• Latest

ДИК прифати само еден приговор, ВМРО-ДПМНЕ тврди дека и тоа е незаконски!

December 18, 2016

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ДИК прифати само еден приговор, ВМРО-ДПМНЕ тврди дека и тоа е незаконски!

December 18, 2016 18:04
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија во саботата, по неколкудневна, макотрпна работа зад барикади, заштитувана од полициски специјалци, под притисок на толпата демонстранти на улицата пред објектот на некогашна „Нова Македонија“, конечно, прифати само еден приговор на Беса, два приговора беа повлечени од поднесувачот – СДСМ, а останатите 13 беа одбиени. Но, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ објави проглас дека „ДИК донела незаконски одлуки со цел изигрување на изборната волја на народот“, а лидерот Никола Груевски, пред демонстрантите најави дека доколку Управниот суд не ја исправи одлуката на ДИК, „ВМРО-ДПМНЕ нема да ги признае резултатите од тоа прегласување и нема да учествува во прегласувањето“.

Незадоволните од одлуките на ДИК имаат 24 часа да поднесат жалби до Управиот суд, кој има рок од 48 часа да донесе одлука и да ги официјализира резултатите на предвремените парламентарни избори одржани на 11-ти декември.

Со тоа, одговорноста е префрлена пред Управниот суд, а по говорот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски пред демонстрантите кои три дена, според нивните изјави, ја „бранеа Македонија“ и „волјата на народот“, може да се очекува, „спонтаните“ демонстрации, да продолжат и пред судот.

Вчера, со четири гласа „за“ и со четири „против“, зашто членот на ДИК од ДУИ се иззема од гласањето, по целодневна расправа, попречувана од скандирањето на демонстрантите, беше одбиен и последниот приговор на СДСМ за избирачкото место 2011 во Теарце, иако партијата тврдеше дека изнесеното гласачко ливче од Избирачкото место, било искористено за „бугарски воз“.

dik-pauza1

Така, ДИК со 6 гласа „за“ и 3 гласа „против“, го прифати само приговорот на Беса за неправилности при гласањето на избирачкото место 0396/1 во Гостивар, каде граѓанката Фатиме Сулејмани не можела да го искористи своето право на глас затоа што претходно некој веќе гласал во нејзино име, што беше и докажано со графолошко вештачење.

Прегласувањето на ова Избирачко место може да го смени конечниот резултат за освоени пратенички места во Собранието од Избирачката единица 6, зашто разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е „тесна“, околу 300 гласа.

По ваквата разврска, реагираше владеачката партија.

„Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на седница донесе проглас, во кој се вели дека ДИК донесе незаконски одлуки, со цел изигрување на изборната волја на народот, а работата на ДИК се претвори во пародија“, им порача Никола Груевски на своите приврзаници кои вршеа притисок врз ДИК со неколкудневните протести, скандирања и закани. Според него, „незаконските одлуки на ДИК“ може да ги исправи Управниот суд, кого го повика да не дозволи да трпи влијание од никого.

Груевски се закани дека „доколку и Судот ги потврди незаконските одлуки на ДИК, ВМРО-ДПМНЕ нема да ги признае резултатите од тоа прегласување и нема да учествува во прегласувањето!“

 

Tags: БесаВМРО-ДПМНЕДИКнепризнавање на резултатитепрегласувањеприговорипрогласСДСМУправен суд
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ