• Latest

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Се финализираат коалициите пред почетокот на изборните кампањи; Гласањето за претседателските избори ќе се спроведе во 31 ДКП

March 28, 2024

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Се финализираат коалициите пред почетокот на изборните кампањи; Гласањето за претседателските избори ќе се спроведе во 31 ДКП

March 28, 2024 12:34
in ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на претседателските и парламентарните избори, политичките партии во земјава ги формализираат коалициите, а Државната изборна комисија (ДИК) се подготвува за организирање и спроведување на изборите. За една недела односно на 4 април започнува изборната кампања за седмите претседателски избори, на кои во првиот круг на 24 април ќе се гласа за седум кандидати. Парламентарните избори се на 8 мај, а до 2 април учесниците на изборите треба до ДИК да ги достават листите со кандидати за пратеници.

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ

На претседателските избори вкупно 2571 државјани ќе може да гласаат во 31 ДКП

Гласање на претседателските избори 2024 година, врз основа на прифатените 2571 пријави на наши државјани, ќе се спроведе во 31 дипломатско – конзуларно претставништво и конзуларни канцеларии на Северна Македонија во странство.

На денешната седница, Државната изборна комисија (ДИК) објави дека гласање ќе има во Абу Даби каде се пријавени 26 наши државјани за гласање, во Белград-31, Берлин-260, Берн – 186, Бон – 164, Брисел -93, Вашингтон-34, Венеција – 79, Виена – 123, Детроит-34, Загреб-87, Канбера-31, Копехаген-74, Лондон-87, Љубљана-332, Минхен-166, Мелбурн-64, Њујорк-85, Осло-41, Париз-44, Прага-52, Рим-30, Стокхолм-85,Торонто-117,Хаг-65, Чикаго-88, Анкара-18, Варшава-23, Мадрид-18, Пекинг-12 и Софија 22.

Останатите наши граѓани кои живеат во странство своето право на глас можат да го остварат во избирачките места во земјата.

Пендаровски прими делегација од Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска примил делегација на ад-хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори во Република Северна Македонија, кои престојуваат во предизборна мисија во земјава.

Како што соопштија од кабинетот на Пендаровски, на средбата било разговарано за текот на подготовките на претседателските и парламентарните избори во Република Северна Македонија.

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вчера во седиштето на партијата потпиша коалициски договор со лидерите на партиите кои влегоа во „Коалиција за европска иднина“. Коалицискиот договор го потпишаа СДСМ, НСДП, ЛДП, Партијата за движење на Турците, Партијата на пензионери, ДОМ, ВМРО НП, Демократски сојуз на Власите во Македонија, ПОЕН, Сојуз на Ромите во Македонија, Десница, Партија за демократски просперитет на Ромите, СДА, а кон коалицискиот договор се приклучи и Движењето Нова Република.

Курто Дудуш и Али Ахмети ќе потпишат коалициски договор за престојните избори

Али Ахмети и Курто Дудуш денес ќе потпишат коалициски договор за престојните претседателски и парламентарни избори.

Како што информираат од Демократската унија за интеграции, денес со почеток во 15:00 часот во Мевце Палас Ресторан, прес-конференција ќе одржи Али Ахмети, по повод потпишувањето на коалицискиот договор со Унија на Ромите на градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш.

ГРОМ, ИНТЕГРА и ПЦЕР со заеднички настап на претстојните избори

Политичките партии ГРОМ – Граѓанска опција за Македонија, ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија и ПЦЕР – Партија за целосна еманципација на Ромите потпишаа коалициски договор за заеднички настап на претстојните избори. Договорот беше потпишан од тројцата партиски лидери Стевчо Јакимовски на ГРОМ, Љупчо Ристовски на ИНТЕГРА и Самка Ибраимовски на ПЦЕР.

Непромена на Уставот, пораст на животниот стандард, социјална заштита на граѓаните, подобро образование, безбедносен систем, енергетика, инфраструктура…се дел од програмата на Коалицијата „Храбро за Македонија“ со која ќе учествуваат на претстојните претседателски и парламентарни избори.

Демократската партија на Турците стана дел од коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ

Со ставањето потпис на договорите на претседателите на политичките партии Демократската унија за интеграција и Демократската партија на Турците во Македонија (ДПТМ), денеска во Гостивар беше официјализиран коалицискиот договор за претстојните претседателски и парламентарни избори.

Али Ахмети, лидерот на ДУИ на прес-конференцијата во Центарот за култура „АСНОМ“, коалицискиот договор го оцени како историски чин на соработка која, како што рече, ќе трае и по изборите.

Првиот човек на ДПТМ, Бејџан Илјаз обраќајќи се на турски и албански јазик истакна дека денешното потпишување на договорот е потврда на мултиетничкиот дух кој владее во овој град.

Села ќе избира меѓу печатот и ДУИ

Алијанса за Албанците на Зијадин Села денеска треба да донесе конечна одлука дали ќе се приклучи на една од албанските коалиции или нема да настапува на овие избори. Причина за ваквата ситуација е судскиот спор со кој треба да се донесе конечна одлука на кого му припаѓаат печатите на партијата. Веќе се шпекулира дека паднал договор за заеднички настап со ДУИ, а Села си обезбедил и четири пратенички места, односно пет пратеници доколку коалицијата на изборите освои над 20 мандати.

Подготви: Н. Абдурахмани во соработка со ЦМТ. 

Tags: ВМРО - ДПМНЕДИКевропски фронтпарламентарните избориСДСМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ