• Latest
Фото: Принтскрин

САД започнаа нови напади во Јемен, Британија му се закани на Иран

January 13, 2024

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

САД започнаа нови напади во Јемен, Британија му се закани на Иран

January 13, 2024 10:44
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5
Фото: Принтскрин

Фото: Принтскрин

Share on FacebookShare on Twitter

САД извршија нови напади врз цели на Хутите во Јемен, еден ден откако првиот удар предизвика масовни протести во главниот град на Јемен.

„Нападот извршен од УСС Карни рано утринава беше насочен кон радарска локација на бунтовниците Хути во Јемен и беше дополнителна акција на целта поврзана со вчерашните напади, преземени да ја деградираат способноста на Хутите да напаѓаат бродови“, објави американската војска во соопштението на платформата Х.

At 3:45 a.m. (Sana’a time) on Jan 13., U.S. forces conducted a strike against a Houthi radar site in Yemen. This strike was conducted by the USS Carney (DDG 64) using Tomahawk Land Attack Missiles and was a follow-on action on a specific military target associated with strikes… pic.twitter.com/YE5BKJLGBv

— U.S. Central Command (@CENTCOM) January 13, 2024

„Дополнителните удари беа значително помали отколку претходната ноќ, кога беа погодени речиси 30 локации“, изјави американски претставник за Си-Ен-Ен.

Официјалните медиуми на милитантите поддржани од Иран претходно објавија дека била нападната воздухопловната база Ал Даилами во главниот град Сана, кој е под контрола на бунтовниците. Претходно вчера, директорот на Здружениот Генералштаб на САД, генерал-полковник Даглас Симс, изјави за новинарите дека Хутите лансирале противбродска балистичка ракета како одмазда за нападите во четвртокот вечерта, но таа не го погодила пловилото.

„Сите американско-британски интереси станаа легитимни мети за Хутите по нападот“, рече Врховниот политички совет на бунтовниците, додека Хусеин ал-Ези, заменик-министер за надворешни работи на бунтовниците, рече дека САД и Велика Британија мора „да се подготват да платат висока цена“.

Пет лица загинаа, а шест се повредени во офанзивата во четвртокот вечерта, за која Хутите вчера соопштија дека била насочена кон 73 локации во главниот град Сана, околу пристанишниот град Ходеида и три други региони.

Велика Британија и САД ги бранеа нападите, кои означија голема ескалација во блискоисточната криза, предизвикана од војната меѓу Израел и Газа, но беа осудени од регионалните лидери за поттикнување тензии во и онака нестабилната клима.

Хутите во Јемен се поддржани од Иран, а САД го обвинија Иран дека е „длабоко вклучен во планирањето на операциите против трговските бродови во Црвеното Море“, што траат од ноември минатата година.

Британскиот министер за одбрана Грант Шапс синоќа упати предупредување до лидерите во Техеран.

„Морате да ги натерате бунтовниците Хути и другите кои дејствуваат како ваши полномошници, на пример либанскиот Хезболах и некои организации во Ирак и Сирија, да престанат и да се откажат бидејќи нам, на светот, ни се намалува трпението. Гледаме што правите. Гледаме како го правите тоа, особено Хутите, и ништо добро не може да произлезе од тоа“, изјави Шапс за Дејли Телеграф.

Г. Т.

Tags: БродовиЈеменнападиСАДХутиЦрвено Море
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ