• Latest

Албански медиуми: И по 26 години Специјалното обвинителство нема обвинение за масакрот во Преказ; КФОР мора да обезбеди безбедност пред и по „критичните избори“ на северот на Косово

March 8, 2024

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: И по 26 години Специјалното обвинителство нема обвинение за масакрот во Преказ; КФОР мора да обезбеди безбедност пред и по „критичните избори“ на северот на Косово

March 8, 2024 12:12
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Поминаа  26 години од масакрот во Преказ . Но, за настанот кој го смени текот на историјата на Косово, се уште нема обвинение, иако од Специјалното обвинителство беше кажано дека почнало истраги уште во 2019 година, пренесува „Заклетва на правдата“, пишуваат косовските медиуми.

Претстојните избори во северниот дел на Косово со мнозинство српско население претставуваат можност за силите на НАТО (КФОР) да го имплементираат постојниот мандат, заштитувајќи го интегритетот на изборите преку помагање на косовската полиција во обезбедувањето безбедност, особено имајќи го предвид ризикот од избувнување на насилство по неодамнешните тензии.

Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

ИНА: Специјалното обвинителство  26 години подоцна нема обвинение за масакрот во Преказ

Бројни српски паравоени сили го опколија семејството Јашари во Преказ, Скендерај, во 1998 година. вклучувајќи деца, жени и стари лица.

Поминаа 26 години од овој напад. Но, за настанот кој го смени текот на историјата на Косово, се уште нема обвинение, иако од Специјалното обвинителство беше кажано дека почнало истраги уште во 2019 година, пренесува „Заклетва на правдата“.

Поранешната специјална обвинителка Дрита Хајдари изјави дека во 2019 година почнале истрагите и дека се во фаза на собирање докази.

„Проверив дали случајот е отворен од ЕУЛЕКС или УНМИК или од Хашкиот трибунал и откако сфатив дека нема отворен случај, решив да отворам истрага со цел да се разјасни овој случај и кривичната одговорност за воените злосторства во овој конкретен случај“, изјави таа во медиумите.

Контактирана сега, Хајдари рече дека бидејќи повеќе не е обвинителка, нема надлежност да одговара на оваа тема.

Но, во одговор за „Заклетва на правда“, главниот обвинител на ПСРК, Блерим Исуфај, вели дека не поминало многу од официјалното отворање на истрагите, пренесува ИНА.

Перископи: КФОР мора да обезбеди безбедност на Косово пред и по „критичните избори“ на северот

Претстојните избори во северниот дел на Косово со мнозинство српско население претставуваат можност за силите на НАТО (КФОР) да го имплементираат постојниот мандат, заштитувајќи го интегритетот на изборите преку помагање на косовската полиција во обезбедувањето безбедност, особено имајќи го предвид ризикот од избувнување на насилство по неодамнешните тензии.

Лук Џејмс, експерт за човекова заштита и безбедност, во неодамнешната анализа за претстојниот изборен процес во четирите северни општини на Косово – Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток – пишува дека КФОР мора да биде подготвен да понуди безбедност во одбрана на демократските изборен процес, гарантирајќи ги трите основни слободи на човековата безбедност, пренесе Перископи.

Зери: ЦИК денеска расправа за проверка на потписите за разрешување на градоначалниците на северот

Се очекува денеска Централната изборна комисија да одржи состанок на кој ќе се разговара и за проверка на потписите за разрешување на градоначалниците во четирите општини на север.

Во дневниот ред за состанокот, кој е закажан да започне во 13 часот и 30 минути, е и точката „Извештај за проверка на претставките пристигнати до собранијата на општините Лепосавиќ, Зубин-Поток, Звечан и Северна Митровица“, пренесува Зери.

АЛБАНИЈА

Опинион: Се бара  укинување на безбедносната мерка „куќен притвор“, одложено рочиштето за Сали Бериша и неговиот зет

ЃККО повторно го одложи рочиштето за поранешниот премиер Сали Бериша и неговиот зет Jамарбер Малтези.

Следната седница се очекува да се одржи на 12 март, во 15 часот.

Адвокатите побараа време за да се запознаат со двомесечната информација што СПАК ја поднесе во судот во врска со истрагите за приватизацијата на поранешниот комплекс „Партизани“, пренесе Опинион.

КОЛУМНА

Дечанскиот манастир како пресвртница

„Регистрацијата на имотот на Манастир веќе се чини дека е пресвртница за Косово на многу начини. Секако, првото е поврзано со владеењето на правото: државните агенции мора да ги почитуваат судските одлуки, згора на тоа оние од највисоката инстанца како што се Уставниот суд и Катастарската агенција на Косово заедно со таа на Дечан, предмет на ова државно ниво, мора да ја спроведе оваа одлука.

Втората е поврзана со чувството на меѓусебна почит и правна сигурност што треба да го имаат мекосовските власти меѓу себе и братството на Дечанскиот манастир и воопшто Српската православна црква.“, пишува авторот Ветон Сурои во колумната „Дечанскиот манастир како пресвртница“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ