• Latest
ОБСЕ/ОДИХР - набљудувачка мисија 2024

ИЗБОРНА ХРОНИКА: ДИК ги потврди претседателските кандидатури, ОБСЕ-ОДИХР ја отворија набљудувачката мисија; кандидатите се подготвуваат за предизборна кампања

March 21, 2024
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Селими: Добро е за демократијата тоа што се уште „не умре“ граѓанскиот сектор

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Хоџиќ: Пукнаа полулистичките балони кога видовме дека актуалната власт почна да ја користи придавката Северна, кога не го укинаа договорот со Бугарија

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Незири: Има слобода на гласање, но има екстремна партизација – разликата од минатото е што порано имавме една партија, сега имаме повеќе партии

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ ЦИВИЛ

Поповски: За трагедијата во Кочани и еколошките катастрофи прстот е вперен кон системот, а тоа добро го користи крајната десница и левица

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИл

Орданоски: Вистината во демократијата не е една, системот на образованието е клучно – уште една лага е „знаењето е сила знаењето е моќ“

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Корубин: Чуварот на демократијата е системот, денес граѓаните се чувари на демократијата кои се судираат со системот

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ

Касале: Без разлика од која политичка припадност доаѓаме, левица или централна десница, треба да негуваме љубов кон демократијата

October 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на VISEGRAD/ X

Украина ќе го номинира Трамп за Нобелова награда за мир ако обезбеди прекин на огнот со Русија

October 9, 2025
Илустрација ВИ

Кампањата за Локалните избори 2025 влегува во последните десет дена, партиите продолжуваат со своите активности на терен

October 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

ИЗБОРНА ХРОНИКА: ДИК ги потврди претседателските кандидатури, ОБСЕ-ОДИХР ја отворија набљудувачката мисија; кандидатите се подготвуваат за предизборна кампања

March 21, 2024 19:38
in ИЗБОРИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
ОБСЕ/ОДИХР - набљудувачка мисија 2024

ОБСЕ/ОДИХР - набљудувачка мисија 2024

Share on FacebookShare on Twitter

ДИК ги потврди претседателските кандидатури

Државната изборна комисија денеска едногласно ги потврди кандидатурите за претседател на Република Северна Македонија 2024 година.

Кандидатите на седмите претседателски избори во Република Северна Македонија се  Стево Пендаровски поддржан од СДСМ, Стевче Јакимовски поддржан од ГРОМ, Максим Димитриевски од партијата ЗНАМ, Арбен Таравари од албанската опозициска коалиција ВЛЕН,  Билјана Ванковска Цветковска од Левица, Бујар Османи од ДУИ и Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ.

Што треба да знаете за законите за претседателски кандидати во РСМ

Според македонските закони, кандидатот за претседател можел да победи во прв круг доколку освоел над 50% од гласовите на сите регистрирани гласачи во избирачкиот список. Доколку ова не се случи, се одржува втор круг на избори, во кој се натпреваруваат двата кандидати со најмногу гласови од првиот круг. Одзивот во вториот круг треба да биде над 40% за гласањето да се смета за важечко.

Доколку и во вториот круг на гласање ниту еден од кандидатите не го добил потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка.

Според Уставот, претседателскиот кандидат треба да има над 40 години и да биде жител на државата најмалку 10 од последните 15 години. Еден мандат на претседателот трае 5 години, а најмногу еден претседател може да биде на должноста два мандати.

ОБСЕ-ОДИХР ја отвори набљудувачката мисија во земјава

Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права – ОДИХР, по покана од властите во земјава денеска ја отвори набљудувачката мисија за претседателските и парламентарните избори кои ќе се одржат на 24 април, односно на 8 мај.

Мисијата ќе ги оценува изборите за нивната усогласеност со обврските на ОБСЕ и други меѓународни обврски и стандарди, како и усогласеноста со националната легислатива. Набљудувачите ќе го следат процесот на регистрација на гласачи, регистрациіа на кандидати, активностите на изборните кампањи, работата на изборната администрација и други релевантни државни органи, имплементацијата на легислативната рамка, политичко и кампањско финансирање и решавањето на изборните спорови.

Тие исто така ќе ja оценуваат и имплементациата на претходно дадените препораки од ОДИХР. Сеопфатного следење на медиумите е составен дел на набљудувачката мисија.

Изборен мониторинг извештај на ЦИВИЛ

ЦИВИЛ  на 18 март ја одржа втората прес конференција на која го претстави Извештајот од долгорочниот мониторинг на изборите.

https://youtube.com/live/TgoPw2_IxfY

Во Извештајот на ЦИВИЛ се опфатени – измените во Изборниот законик, придонесот на ЦИВИЛ во работните групи за изборни реформи, кршење на човековите права, дезинформации и говор на омраза, националистички и антизападни наративи.

Во текот на изминатата година, на иницијатива на Министерство за правда, се формира Работна група за измени во Изборниот законик во чиј состав влегоа повеќе државни институции и независни тела, како што се ДИК, ДКСК, ДЗР, АВМУ, МИОА, Управен суд, МТСП, Министерство за финансии, и други.

ЦИВИЛ учествуваше во четири од петте подгрупи со тројца свои претставници, додека останатиот дел од тимот ја даваше својата професионална поддршка во форма на истражувања и продукција на медиумски содржини во кои беа застапени знаења, анализи и искуства релевантни за различните области во кои се правеа изборните измени, посочи претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала на прес конференцијата.

Од почетокот на 2024 година, Мониторинг тимот на ЦИВИЛ регистрира повеќе од 3.000 случаи на говор на омраза и повеќе од 200 случаи со дезинформации на социјалните мрежи и во медиумите, се наведува во Извештајот.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ бележи и голем број случаи во кој се препознава антизападна, проруска, анти-НАТО реторика, поткрепена со дезинформации и теории на заговор или со пренесување на медиумски содржини што се креирани од пропагандни центри дома и во странство

ЦИВИЛ ги повика  политичките партии на конструктивна дебата и да престанат со креирање и дистрибуција на дезинформации и говор на омраза конструктивна комуникација во јавноста.

Претседателски кандидати

Актуелниот претседател на РСМ и кандидат за претстојните претседателски избори, Стево Пендаровски, денеска ги покани  противкандидатите на две мастер дебати, кои би се одржале на почеток и на крајот од изборната кампања, која почнува на 4 април.

Пендаровски на конвенција на 3 април ќе ја промовира програмата со која ќе настапи на претседателските избори.

Кандидатката од ВМРО – ДПМНЕ, Гордана Силјановска  Давкова,  изјави дека политиката што би ја водела кон соседите, доколку стане претседателка на државата, би била скандинавска, а првата посета би и била на земја од регионот, можеби Словенија или Хрватска како членки на ЕУ.

Кандидатот на ДУИ и актуелниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, денеска преку својот Фејсбук профил упати покана за заеднички ифтар до противкандидатите Пендаровски Силјановска, Арбен Таравари,  и Димитриевски, за да се договорат за позитивна и конструктивна кампања.

Кандидатот на ВЛЕН, Арбен Таравари, денеска на прес-конференција го потврди ставот дека нема да коалицираат со партија која е против уставните измени и е против бришењето на дваесетте проценти за албанскиот јазик.

Кандидатката на Левица, Билјана Ванковска, во објава на социјалните мрежи вели дека таа пред се, се кандидира за Македонска претседателка, а не за Европска, како одговор на непоканувањето на заеднички ифтар од Бујар Османи, за што вели дека „да организираш гоштевање за ифтар во време кога деца умираат од глад во Газа е во најмала рака непристојно и нечовечно“.

Кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, кој на 18 март беше ставен на „црната листа“ на САД, поради вклученост во коруптивни дејствија, вклучително и користење на својата службена положба за мешање во урбаниот развој и процесите на набавки за да имаат корист за себе и за неговите соработници, е изненаден од одлуката на Стејт Департментот да биде ставен на „црната листа“ и најави дека ќе поднесе кривична пријава против н.н. сторител.

Максим Димитриевски, кандидатот за претседател на ЗНАМ, порача дека за него не е никаков проблем да има и претседател на држава и на парламент, па и премиер  од друга етничка заедница која што не припаѓа на македонскиот народ. Но, посочи дека тој истиот мора да ги почитува државните симболи, државната химна, законите и уставот на Македонија.

 

Подготви: Дијана Тахири во соработка со ЦМТ

 

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ