• Latest

Албански медиуми: Албанското собрание исклучи 19 пратеници од ДП; договорот Рама-Мелони помина во Уставниот суд; О’Брајан повика на одговорност од Србија за Бањска

January 30, 2024
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
European Union, 2023 - Source: EP - Laia Ros

Меѓу домашните слабости и европските преседани: Што навистина значи извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија?

June 17, 2026
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Албанското собрание исклучи 19 пратеници од ДП; договорот Рама-Мелони помина во Уставниот суд; О’Брајан повика на одговорност од Србија за Бањска

January 30, 2024 08:45
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Секретаријатот за етика во Парламентот на Албанија донесе одлука за исклучување на 18 пратеници на ДП од пленарни седници на 10 дена и заменикот Ервин Салијањи на 20 дена, поради блокирање на работата на Собранието, известија албанските медиуми.

Специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави за Балканот Џејмс О’Брајан повика на одговорност од Србија за инцидентот во Бањска, пренесуваат косовските медиуми.

Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Репортери: 19 пратеници на ДП се исклучени од Собранието на Албанија

Секретаријатот за етика во Парламентот на Албанија донесе одлука за исклучување на 18 пратеници на ДП од пленарни седници на 10 дена и заменикот Ервин Салијањи на 20 дена.

Социјалистичката партија претходно побара исклучување на 19 пратеници на ДП кои ја блокираа работата на Собранието на Албанија и на Специјалната комисија за изборни реформи.

Во писмото упатено до Секретаријатот за етика, се наведува дека пратениците од опозицијата го блокирале зборот, со бучни уреди направиле хаос во салата, кршејќи го и попречувајќи го уредниот развој на седницата, пренесува Репортери.

НОА: Уставниот суд ја одобри  одлуката за договорот на Албанија со Италија за имигрантите

Уставниот суд ја одобри одлуката во врска со договорот за имигрантите направен меѓу Италија и Албанија. Според судот, овој договор е во согласност со Уставот.

Одлуката за договорот со Италија за сместување илегални имигранти беше донесена на третата седница одржана по ова прашање со тесна разлика од 5 гласа „за“, од вкупно 9 членови на Уставниот суд.

Во соопштението дистрибуирано до медиумите, Судот тврди дека договорот не поставува територијални граници, ниту го менува територијалниот интегритет на Република Албанија, пренесува НОА.

КОСОВО

Бота Сот: О’Брајан бара Србија да бара одговорност од напаѓачите во Бањска

Специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави за Балканот Џејмс О’Брајан повика на одговорност од Србија за инцидентот во Бањска.

Тој рече дека треба да има законска одговорност за лицата инволвирани во вооружениот напад во кој беше убиен полицаецот Африм Буњаку.

О’Брајан, исто така, ја нагласува силната американска поддршка за дијалогот меѓу Косово и Србија, олеснет од Европската унија, и ги цени посетите што шефот на дипломатијата на ЕУ, Мирослав Лајчак, ги остварува во регионот, во посета на главните градови  Приштина и Белград, пренесе Бота Сот.

ВОА: Израел најави  укинување на визите за граѓаните на Косово

Амбасадорката на Израел во Косово, Тамара Зив, во понеделникот објави дека израелската влада одлучила да го одобри договорот за укинување на визите за косовските граѓани.

Амбасадорката  Зив во соопштение преку социјалните мрежи рече дека двете надлежни министерства ќе продолжат со процедурите за потпишување и граѓаните ќе бидат известени веднаш штом стапи во сила одлуката.

Се надевам дека овој посебен историски момент во нашите билатерални односи дополнително ќе ја промовира растечката соработка меѓу нашите земји и ќе ги зближи нашите граѓани“, напиша амбасадорката Зив, пренесе ВОА.

КОЛУМНА

Газета Експрес: Динарот не е дел од дијалогот

„Точно е дека започнувањето со имплементација на регулативата од почетокот на февруари може да предизвика проблеми за косовските Срби. Досега се плаќаа во динари.

Парите се носеа  од Србија во Косово преку граничниот премин Јариње, како најблизок премин до Лепосавиќ, каде што се наоѓа трезорската канцеларија на Банката на Србија. Овој примитивен начин на внесување пари во Косово мора да заврши, но мора да се најдат алтернативи како понатаму.“, пишува авторот Имер Мушколај во колумната „Динарот не е дел од дијалогот“, објавена во Газета Експрес.

Подготви: Д. Тахири

 

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ