• Latest
Остатоци од паднатиот руски авион Ил 76 во регионот Белгород / Фото: Укринформ

Руска пропаганда и провокација: Москва без конкретни докази за тврдењето дека десетици украински заробеници загинале при падот на Ил-76

January 27, 2024
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на Sky News Australia

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц му вети на Зеленски засилен притисок врз Москва и проширена одбранбена соработка

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Руска пропаганда и провокација: Москва без конкретни докази за тврдењето дека десетици украински заробеници загинале при падот на Ил-76

January 27, 2024 16:09
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПРОПАГАНДА, СВЕТ, ТОП 5
Остатоци од паднатиот руски авион Ил 76 во регионот Белгород / Фото: Укринформ

Остатоци од паднатиот руски авион Ил 76 во регионот Белгород / Фото: Укринформ

Share on FacebookShare on Twitter

Збунетостa и конфузијата околу наводно загинување на  десетици украински воени заробеници продолжува и неколку дена откако рускиот воен авион Ил 76 се урна во рускиот регион Белгород во близина на украинската граница.

Неизнесувањето конкретни докази, сугерира дека е сосема можно, како и многу пати досега, да се работи за руска пропаганда и провокација. Како што објави вчера ЦИВИЛ МЕДИА, властите во Кремљ сé уште не изнесоа конкретни докази за тврдењето дека  Украина го собори авион со свои заробеници, особено откако само пет тела беа донесени во мртовечницата во Белгород по мистериозната авионска несреќа на рускиот Ил-76, додека некои украински заробеници кои наводно биле во авионот веќе биле разменети претходно

Според извештајот на Институтот за проучување на војната (ISW) неколку руски и украински извори забележале дека барем еден од наводните заробеници од списокот со 65 имиња кој го објави руската ТВ-новинарка Маргарита Симонјан, која се смета за жесток пропагандист на Путин, веќе бил разменет во претходна размена на заробеници на 3 јануари и се вратил во Украина.

Исто така, комесарот за човекови права на украинскиот парламент Дмитро Лубинец во изјава дадена за Sky News вели дека на списокот на украински воени заробеници кои наводно биле „во соборениот авион ИЛ-76“, објавен од руските пропагандисти, се наоѓаат имињата на луѓето кои претходно биле разменети.

„Да, на овој список ги најдовме граѓаните на Украина кои претходно биле веќе разменети“, изјави Лубинец.

Дополнително, како што објави денес Кијив Индипендент, украинските власти се сретнаа со роднините на заробениците за кои Русија тврди дека биле во урнатиот Ил-76, и велат дека нема докази што го потврдуваат тоа.

На 26 јануари, Усов, началникот на украинското воено разузнавање (ХУР), Кирило Буданов, и други воени и полициски службеници се состанаа со роднините на воените заробеници споменати во списокот. Откако ги погледнале видеата наводно од местото на несреќата објавени од руска пропаганда, членовите на семејството „не виделе посебни знаци на фрагментите од телото што би укажале дека тоа се нивни роднини“.

„Ги собираме и темелно ги анализираме сите достапни информации за ова прашање од многу извори. Засега нема информации дека авионот можел да превезе толку многу луѓе“, истакна Буданов.

Тој рече дека верзијата на Москва дека 65 украински заробеници можеле да бидат на одборот на Ил-76 за размена „се уште покренува многу прашања“.

Претставниците на штабот ветија дека ќе ги известат роднините за судбината на заробениците штом имаат веродостојни информации.

Она што дополнително фрла сомнеж на вистинитоста на руските обвинувања , е фактот дека Москва сè уште не ги пренела информациите за падот на рускиот транспортен авион Ил-76 до Меѓународниот комитет на Црвениот крст за истрага.

Драган Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Белгородска областВојна во Украинаруска пропаганда и дезинформациисрушен руски Ил 76
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

    Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ