• Latest

ВМРО-ДПМНЕ и Левица во тесна предизборна националистичка битка во Чашка, на сметка на децата – жртви на политиката

January 25, 2024
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ и Левица во тесна предизборна националистичка битка во Чашка, на сметка на децата – жртви на политиката

January 25, 2024 12:51
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Учебната година во општина Чашка продолжи исто како што заврши – со инциденти и бојкот на наставата. ЦИВИЛ со внимание и загриженост ги следи настаните поврзани со инцидентите во општина Чашка, при што во неколку наврати реагирала полицијата, кога група граѓани се обидоа физички да ја нападнат, односно да ја линчуваат директорката на основното училиште „Тодор Јанев“, Елена Николова, бидејќи се против отворање паралелка на албански јазик.

Меѓутоа, демонстрантите во Чашка не се само против отворање паралелка на албански јазик, туку не ги сакаат ниту медиумите кои известуваат на албански јазик. Новинарска екипа на телевизија Алсат на 24 јануари 2024 била нападната и грубо спречена да ја врши својата работа за време на протест пред Општина Чашка.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски на 23 јануари 2024 година одржа состанок со родителите на учениците, жителите на Чашка во просториите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ пришто ги поттикна да продолжат со бојкотот на наставата.

Утредента, на 24 јануари, (денот кога беше нападната екипата на Алсат), пратеникот Здравковски се пофалил дека е на првиот ред и дека ги координира протестите во Чашка.

Плодно тло за собирање политички поени и ширење национализам во Чашка најде и опозициската партија Левица, односно пратеникот Борислав Крмов и советникот во општина Велес, Димитар Абрашев, на (23.01.2024) учествуваа на протестот во Чашка кои заедно со жителите се борат, како што велат од партијата, „против великоалбанската агенда“ и притоа се судрија со полицијата недозволијќи и на директорката на ООУ „Тодор Јанев”, Елена Николова да влезе во училиштето.

Паратеникот на Левица, Борислав Крмов, на протест против отварање паралелка на албански јазик во Чашка / 23.01.2024

Редакцијата при медиумската платформа на ЦИВИЛ ја отвори темата со панел дискусија на 14 декември 2023 година, насловена: Ослободи го умот: Чашка – предизборни националистички сценарија, во која претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, истакна дека одредени политички ентитети, во недостаток од политичка понуда за подобар живот на граѓаните, ќе понудат национализам. Исто така ќе обработуваат за Кремљ против нашиот евроски пат.

Дерала најави и дека во овој предизборен период може да се очекува пораст на меѓуетничките тензии кои ќе ги предизвикаат политичките ентитети во нашата земја, во обид да добијат политички поени, односно да ја мобилизираат гласачката машинерија која има националистички ставови и пристапи кон процесите на нашата земја.

„Тие ќе се обидат да внесат немир и страв во јавноста, меѓу луѓето. На тој начин, тие ќе придонесат и кон одбивање дел од гласачите, односно ќе работат на тоа да се намали излезноста на гласачите, бидејќи луѓето ќе бидат исплашени да излезат да го дадат својот глас, за разлика од политичките ентитети кои имаат дисциплинирана гласачка машинерија“, вели тој.

Дерала додаде и дека случајот Чашка нема само изборен контекст, туку и дека треба да се гледа и во контекст на безбедноса и стабилноста на нашата земја, особено во поглед на евроатлантските интеграции.

Новинарот Зоран Иванов рече дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски, со својот потпалувачки, националистички и предизборен говор, (на 24 ноември 2023 година) всушност се обиде да стане „херој на хероите на националистичкиот коњ“.

„Ова е класична политизација на група родители и класична злоупотреба на родителите и учениците за политички цели. Овој потпалувачки говор на Здравковски нека му служи на чест! – рече Иванов.

ВМРО-ДПМНЕ и Левица водат тесна предизборна начионалистичка битка кој да ги добие гласови во Чашка, на сметка на децата кои станаа жртви на политиката.

ЦИВИЛ уште еднаш апелира до родителите да им кажат на политичарите дека не се пожелни такви идеи, бидејќи Македонија е цивилизирана, демократска, европка држава со свои соништа. Насилството треба решително да се отфрли, а институциите да се охрабрат да го спроведат словото на законот.

Дехран Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ