• Latest

Прелиминарен извештај на ЦИВИЛ за прегласувањето во Теарце

December 25, 2016

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Прелиминарен извештај на ЦИВИЛ за прегласувањето во Теарце

December 25, 2016 22:53
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Прегласувањето на избирачкото место 2011 во општина Теарце заврши. Неофицијално, СДСМ освои 245 гласови, ВМРО-ДПМНЕ – 149, ДПА – 1, ДУИ – 1, Алијансата на Албанците – 1, ВМРО за Македонија – 2. Имаше 3 неважечки ливчиња. Гласа вкупно 402 гласачи.

Овој ден беше мирен, иако тензичен. Нотирани се повеќе нерегуларности во текот на изминатите денови и на самиот ден на прегласувањето.

Забележливо беше огромното присуство на полицијата, медиумите и претставници на граѓанското општество, домашни и странски набљудувачки мисии, како и голем број високи партиски претставници.

Набљудувачите на ЦИВИЛ – Центар за слобода беа присутни во општината уште во првиот час по одлуката на Управниот суд за прегласување на ова избирачко место.

Во текот на изминатите денови, беше особено забележливо дека во функција беше ставена операцијата „поткуп на гласачите“, со цел да се намали излезноста на гласачите за кои се претпоставувало дека ќе гласаат за опозицијата. Наспроти обидите на одредени медиуми да ги дисквалификуваат информациите на ЦИВИЛ за поткуп на гласачите, конечно се потврдени овие случаи и со соопштението на МВР во 14:30 часот денеска, според кое за две лица е покрената постапка за ова дело.

Набљудувачите на ЦИВИЛ – Центар за слобода дојдоа и до неофицијални податоци дека околу 40 лични карти на гласачи во Теарце им биле вратени во текот на денешниот ден на прегласување во избирачкото место 2011.

Набљудувачите на ЦИВИЛ го набљудуваа прегласувањето на избирачкото место 2011 во Теарце од 6:30 часот. Изборниот материјал на избирачкото место не бил среден на време, но бил целосен. Гласањето било овозможено во неколку минути по 7 часот.

УВ ламбите биле неисправни. Првата се расипала во 8:30 часот утринава, додека втората се расипала во 8:55 часот, за во 9:05 да се утврди дека тие, сепак, работат. Осум или повеќе гласачи биле вратени во периодот кога УВ ламбите наводно не работеле. Чудно е тоа како токму овие две ламби не работеа денеска. Се работи за едно избирачко место!

Според извештаите на набљудувачите на ЦИВИЛ – Центар за слобода кои го следеа прегласувањето во избирачкото место 2011 во Теарце, членовите на Избирачкиот одбор биле во постојана телефонска комуникација. Во периоди кога нема гласачи во избирачкото место, тие постојано го листале и проверувале Избирачкиот список.

ЦИВИЛ јавно ги потсети членовите на ИО дека споделувањето информации со партиски штабови и мобилизација на гласачи е спротивно на законот и на изборните процедури.

Избирачкиот одбор на избирачкото место 2011 во Теарце ги побара и ги задржа овластувањата на набљудувачите на ЦИВИЛ, спротивно на процедурата.

Бројните новинарски екипи дополнително придонесуваа за хаотичната слика на избирачкото место 2011 во Теарце. Комуникацијата меѓу Избирачкиот одбор и новинарските екипи на моменти беше на висок тон, а камерманите и фоторепортерите ги фотографираа и снимаа буквално, сите гласачи поединечно. Според набљудувачите на ЦИВИЛ, неколку граѓанки и граѓани се пожалиле дека им е непријатно да бидат под толкаво медиумско внимание.

Член на Избирачкиот одбор со висок тон се обратил кон новинарите и ги избркал од избирачкото место, иако тоа, се чини, не важело за една телевизија со национална концесија.

Избирачкиот одбор бил немоќен да му помогне на еден гласач кој не бил пронајден на Избирачкиот список, иако претходно го имало на онлајн верзијата.

Забележливо беше зголеменото присуство на полициски сили во Теарце, каде што се прегласува избирачкото место број 2011. Полицијата се однесуваше професионално и коректно, а зголеменото присуство беше со цел да се обезбеди правото на глас и законитоста на процесот.

Tags: изборимониторингТеарцеЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ