• Latest

Катимерини: По најголемиот изборен пораз, Ердоган повеќе не е непобедлив

April 1, 2024

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Катимерини: По најголемиот изборен пораз, Ердоган повеќе не е непобедлив

April 1, 2024 12:04
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган на вчерашните локални избори во Турција го претрпе најголемиот изборен пораз и повеќе не е непобедлив во турската политичка арена, се вели во анализата што денеска ја објави грчкиот весник Катимерини, пренесува МИА.

Како што е наведено, не е само загубата на три града – Истанбул, Анкара и Измир, туку и тоа што по првпат од 1977 година на национално ниво доминира опозициската Републиканска народна партија на Мансур Јавас, сегашната и очигледно идниот градоначалник на Анкара.

Во анализата се додава дека Ердоган ја платил цената за лошата состојба на економијата, која се влоши во изминатите шест месеци, и оти мора да биде загрижен бидејќи досега се сметаше дека е најсоодветен за управување со проблемите на земјата, дури и ако тој ги предизвикал.

„Сега се чини дека значителен дел од неговите сонародници му вртат грб“, наведува „Катимерини“ во анализата.

Во Истанбул, Ердоган беше соочен со својот избор од минатото за намалување на просечната возраст за пензионирање, што им го олесни примањето пензија дури и на помладите од 50 години, што резултираше со тоа што 30 отсто од гласачите во најголемиот турски град спаѓаат во оваа возрасна категорија. Но тие не гласаат за власта, бидејќи таа не може да им вети зголемување на пензиите.

Тој сега има доволно време да ги одмери своите опции до следните избори во 2028 година, а двете главни прашања се дали ќе ја промени својата економска политика и до кој степен повторно ќе се сврти кон националистите и како тоа ќе влијае на надворешната политика.

Весникот оценува дека со оглед на тоа дека Ердоган сега е ослабен, неговиот простор за маневрирање е намален, особено против оние што се сметаат за неопходни, како што се САД.

„Дури и да ја заостри својата реторика кон Грција, ограничувањата што произлегуваат од новиот политички пејзаж во однос на неговиот однос со Западот речиси ја забрануваат авантурата. И, се разбира, многу луѓе во странство сега се среќни што Ердоган политички се „собра“ и веќе не му е така лесно да ја наметнува својата агенда. Меѓутоа, ситуацијата во Кипар станува се позагрижувачка, бидејќи турскиот претседател обезбеди поголем степен на толеранција од Западот и ова прашање е омилена тема во националистичките кругови во Турција. Затоа, потребна е голема грижа и за таа цел мора да се испрати јасна порака до Анкара дека Атина нема да го прифати обидот да се стави Кипар пред свршен чин“, се наведува во анализата.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: изборитурција
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result