• Latest
Фото: Икс на МоД Естонија

Естонија испраќа нов пакет воена помош од 80 милиони евра за Украина, естонскиот и финскиот премиер побараа континуирана поддршка од ЕУ за Кијив

December 15, 2023
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Естонија испраќа нов пакет воена помош од 80 милиони евра за Украина, естонскиот и финскиот премиер побараа континуирана поддршка од ЕУ за Кијив

December 15, 2023 14:34
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Фото: Икс на МоД Естонија

Фото: Икс на МоД Естонија

Share on FacebookShare on Twitter

Естонија ќе испрати пакет воена помош од 80 милиони евра за Украина, кој вклучува и противтенковски ракети Javelin, објави естонското Министерство за одбрана на платформата за социјалните мрежи Икс .

„Естонија одлучи да и испрати на Украина пакет воена помош од 80 милиони евра, вклучително и противтенковски ракети Javelin. Борбата за слобода на Украина може да успее само ако сојузниците продолжат да им помагаат на Украинците“, се вели во објавата.

🇪🇪 #Estonia had decided to send 🇺🇦 #Ukraine €80 million military aid package, including #Javelin anti-tank missiles.

Ukraine’s fight for freedom can only succeed if allies continue helping Ukrainians. #StopRussianAggression

Read more: https://t.co/65LuTuV6IT pic.twitter.com/30vxqZA8zD

— MoD Estonia (@MoD_Estonia) December 14, 2023

Естонија беше една од првите земји што ѝ обезбеди на Украина одбранбена помош дури и пред почетокот на руската војна во полн обем на 24 февруари 2022 година, испраќајќи ги противтенковски ракетни системи Javelin кои пристигнаа во Украина на 22 февруари.

Според соопштението на естонското министерство за одбрана, Естонија обезбеди речиси 400 милиони евра, или повеќе од 1% од БДП, воена помош за Украина. Претходните донации вклучуваа проектили за противтенковски ракетен систем Javelin, хаубици, противтенковски мини, фрлачи на противтенковски гранати, минофрлачи, возила, опрема за комуникација, медицински материјали, лична заштитна опрема (шлемови, итн.) и пакети со сува храна . Во соработка со Германија, Естонија и донира на Украина две теренски болници и медицински материјали во вредност од речиси 15 милиони евра. Естонија и донира трета теренска болница на Украина во соработка со Холандија и Норвешка, кои обезбедија 7,8 милиони евра како поддршка за проектот.

Предходниот пакет за помош на Естонија вклучуваше полуавтоматски пушки, снајперски пушки, нишани, двогледи, муниција, индивидуална и специјална опрема, патролни чамци и термални камери. Дополнително, се донира и медицинска опрема. Вкупната вредност на воената помош е 494.300 евра. Со донирање опрема не трпат обуката и воените капацитети на одбранбените сили, се вели во соопштението на министерството за одбрана на Естонија.

Во рамки на програмата „ Seeing is Believing“ за градење на јавното разбирање за НАТО и отпорноста на Балканот, ЦивилМедиа, заедно со група новинари од Северна Македонија и Црна Гора на почетокот на декември престојуваа во Талин, Естонија, каде остварија средби со Генералниот секретар на  Министерството за надворешни работи, Јoнатан Всевиов и со Петер Куимет, раководител на Одделот за меѓународна соработка во Министерството за одбрана, кои ја истакнаа решителноста на Естонија  да продолжи да го поддржува Кијив во одбраната од руската агресија, не само заради Украина, туку и дека победата во војната е од големо значење и за Естонија, Европа и целиот свет.

Предходно, Политико ја објави заедничката порака на естонската премиерка Каја Калас и финскиот премиер Петери Орпо, кои побараа континуирана поддршка од ЕУ за Украина.
Премиерите на Естонија и Финска побараа од ЕУ да го одржи курсот со Украина и да се погрижи да преовлада слободата.
Ќе помогнеме во одбраната на Украина. Нема да бидеме загрозени и нема да правиме компромиси за слободата и безбедноста ниту на украинскиот народ, ниту на нашата, истакнаа тие во заедничката ијава.

Според Евробарометар, 87 отсто од Естонците или целосно се согласуваат или имаат тенденција да се согласат дека ЕУ треба да продолжи да покажува солидарност со Украина. За Финска оваа бројка е 88 проценти. Ова зборува за непоколебливата решеност и на Естонците и на Финците да ја поддржат Украина.

Вкупната билатерална помош на Финска за Украина изнесува 2,2 милијарди евра и вклучува 20 пакети одбранбен материјал, како и развојна соработка, хуманитарна помош и цивилна материјална помош. Покрај тоа, Финска е еден од најголемите донатори на Украина во ЕУ за опрема во енергетскиот сектор, како што се генератори и трансформатори.

 

Д. Мишев

Tags: Воена помошЕстонијаруска агресија врз УкраинаФинска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ