• Latest
Славјанка ПетровскаФото: Цивил / Архива

Петровска: Формирање на нови политички партии е одлика на плурализмот

January 18, 2024

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петровска: Формирање на нови политички партии е одлика на плурализмот

January 18, 2024 13:41
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Славјанка ПетровскаФото: Цивил / Архива

Славјанка ПетровскаФото: Цивил / Архива

Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ ќе понуди концепт и програма за претстојните избори и за активностите во идната влада. Основање на која било политичка партија во земјава базирани на демократските вредности е за поздравување, а тоа е одлика и на плурализмот, оценува министерката за одбрана Славјана Петровска, која е и член на ЦО на владеачката СДСМ.

-Секое основање на која било политичка партија во Република Северна Македонија чии основи за формирање се црпат од демократските вредности, она што го споделуваме сите ние заедно е за поздравување, зборувам за сите политички партии. Формирање на нови политички партии е одлика всушност и на плурализмот. Во поглед на тоа дали СДСМ стравува од одлив на гласови од која било политичка партија мислам дека во периодот кој претстои, особено во изборната кампања и за претседателските и за парламентарните избори имаме доволно простор да соопштиме и уште еднаш да потсетиме што се’ изминатиов период беше направено, она што е интересно, она што е важно за граѓаните. Меѓутоа, исто така, уште поважно е да понудиме концепт, да понудиме програма за тоа како ќе настапиме и на изборите, како и што ќе правиме и во идната влада, рече Петровска на новинарско прашање дали СДСМ стравува од губење гласови по најавата од градоначалничката на Скопје Данела Арсовска веднаш по нејзиното претставување за нов претседател на Нова Алтернатива, за отцепување од коалицијата на СДСМ.

Прашана за коментар за присуството на генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ на партиската конвенција на Нова Алтернатива на која беше промовирана Арсовска за нов претседател на партијата, Петровска рече дека тоа е дел од политичката култура.

-Тоа е одлука на партијата и партијата ако добила покана мислам дека кој било претставник на партијата треба да удостои формирање на политичка партија, доколку принципите на формирањето на таа партија, се разбира, се демократски и она што сите ние го споделуваме – европските вредности за државата, напредокот на државата. И тоа присуството на основање на партија не значи по дефиниција веднаш дека ќе се направи коалиција или дека ќе има некаква соработка. Едноставно, тоа е дел од политичката култура, кажа Петровска пред учеството на трибината на Сојузот на борци по повод 80 години од ослободувањето на градовите – државата, на која учествува заедно со минитерките за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.

Tags: АрсовскаизборипартииПетровскаСДСМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ