• Latest
Фото: МИА архива

Мицкоски ги откри носителите на изборните листи: Мисајловски, Ковачки, Николовски, Стојановска и тој самиот во Единица

March 11, 2024
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Мицкоски ги откри носителите на изборните листи: Мисајловски, Ковачки, Николовски, Стојановска и тој самиот во Единица

March 11, 2024 14:54
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Фото: МИА архива

Фото: МИА архива

Share on FacebookShare on Twitter

Во ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се уште не е познат само носителот на листа за парламентарните избори за петтата изборна единица. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски како што е познато ќе биде носител во првата изборна единица, а како што потврди денеска, во втората изборна единица прв на листата ќе биде потпретседателот на партијата Владо Мисајловски, во третата Драган Ковачки, во четвртата потпретседателот Александар Николовски, додека во шестата изборна единица Дафина Стојановска.

Мицкоски очекува набрзо да се финализираат листите за пратеници за изборите на 8 мај.

– Според планот на активностите некаде 31 март е предвиден ден за промоција на листите за пратеници. 30 март е денот кога официјално ќе се потпише коалицискиот договор, така што во рамките на овие две-три недели ќе биде се познато, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Освен прашањето за ЕУ и за тоа како земјата ќе го продолжи европскиот пат, Мицкоски вели дека за време на изборната кампања ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, како што се гледа, ќе биде насочена на нудење решенија. Политики што, посочува тој, практично ќе ги решаваат напластените проблеми на граѓаните.

Европскиот пат на Македонија е иднината на земјата и македонските граѓани, и тука не треба да има никаква дилема, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски нагласувајќи де

-Немаме намера да водиме црна кампања. Гледам дека црната кампања на СДСМ и тие коишто орбитрираат околу СДСМ не е насочена ниту кон ВМРО-ДПМНЕ, или кој било, туку директно кон мене. Јас ќе им порачам само нека продолжат нека се занимаваат со Христијан Мицкоски, ние ќе продолжиме да нудиме на граѓаните она кое што за нив е потребно, а тоа се решенија коишто значат иднина, решенија коишто ќе даваат одговор на проблемите со коишто граѓаните се соочуваат на дневна основа, пред се тука мислам проблемите во рамките на администрацијата, стандардот, слабата економска состојба, борбата со криминалот и корупцијата, владеењето на правото, проблемите со коишто се соочуваат пензионерите, земјоделците, младите, образованието, здравството итн. Ние ќе решаваме проблеми, а тие нека продолжат со црната кампања која што е насочена кон мене. Тоа само дополнително не мотивира, изјави Мицкоски на настан во скопската општина Аеродром.

ВМРО-ДПМНЕ, кажа тој, ја финализира изборната програма и денеска ќе се одржи завршниот состанок со групата која ја изработува. Имајќи предвид дека официјално кампањата за парламентарните избори започнува на 18 април, тој очекува до крајот на месецот да има и нејзина официјална промоција.

-Многу сме внимателни кога ја креираме, многу сме конзервативни. Не ветуваме премногу, не ветуваме чуда, но тоа што е ветено стоиме позади тоа и врз основа на тоа ќе ја градиме нашата политика. Дури и споменуваме дека после две години истата таа програма ќе биде ревидирана и надградена откако реално ќе ги видиме ресурсите со коишто располагаме, бидејќи она што го имаме како информација што ќе го наследиме од оваа криминална влада на СДСМ и ДУИ е навистина алармантна, рече Мицкоски.

На новинарско прашање на настан во скопски Аеродром, Мицкоски рече дека повторно не работат трите блока на РЕК Битола што никогаш не се случило во март.

Tags: избориМицкоски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ