек што раководи, тоа е министерот за внатрешни работи, без разлика кој е министерот. Точно е дека македонската полиција е и премногу непрофесионална и премногу партизирана, дури и криминализирана! За жал, ова морам да го кажам. И тие се трите приоритети, сега ги повторувам, за македонската полиција да ги исполнува до крај интересите на граѓаните на Република Македонија, таа мора да биде декриминализирана, департизирана и крајно професионализирана! Вистинските луѓе во Министерството да ги заземат вистинските позиции. Ние имаме Договор од Пржино, врз основа на тој договор, треба да функционираме во овој период, сѐ со цел да се воспостави контрола на системот којшто беше до крај партизиран и злоупотребен во претходните изборни циклуси.

Во однос на комуникацијата со дополнителниот министер Андонов, таа е врз основа на овластувањата коишто ги дава законот. И мене не ми треба ниту подобра, ниту поголема комуникација од таа што е пропишана со законите на Република Македонија. И тој, како мене, треба да одговара пред Собранието на Република Македонија. Јас сакам да биде одговорен кон полицијата, одговорен кон граѓаните, што не го покажува во целиот негов мандат. А, дека тоа е насока дадена од Груевски, можам да се согласам или претпоставувам дека, да!

ЦИВИЛ Медиа: Се зборува дека огромни суми „црни пари“ последниве предизборни денови се пренесуваат по тајни канали во одделни градови во државата, од одредени структури, со цел да бидат ставени во оптек на црниот пазар на купување гласови, пред и на денот на изборите?

СПАСОВСКИ: Се слушаат разни муабети дека во овој дел може да се злоупотребуваат гласачите преку купување гласови, веќе имаме и неколку обиди за поткуп коишто се процесуирани од страна на МВР. Јас само сакам да ги предупредам сите оние кои се дрзнуваат во овој изборен период да посегнуваат по слободата на гласачот, по слободата на одлуката за гласањето, дека нема да има компромис со никого, со ниту еден од политичките субјекти, со ниту еден припадник на која било од политичките партии. Така што, многу е јасно дека македонската полиција ќе реагира во случај на забележување на каков било поткуп, трансфер на пари или сѐ друго што ќе значи нарушување на изборниот процес. Нам ни треба изборен процес којшто ќе биде фер, демократски и кредибилен. Меѓутоа, ги повикувам и граѓаните на Република Македонија, да  ѝпомогнат на македонската полиција, да се вклучат во овој процес, затоа што само заеднички можеме да го направиме и подемократски и послободен. Ако кој било се обиде да влијае, да поткупи, да заплашува, треба навистина тоа да го пријават во полицијата и да преземеме радикални чекори и мерки.

intjervu-spasovski-2

 

ЦИВИЛ Медиа: Извори на ЦИВИЛ тврдат дека во Кумановско има починати граѓани, чии лични карти, документи за идентификација се и натаму во оптек, зашто по смртта, тие не се одјавуваат во МВР, само се извршуваат религиските рутуали и обреди. Дали нивните документи може да бидат злоупотребени на изборите на 11 декември?

СПАСОВСКИ: Потенцијално секој документ што го поседуваат граѓаните, секој документ што го имаат од починати лица итн. можат да бидат злоупотребувани доколку лицата не се одјавени и не се избришани од Избирачкиот список. Постојат и гласачи, кои ги пријавуваат граѓаните на Република Македонија, дека се наоѓаат во една куќа, во еден стан… Ги пријавуваа до ДИК. Дел од нив се избришани, дел и сега, според јавувањата на граѓаните, постојат. Сакам јасна порака да упатам до граѓаните, дека ние го имаме списокот на сите сомнителни гласачи кои се запишани во Избирачкиот список и доколку, кој било се обиде да го злоупотреби тоа право на глас, стојат сериозни санкции за нарушување на изборниот процес. Така што, не само оние кои се обидуваат да злоупотребуваат нечии лични документи и гласови, или оние кои им вршат притисок на одредени луѓе да бидат злоупотребени тие лични документи, туку и самите тие, доколку бидат забележани на избирачките места, од кој било набљудувач на политичките партии, дека е едно од тие лица кои се на Избирачкиот список, а знаеме дека не се во Македонија, дека не живеат на одредена адреса…, тоа ќе биде сериозно проверено.

ЦИВИЛ Медиа: Вашата колешка, министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска Ременски, пред две недели посочи на 134 починати лица од Тетово и Тетовско, кои биле корисници на социјална помош и „живи“ гласачи. Дали презедовте мерки да ги решите овие случаи, во овие две недели?

СПАСОВСКИ: За тие случаи на злоупотреба на документи за социјална помош или кои и да било додатоци од областа на социјалната политика, има доставено извештај и се работи во одделот за организиран криминал, во однос на овие случаи.

ЦИВИЛ Медиа: Можете ли реално да ја контролирате ситуацијата на терен за време на изборите, на 11-ти декември?

СПАСОВСКИ: Сите мерки коишто се потребни во однос на безбедносната состојба во државата, во однос на обезбедување на изборниот процес, преку формирање на соодветните штабови е направено. Македонската полиција се подготвува, сериозно да ги преземе сите надлежности, кои што стојат пред нас, во соработка со Државната изборна комисија, сѐ со цел да обезбедиме слободно гласање, гласање коешто нема да ги оптоварува граѓаните на Република Македонија и обезбедување на избирачките места.

ЦИВИЛ Медиа: Очекувате ли инциденти?

СПАСОВСКИ: Ова се историски избори и за такви избори се потребни политички субјекти коишто се на висина на историската задача. Јас веќе слушам, добивам одредени информации, дека некои од политичките субјекти, можно е да предизвикаат помали или поголеми инциденти и апелирам тоа да не се случува, затоа што на Македонија сега  ѝ се потребни избори по европски терк. И ќе падне одговорноста врз сите нас. Меѓутоа, доколку се обидат со што било, сигурно дека полицијата нема да стои рамнодушно на уривањето на изборниот процес. Сериозно ќе се спротивставиме на таков начин на делување и на кршење на волјата на избирачките во Македонија.

ЦИВИЛ Медиа: Тоа значи дека ќе постапувате и без пријава на терен, еx officio, во случаи каде што со сигурност ќе знаете дека се вршат изборни нерегуларности?

СПАСОВСКИ: Тоа значи дека ќе постапуваме така како што пропишуваат законските регулативи во Република Македонија и  еx officio и по пријава и на секој можен начин, сѐ со цел да го заштитиме изборниот процес.

Моника Талеска

 

Камера: Џабир Дерала

Фото: Билјана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: 11 декемвризаканиизбориМВРнерегуларностиОливер СпасовскипритисоциуценифантомиЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    183 shares
    Share 73 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ