• Latest

ЦИВИЛ: Прегласување, пребројување, ревизија и одговорност за нерегуларностите

December 13, 2016
Колаж од фотографија од архивата на ЦИВИЛ (Христијан Мицкоски) и партиската ФБ страница (Димитар Апасиев)

Мицкоски и Апасиев во костец со навреди и наводи за семејни бизниси, тендери и партиски донации

October 14, 2026

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и „фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити? (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЦИВИЛ: Прегласување, пребројување, ревизија и одговорност за нерегуларностите

December 13, 2016 18:00
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Соопштение на ЦИВИЛ, прес конференција, 13 декември 2016, 14:30 часот

Врз основа на првичните анализи, ЦИВИЛ јавно ги упатува следните препораки и барања до ДИК и другите надлежни институции:

  • Повторно, целосно пребројување на гласовите во сите изборни единици;
  • Ревизија на неважечките гласачки ливчиња
    • при броењето на гласовите, за неважечките ливчиња се прогласувани и такви каде што јасно се гледа волјата на гласачите;
  • Прегласување во Избирачките места во кои е забележано сериозно кршење на гласачкото право и изборните процедури;
  • ДИК да овозможи увид во пребројувањето на гласовите, ревизијата на неважечките гласачки ливчиња и во избирачкиот материјал на заинтересираните домашни и странски набљудувачи;
  • Членовите на Избирачките одбори за кои ќе се утврди дека непрофесионално и неетички ја извршиле задачата или имале конфликт на интереси, да го изгубат правото да бидат избирани на таа позиција во наредниот изборен процес;
  • Мора да се спроведе итна анализа и истрага за работата на ДИК и нејзините тела, како и итни реформи на оваа институција во пресрет на локалните избори во 2017 година;
  • МВР да ја провери процедурата за издавање лични карти во Охрид, на самиот изборен ден и во Прилеп, на ден пред изборите.

Бараме ДИК да се изјасни, дали има пријави по кои одлучувала и што се случи со оние гласачи кои ги немало во Избирачкиот список, а ги имало во списокот на ОИК?

 

Прелиминарна оценка на изборниот процес

За жал, не можеме да кажеме дека се одржаа слободни избори во Република Македонија. Иако беа создадени минимални услови за нивно одржување, изборниот ден на 11 декември, како и денот пред тоа, беа исполнети со голем број нерегуларности.

Катастрофалната состојба на Избирачкиот список оневозможи голем број граѓанки и граѓани да го остварат своето гласачко право. Фантоми и починати лица гласаа, а живи луѓе не можеа да гласаат.

Државната изборна комисија (ДИК) не успеа да се извлече од политичките влијанија и не им го овозможи правото на глас на сите граѓанки и граѓани со право на глас. Одговорните за оваа состојба мора да се соочат со последиците од хаваријата на Избирачкиот список и кршењето на правото на глас.

ЦИВИЛ нотира голем број случаи на притисоци, уцени, полнење на кутии, семејно и групно гласање, злоупотреба на малолетници и поткуп на гласачи во сите краишта на земјата.

Вработените во институциите на државата грубо го кршеа изборниот молк непрекинато, поточно, тој како и да не постоеше.

Голем број Избирачки одбори (ИО) беа крајно непрофесионални и често се однесуваа неетички, а еден дел немал доволно информации за тоа што треба да прават на Избирачкото место.

Дел од извештаите на набљудувачите на ЦИВИЛ говорат за случаи на партиско делување на одделни членови на ИО. Понатаму, нотирани се случаи во кои членови на ИО им сугерирале на гласачите за кого да гласаат. Нотирано е и дека партиските набљудувачи го заземале местото на членови на ИО и ги проверувале изводите од Избирачките списоци со цел да утврдат кој гласал, а кој не. Дел од ИО ги информирале партиските штабови за излезноста на нивните членови, а некои вршеле агитација и притисок врз гласачкото тело од самите Избирачки места.

Во десетина случаи забележано е, на самото отворање, гласачките кутии не биле запечатени, па по интервенција на набљудувачите се запечатиле дополнително.

Оружено насилство на денот на гласањето не се нотира во ниту еден извештај од теренот.

Џабир Дерала, ЦИВИЛ, прес конференција, 13 декември 2016, 14:30 ч.
Џабир Дерала, ЦИВИЛ, прес конференција, 13 декември 2016, 14:30 ч.

ЦИВИЛ – Центар за слобода упатува изрази на благодарност и честитки за одлично спроведена мисија на набљудување на ОДИХР, но и на другите странски мисии како што се IESC, DiploCat, SILBA, AEGEE и други. Посебна благодарност за поддршката од нашите партнери ГОНГ, Хрватска.

Над 650 извештаи во кои се нотира најмалку една категорија на изборни нерегуларности пристигнаа од набљудувачите на ЦИВИЛ од теренот.

Телефонските повици од граѓанки и граѓани ја надминаа бројката од 1.000, а исто толку пораки пристигнаа преку социјалните мрежи и шесте мобилни телефонски линии кои беа отворени во текот на изборниот ден.

МВР, за првпат по долги години, функционираше на висина на својата задача и реагираше навремено во голем број случаи.

 

Дополнителни забелешки

Во голем број избирачки места е забележано како дел од претставниците од избирачкиот одбор ги забележуваат во сопствени нотеси гласачите по име и презиме во посебни колони за ВМРО или СДСМ, што е противзаконски.

Исто така, во неколку избирачки места е забележано немање пристап за инвалидни лица. На пример две избирачки места каде гласаат лица со инвалидитет, поставени се на вториот кат, што не било случај во претходните избори, каде истите биле поставени на приземје.

Бараме да се провери и Избирачкиот список со гласачите од дијаспората. Додека беше отворен избирачкиот список на увид, од наша страна беше забележано, гласачи што беа пријавени на списокот од дијаспората и на кои им беше прифатена апликацијата, истите сѐ уште се наоѓаа во овој список. Исто така, постои сомневање дека постоеле сериозни недостатоци во процедурата при отворање на Избирачкиот список од дијаспората во текот на првиот ден, што на секој час се пријавуваа точно по 50 лица.

ИМ 1120 с. Отља, Липково – Во својство на партиски набљудувач присуствуваше заменик премиерот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Пешевски, каде отворено, пред присутните во Избирачкото место, агитираше за неговата партија и коалицискиот партнер ДУИ, а со потсмевање на опозицискиот лидер Зоран Заев. Тој често бараше мислење од присутните за тоа кој ќе победи во албанскиот кампус и дека ќе се кладел дека нивниот коалициски партнер ќе оствари тесна победа.

Tags: барањаДИКзлоупотребиизбориМакедонијанерегуларностипрес конференцијаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ