• Latest

24 ЧАСА: На полноќ стартува кампањата за претседателските избори; СДСМ обвинува, ВМРО-ДПМНЕ демантира дека нарачуваат лажни анкети на МТВ и креираат лажни вести; вкупно 17 листи на кандидати за пратеници пријавени во ДИК

April 3, 2024

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: На полноќ стартува кампањата за претседателските избори; СДСМ обвинува, ВМРО-ДПМНЕ демантира дека нарачуваат лажни анкети на МТВ и креираат лажни вести; вкупно 17 листи на кандидати за пратеници пријавени во ДИК

April 3, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Од полноќ започнува официјалната кампања за претседателските избори

Вечерва по полноќ започнува официјалната кампања за седмите по ред претседателските избори, на кои во првиот круг на 24 април ќе се гласа за седум кандидати.

На овие избори ќе учествуват актуелниот претседател Стево Пендаровски поддржан од СДСМ, а потоа Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска од „Левица“, Арбен Таравари од коалицијата „ВЛЕН“, Бујар Османи од коалицијата „Европски фронт“, Стевчо Јакимовски од ГРОМ, и Максим Димитриевски од „Движењето ЗНАМ – За наша Македонија“.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Сметам дека вчерашниот настан за потпишување на Кодексот имаше тензии, меѓутоа не верувам дека ќе продолжи во таа атмосфера, затоа што главно сите услови се исполнети. Од наша страна, односно техничките услови ги преземаме согласно со законот и во согласност на етиката и моралот на сите учесници. Сметам дека ќе биде уште подобро, затоа што сметам дека ќе поминат овие детски болести на напаѓања и нефер кампања и ќе се фокусираат партиите на изборната кампања, односно претставување на програмите, откако ќе почне кампањата, рече Даштевски.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ОДБРАНА Петровска – Лорд Стјуард Пич: Одбранбената соработка помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство ја зацврстува безбедноста на регионот и колективната безбедност на Алијансата.

ДИК До Државната изборна Комисија, заклучно со 2 април 2024, до 24 часот, се пристигнати вкупно 17 листи на кандидати за пратеници Изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија кои ќе се одржат на 8 мај 2024.

ПРАВДА Две лица се приведени под сомнение за помагање во врска со инцидентот кој се случи во Арачиново во кој се повредени две лица.

ПОЛИТИКА Печатите од Алијанса за Албанците ги доби крилото на Зијадин Села. Ваква одлука донел Судот во Тетово. Од крилото на Села ја потврдуваат информацијата, а претседателот на АА, Арбен Таравари најавува жалба.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

  • Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ќе предложи создавање фонд од 100 милијарди евра за пет години за помош на Украина во војната против Русија, објавија синоќа дипломатски извори.
  • Во март, руските напаѓачи распоредија повеќе од 400 проектили од различни типови, 600 дронови Шахед и над 3.000 наведувани воздушни бомби против Украина, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на ИКС, пренесе Укринформ.

КОНФЛИКТИ

  • Палестинската управа повторно побара да стане полноправна членка на Обединетите нации, се вели во писмото од вчера упатено до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш
  • Началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили, генерал-полковник Херзи Халеви во вторникот се извини за воздушните напади во кои загинаа седум хуманитарни работници во Газа, нарекувајќи го „грешка што следеше по погрешна идентификација“. Тој рече дека се истражува фаталниот инцидент, пренесува Си-Ен-Ен.

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор од албански медиуми во регионот: ИЦГ – „Косово ја добива битката за контрола на северот“; околу 400 српски екстремисти се обучуваат околу границата со Косово; Политичкиот екстремизам во Албанија е позагрижувачки од верскиот

ИЗБОРНА ХРОНИКА

Од ДИК очекуваат фер и демократски избори; Вкупно 17 листи на кандидати за пратеници пријавени во ДИК; Пендаровски упати критики кон опозицијата за нивното претходно владеење

СЛОБОДНА ЗОНА

„Кандидатките и кандидатите за Претседателка или за Претседател на Република Северна Македонија, пред ДИК потпишаа Кодекс за фер кампања, додуша сите беа ама сите не се потпишаа, кој потпиша, потпиша, кој не, не потпиша ама тоа е и сеедно и неважно зашто и така и така само двајца од седумте ветија дека и ќе потпишат и ќе го почитуваат кодексот, другите дека ќе потпишат ама и дека не верувале во фер кампања во која, патем, и самите се нејзини креатори…“, пишува Зоран Иванов во колумната „Барем боранијата кандидатска да не е ситна и стара и ако веќе мора да е боранија, барем да е млада и крупна“.

Д. М.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ