• Latest
Фото: МИА

АКСИОС: Директорот на ЦИА утре ќе допатува во Париз на разговори за ослободување на преостанатите заложници во Газа

February 22, 2024
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Хипокризија

August 9, 2026

SNAFU… Сите губат, некои само побрзо

August 9, 2026

ТЕРОР: Во последните 48 часа, Одеса, Кијив и 12 области под руски напад; најмалку четворица цивили загинаа во Кијив и областа, меѓу нив и тригодишно дете

August 9, 2026

Кога протоколот ја отсликува надворешната политика

August 8, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Два залaка и чувство на сопственост

August 8, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Србија – Украина: Цената на Вучиќ

August 7, 2026
Илустрација ВИ

Безбедносно тестирање: Напредните AI модели покажаа автономно измамничко однесување, експертите бараат построга регулација

August 6, 2026

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Архива

По жестоките руски напади: НАТО работи на итна испорака на противвоздушна одбрана за Украина

August 6, 2026

Сите цистерни со сертификат, нема штета: Што покажуваат доказите за „Мазут“?

August 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

АКСИОС: Директорот на ЦИА утре ќе допатува во Париз на разговори за ослободување на преостанатите заложници во Газа

February 22, 2024 08:25
in ВЕСТИ, КОНФЛИКТИ, СВЕТ
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на ЦИА Вилијам (Бил) Брнс, се очекува утре да пристигне во Париз на разговори со катарските, египетските и израелските власти за напорите да се постигне договор за да се обезбеди ослободување на заложниците кои ги држи радикалното палестинско движење Хамас во Газа, јави информативната веб-страница Аксиос, повикувајќи се на два извори, пренесува новинаската агенција МИА.

Претставниците на администрацијата на Џо Бајден имаат за цел да склучат договор пред почетокот на Рамазан за помалку од три недели за да обезбедат привремен прекин на огнот за време на светиот месец Рамазан.

Главното прашање околу кое нема согласност е во врска со бројот на палестински затвореници што треба да бидат ослободени во замена за заложниците и методологијата за избор на поединци за почетната фаза на потенцијалниот договор во три чекори.

Инаку, Брнс претходно беше испратен лично од американскиот претседател Џо Бајден за да преговара за ослободување на заложниците во Каиро, на 13 февруари. Таму беа и шефот на израелската разузнавачка служба Мосад, Дејвид Барнеа, директорот на израелската безбедносна агенција Шин Бет, Ронен Бар, како и премиерот и министер за надворешни работи на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани. На крајот на минатиот месец, по преговорите во француската престолнина, со посредство на официјални претставници на САД, Египет, Катар и Израел беше постигнат рамковен договор. Целта беше да се олесни ослободувањето на заложниците и да се прогласи шестнеделна пауза во непријателствата.

Конфликтот во Газа започна откако исламистичката група Хамас изврши напад во јужен Израел на 7 октомври, а според израелските податоци, нејзините борци убиле речиси 1.200 луѓе, а зеле околу 250 заложници. Дел од заложниците се мртви, а дел се разменети за палестински затвореници. Се верува дека во Газа се наоѓаат уште 101 заложник.

По нападот на Хамас, Израел почна офанзива во енклавата под контрола на Хамас, а според палестинското Министерство за здравство, досега се убиени повеќе од 29.000 Палестинци.

Tags: ГазаИзраелПалестинаХамасЦИА
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ