• Latest
Фотомонтажа; Д. Мишев / ЦивилМедиа

Руската пропаганда шири апсурдни фалсификати по разрешувањето на Залужни

February 17, 2024

Владата отвора директна телефонска линија за барањата и потребите на повредените во пожарот во Кочани

June 7, 2025

Во Газа Курбан Бајрам се одбележа под урнатини, без храна и под Израелски напад во кој загинаа 42 лица

June 7, 2025

Трамп го повика Врховниот суд да дозволи масовни отпуштања во Министерството за образование

June 7, 2025
По Дејтонскиот договор - кантонизација на БиХ

Пирс: Во Босна и Херцеговина, оружјето секогаш ѕвечка и тоа треба внимателно да се следи, Додик отиде во спротивна насока

June 7, 2025
Харкив, 25 мај 2024

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Најголем руски напад со дронови го погоди Харкив, најмалку три лица загинати меѓу кои и новороденче

June 7, 2025
Пожар што избувна по нападот со руски дрон во предградието на Харкив, Украина, преку ноќ на 26 мај 2025 година. Фото: Државна служба за вонредни ситуации

Масовен руски напад врз Украина неколку дена по нападите на воздушните бази

June 7, 2025

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

June 6, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Москва е подготвена да му даде азил на Маск ако затреба поради расправијата со Трамп

June 6, 2025
Фото: МИА

Кошта посочи дека ЕУ ќе го казни Израел за војната во Појасот Газа

June 6, 2025
Фото: Скриншот

Белградскиот Основен суд ја отфрли иницијативата за лишување на Вучиќ од деловна способност, но утврди елементи на кривично дело

June 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Руската пропаганда шири апсурдни фалсификати по разрешувањето на Залужни

February 17, 2024 12:59
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПРОПАГАНДА, СВЕТ, ТОП 5
Фотомонтажа; Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа; Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

По разрешувањето на Валериј Залужни како врховен командант на вооружените сили на Украина и назначувањето на Олександр Сирскиј на негово место, руската пропаганда создаде бран апсурдни фалсификати. Дезинформациите одат до таму што лажно се тврди дека поранешниот началник на украинската армија, наводно, се приклучил на Европската солидарност и повикал на државен удар.

Првата лага, според проверката на факти што ја објави Укринформ, распространета од руските Телеграм канали, ботови на платформата за социјалните медиуми Х и руските медиуми се однесува на фактот дека поранешниот началник на армијата наводно сака да ја „заврши војната“ и „испраќа сигнали“ до Русија. Пропагаторите дистрибуираат наводно свежа фотографија од Залужни, каде што тој со прстите покажува знак во форма на латинската буква „З“, што Путин го направи еден од симболите на неговата инвазија на Украина.

Ова е лажна фотографија. За уредување на фотографијата е користено графичко едитирање. Оригиналната фотографија, на која Залужни го покажува својот познат знак „V“ со задниот дел од раката, беше објавена на официјалниот Телеграмски канал на Володимир Зеленски на 8 февруари 2024 година.

Вториот фејк е за тоа дека Залужни наводно станал член на Европската солидарност, партијата предводена од политичкиот противник на Зеленски, поранешниот украински претседател Петро Порошенко. Како „доказ“, руските „z блогер“ телеграм канали објавија фотографија од партиското уверение на поранешниот началник на украинските вооружени сили, што тој наводно го добил на 12 февруари 2024 година.

И ова е лажна фотографија. Со помош на графичко едитирање, пропагандистите ја фалсификувале партиската лична карта на поранешниот министер за инфраструктура на Украина, Володимир Омелијан, која лесно се наоѓа на интернет, со промена на матичен број, датум на пристапување во партијата, полно име и фотографија.

 

На интернет лесно може да се најде и фотографијата на Залужни, која пропагандистите ја искористија за овој фалсификат. Објавен е во време кога Залужни не беше врховен командант на украинските вооружени сили. На оригиналната фотографија тој е во воена униформа.

Третиот фалсификат е лажно видео што го шири руската пропаганда за Залужни, кое се однесува на неговиот повик за воен удар. Во дип фејк, поранешниот началник на армијата ги повикува украинските војници да ги напуштат рововите и да одат во Кијив, велејќи дека веќе му се придружиле 2.000 борци.

Оригиналното видео, кое беше искористено за создавање на дип фејк, беше објавено на 6 декември 2022 година, кога Залужни ѝ го честиташе на украинската војска Денот на вооружените сили.

Исто така, услугата „АИ или Не“ за проверка на аудио генерирана од вештачка интелигенција потврди дека аудио-записот во длабокиот фејк најверојатно е вештачка интелигенција.

Валери Залужни од поодамна е еден од главните таргети на руската пропаганда, кои со лажни вести, дезинфомации, непроверени информации и манипулативни содржини се обидуваа да го деградираат тогашниот врховен командант на украинската армија, а со тоа и целото украинско раководство.

Таков е случајот и со последните неколку последователни објави на непроверени и маниулативни содржини, неколку дена пред да биде објавена смената на генералот, како непотврдената информација, лиферувана од руските медиуми ТАСС, правда.ру, РИА новости, за наводното прифаќање на врховниот командант Валериј Залужни да биде амбасадор на Украина во Обединетото Кралство, која следеше во продолжение на  предходната лажна вест за смената на Залужни, која на 30 јануари беше демантирана и од кабинетот на претседателот на Украина, и од министерството за одбрана, која побрзаа да ја објават и неколку македонски портали, познати од предходно по ревносното пренесување на дезинформации подготвени во руските пропагандни кујни.

Смената на Залужни навистина се случи дури 10 дена подоцна, на 8 февруари, кога претседателот Зеленски официјално го разреши Залужни од местото Врховен командант на украинската армија и му се заблагодари на генералот за неговата „одбрана на Украина од Русија“ од почетокот на агресијата.

Руските пропагандисти ширеа дезинформации и во обратна насока, односно, како што објави ЦИВИЛ МЕДИА на 10 ноември, тогаш и дел од македонските портали,  користејќи го како „релевантен“ извор еден од нивните омилени „аналитичари“ – Владимир Рогов од „Заедно со Русија“, ја објавија дезинформацијата пласирана од пропагандната машинерија на Кремљ дека Залужни веќе е избран да го замени Зеленски на чело на Украина.

Драган Мишев


ПРОЧИТАЈТЕ И:

Кабинетот на Зеленски демантира дека е разрешен Залужни, дезинформацијата ја пренесоа и дел од македонските портали

Претседателот Зеленски му се заблагодари на генерал Залужни, нов командант на украинските воени сили е генерал Сирски

Македонските медиуми во служба на претседателската кампања на Путин

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Валериј Залужнидип фејкруска пропаганда и дезинформации
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • РЕАКЦИИ: „Ако не влеземе во ЕУ, Коридорите 8 и 10 никогаш нема да се завршат“; „Ако му одговара на НАТО, со Британците ќе се завршат и Коридорите“

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ