• Latest

Албански медиуми: ЕУ ги повика Србија и Косово да постигнат договор пред изборите во САД и ЕУ; економијата во Албанија изградена врз загадување на животната средина; Динарот како следен предизвик за нормалноста

January 31, 2024

24 ЧАСА: Обвинителниот акт за случајот „Онкологија“ одобрен во целост; нема да има промена на цената на струјата; Русија се приближува до 1 милион жртви во војната; САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ: За 4-та економија во Европа

June 5, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали треба да гласа дијаспората?

June 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

Задржани под закана со оружје: Тимот на Би-Би-Си приведен од израелските сили во јужна Сирија

June 5, 2025
фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Граѓаните бараат една изборна единица и пофер изборен модел: Дијаспората надвор од гласачките кутии?

June 5, 2025

Додик повторно без проблеми премина граница, овој пат до Будимпешта

June 5, 2025
Фото: Скриншот МИА

Салиу: Лично со душа и со срце тврдам, дека немам апсолутна вина за пожарот во Кочани

June 5, 2025
Украинските сили започнаа ракетен напад насочен кон концентрација на руски ракетни трупи во руската област Брјанск на 5 јуни 2025 година. Фото: Скриншот од видео на Генералштаб / Телеграм

Украинските сили ја нападна руската ракетна база во Брјанската област, уништувајќи и оштетувајќи лансери „Искандер“

June 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американските Евреи се плашат за својата безбедност по насилните антисемитски напади во САД

June 5, 2025
Фото: МОН

Јаневска: Новата Национална стратегија треба да обезбеди дигитални вештини и компетенции кои ќе одговорат на глобалните промени

June 5, 2025

Клековски: Одговорно тврдам дека имаме капацитет за лекување на пациентите од трагедијата во Кочани

June 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: ЕУ ги повика Србија и Косово да постигнат договор пред изборите во САД и ЕУ; економијата во Албанија изградена врз загадување на животната средина; Динарот како следен предизвик за нормалноста

January 31, 2024 11:31
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Претставникот на Европската унија за Западен Балкан, Мирослав Лајчак,  во вторникот ги повика Косово и Србија да ги забрзаат напорите за нормализирање на нивните односи пред двата важни меѓународни избори, пренесуваат косовските медиуми.

Во опширна анализа на Дојче Веле на албански јазик се наведува дека Албанија има највисока стапка на смртност во регионот, на 100.000 жители, како резултат на изложеност на озон, пренесоа албанските медиуми.

Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми.

КОСОВО

Клан Косова: Лајчак побара од Косово и Србија да постигнат договор пред изборите во ЕУ и САД

Претставникот на Европската унија за Западен Балкан во вторникот ги повика Косово и Србија да ги забрзаат напорите за нормализирање на нивните односи пред двата важни меѓународни избори.

Мирослав Лајчак се сретна со претседателката на Косово Вјоса Османи, премиерот Албин Курти и други официјални претставници во Приштина, по посетата на Белград претходниот ден, пренесе Клан Косова.

Репортери: Се бара притвор за двајцата функционери од Основниот суд во Приштина, кои беа уапсени поради злоупотреба на службената положба

Приштина- Основното обвинителство во Приштина до Основниот суд во Приштина поднесе барање за определување мерки притвор на Д.Х и И.И., службеници во Основниот суд во Приштина, осомничени за „Злоупотреба на службената должност“.

Веста ја потврди Лаурета Улај, портпарол на Основното обвинителство во Приштина.

Обвинителството поднесе барање за определување мерка притвор за двајцата обвинети, поради злоупотреба на службената должност“, рече Улај, пренесе Репортери.

Коха – МКГ: Ако не Заедница, засегнатите да најдат  други алтернативи

Европската унија треба да преземе четири активности за да ја олесни динамиката на дијалогот меѓу Косово и српското население, заклучи Меѓународната кризна група (МКГ) во извештајот објавен во вторникот насловен „Кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија“.

Меѓу главните, се вели дека доколку не се најде решение за Заедницата на општините со српско мнозинство, ЕУ треба да изврши притисок за други алтернативи, објави Коха.

АЛБАНИЈА

ДВ – Албанија: Да вдишуваш смрт! Економија изградена врз загадување

Според Европската агенција за животна средина, „Албанија има највисока стапка на смртност во регионот, на 100.000 жители, како резултат на изложеност на озон“, што се создава од комбинацијата на штетни гасови што ги испуштаат возилата од нецелосно согорување на гориво или квалитетот е слаб, во денови со многу високи температури.

Според податоците на истата институција, во периодот 2017-2021 година во Албанија животот го загубиле 5.410 лица, како резултат на долготрајна изложеност на ПМ2,5 и азот диоксид и краткорочна изложеност на озон, се наведува во опширната анализа на Дојче Веле на албански јазик.

Телеграфи: Специјалното обвинителство во Албанија заплени 1 милион евра од граѓанин под истрага за повеќе кривични дела

Специјалното обвинителство на СПАК соопшти дека запленило имоти вредни околу 1 милион евра, за кои постои сомнеж дека незаконски ги пласирал поранешниот началник за операции во Државната полиција, Олтион Бистри, опфатени во досието „Метаморфоза“, пренесе Телеграфи.

КОЛУМНА

Коха: Динарот како следен предизвик за нормалноста

„Нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија, повеќе отколку со нацрт-договор, потпишан или не, се реализира од еден во друг кризен циклус. „Динарската криза“ ја има истата димензија, премин од нормалност на четврт- вековна инерција во сосема поинаква нормалност за српските граѓани на Косово.

И овој предизвик ќе бара добра волја од владите на двете земји, Косово и Србија, да изнајдат решение кое ќе обезбеди благосостојба на овие граѓани.“, пишува публицистот Ветон Сурои во колумната „Динарот како следен предизвик за нормалноста“, објавен во Коха.

Подготви: Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Tags: албански медиумиизборрегион
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ