• Latest

ВМРО-ДПМНЕ се прашува кој им се заканува на дипломатите?!

December 23, 2016
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Протести во Франција: Образовната криза ги продлабочува судирите меѓу средношколците и власта

October 9, 2026

Банките доминираат на Берзата, каде е остатокот од економијата?

October 9, 2026
фото: ВИ

Државата повторно се задолжи за 150 милиони евра – сметката ќе ја плаќаат граѓаните

October 9, 2026
Ен Карсон (фото извор: Википедија)

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026
Доналд Трамп, 5 октомври 2026, Небраска

(ВИДЕО) Остри реакции на „поканата“ на Трамп до Иран: „Нека го уништат Лос Анџелес, нека го уништат Сан Диего“

October 8, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Два дена, 52 загинати, убиени и пет деца – руски терор во Украина: Прилуки и Краматорск

October 8, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Буџетот не е чекмеџе од кое само се вади, мора и да се става во него

October 8, 2026
Средба Муцунски и Петрова-Чамова, мај 2026 (фото: МНР)

Муцунски и Петрова-Чамова во Софија: Што (не) може да се очекува?

October 8, 2026
Фото: ЦИВИЛ Медиа

На зборови сите се „за“ повисок минималец – но никој не го зголемува

October 8, 2026
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ се прашува кој им се заканува на дипломатите?!

December 23, 2016 16:04
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Споделувајќи ја загриженоста на Европската комисија, ВМРО-ДПМНЕ јавно прашува кој и како им се заканувал на меѓународните преставници во Република Македонија и да се посочи конкретен пример за тоа“, се вели во соопштението на Центарот за комуникации на партијата, објавено во дел од провладините медиуми.

„ВМРО-ДПМНЕ осудува говор на омраза и повици за насилство, и тоа треба да го направат и сите останати политички чинители. Споделувајќи ги демократските вредности, очекуваме допрецизирање и појаснување за таквите наводи, со цел надлежните институции поефикасно да превенираат такви случаи“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата и во претходното соопштение го осуди објавувањето и ширењето на некролози за меѓународните претставници во Македонија, оценувајќи дека „ваквиот акт е целосно неприфатлив и недозволен и во иднина мора да сопре“ и побара од надлежните органи да преземат соодветни мерки.

jomzxfg

Откако Европската комисија вчера „цврсто ја осуди секоја запаллива и опасна реторика, како и таргетирање на претставниците на меѓународната заедница во Скопје“, и потенцираше дека опасната реторика ја поместува Македонија уште подалеку од евроатлантскиот пат, денес реагираше и Синдикатот на македонската дипломатија, кој во соопштението наведе примери кога државни функционери „отворено ги навредуваат, омаловажуваат, па дури им се закануваат на странските претставници што беа инволвирани во ‘Пржинскиот договор’, инаку уредно потпишан и од политичката партија на која тие функционери припаѓаат“.

Откако поранешниот посредник во Договорот за Пржино, Питер Ванхојте реагираше на објавувањето на идентитетот на претставничката на СДСМ во Избирачкиот одбор на спорното избирачко место во Теарце, директорот на Државниот архив Филип Петровски, истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ, му одговори: „Средете си ги работоите во вашата држава која во моментов е легло на ИСИС, а пред 100 години, држава која организираше масовни убиства во Африка. Седете си дома, доста ни е од вас!“.

15592378_10209818131923969_1192264905_n

Филип Петровски и Питер Ванхојте

Петровски со зурли и тапани во фон, пред објектот на ДИК, отворено му се закани и на неименуван амбасадор, кому му упати „личен поздрав“: „Не ги закрвувај односите на двете држави, одлични се и ги градиме четврт век, Ти си, и онака, на заминување, ќе дојде нов амбасадор кој ќе ја почитува повеќе Македонија. Тргни се од ДИК, не им давај сила да прават немири, не ни треба нов Таксим и нов Киев! Во Македонија победи македонскиот народ! И немој да го провоцираш веќе!“

bli

Еден од провладините портали, пишувајќи за тој настан, го објави текстот со наслов „Амбасадата еднаш гореше, Бејли исплашен дека може да се случи и втор пат!“, во кој го „дообјасни“ Петровски.

Tags: амбасадиВМРО-ДПМНЕДИКИСИСФилип ПетровскиЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ