• Latest
Ѓорѓија Сајкоски (фото извор: ФБ профил на Сајкоски)

ПОЛИТИЧАРОТ ШТО ЈА ТЕСТИРА МОЌТА НА МИЦКОВСКИ ВО ПАРТИЈАТА: Ѓорѓија Сајкоски, невидлива биографија, а секогаш на функција

April 5, 2024

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

June 6, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Москва е подготвена да му даде азил на Маск ако затреба поради расправијата со Трамп

June 6, 2025
Фото: МИА

Кошта посочи дека ЕУ ќе го казни Израел за војната во Појасот Газа

June 6, 2025
Фото: Скриншот

Белградскиот Основен суд ја отфрли иницијативата за лишување на Вучиќ од деловна способност, но утврди елементи на кривично дело

June 6, 2025
Фото: МИА

ЕУ со поддршка за Меѓународниот кривичен суд по санкциите од САД

June 6, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Односот Трамп-Маск се распаѓа со меѓусебни навреди и закани

June 6, 2025
Трагедија во кочанската дискотека Пулс, 16 март 2025 (фото извор: скриншот од снимка на ТВ Кочани)

Од Клиничкиот центар во Белград отпуштени последните два пациента поврдени во пожарот во Кочани

June 6, 2025

Усвоен план за подобро справување со сајбер напади и кризи во ЕУ

June 6, 2025
Семејна фотографија од министрите за одбара во НАТО Фото: НАТО

Министрите за одбрана на НАТО дефинираа нови цели за капацитети за зајакнување на Алијансата

June 6, 2025
Војо Маневски

Дали да гласа дијаспората не е вистинското прашање

June 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

ПОЛИТИЧАРОТ ШТО ЈА ТЕСТИРА МОЌТА НА МИЦКОВСКИ ВО ПАРТИЈАТА: Ѓорѓија Сајкоски, невидлива биографија, а секогаш на функција

April 5, 2024 11:11
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Ѓорѓија Сајкоски (фото извор: ФБ профил на Сајкоски)

Ѓорѓија Сајкоски (фото извор: ФБ профил на Сајкоски)

Share on FacebookShare on Twitter
  • Очевидно е дека околу изборот на првиот на листата на ВМРО ДПМНЕ во „петката“ имало расправии и натегнувања.
  • Изборот на Сајко, како што го нарекува партискиот претседател, за таа позиција, по сè уште не заборавените контроверзии од 2020 година кога се бираше генсек на партијата, е дел од претставата на покажување на мускули во Палатата Татарчев

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ 

Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА

Кога пред себе имаме човек кој речиси и нема видлива биографија, а сепак е на некаква функција, макар и строго политичка, помислувам на една бајка од браќата Грим. Онаа за Јованче и Марика (или постарите генерации ја знаат по верзијата за Ивица и Марица). Овие деца кои се изгубиле во шумата се снашле така што оставале зад себе, како трага, трошки од лепчето што го носеле за по пат.

Можеби таквите амбициозни луѓе во политиката и не помнат што сè поминале или преживеале, а имаат за што да раскажуваат. Па една од тие траги до минатото, кое очевидно е подзаборавено е добро да се најде ако се следат тие „лепчиња“, оставени на видни места.

Кај Сајко (51) како што го вика неговиот очевиден покровител Мицковски, едноставно податоците за животот или се избришани или само наредени, да не остане хартијата празна. Тој е од аспект на видливоста просто неприсутен, туркан по некоја невидлива кадровска линија, без да остави белег со некој потег, со некој говор, со некоја мерлива присутност во јавна, општествена инвестиција.

Не одело мазно во изборот за носител во „петката“

Партијата ВМРО-ДПМНЕ релативно рано ги определи носителите на листите за наредните парламентарни избори по изборни единици, освен за петката, каде настана пауза која ја призна, со лесно минување преку тој факт и самиот шеф на партијата Христијан Мицковски.

Паузата траеше две недели!

Како тоа токму тука да постои неодлучност, освен ако во партијата немало сложност по тоа прашање!? На некои медиуми, главно подкасти, проструи наводно сознание дека проблемот бил околу наводното спорење меѓу ДПМНЕ и Левица околу тоа дали експретседателот на МАНУ Коцарев ќе биде јавна личност која би привлекла повеќе гласови за оние кои ќе го приграбат овој математичар, па на крајот целата работа се завршила со двострано, а можеби и тространо откажување од таа опција и наслонување на нешто што се нарекува – сопствени кадри.

Индикативно беше дека изборот на Ѓорѓија Сајкоски за оваа позиција, откако во палатата Татарчев некој или некои подигнале бело знаменце, ја кажа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање на оваа тема, што веројатно значеше дека на вистинскиот одлучувач за изборот – Мицковски, му требала поддршка во тој момент од неговата најблиска околина.

Да, за да не падне, меѓу другото, и прашањето како тоа Мицковски форсира свои земјаци, особено ако се знае дека како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ по втор пат на патеката за иден претседател ќе трча една кичевка – Гордана Силјановска Давкова, која е со голем почетнички хендикеп откако се покажа дека не е добитнички играч кај гласачите! Факт е дека Јанушев мораше да замине од политичката сцена по изгубените избори на неговата братија во 2020 година кога, пред сè, беше редот од функцијата да падне главниот губитник – Мицковски.

Многу е веројатно дека Јанушев, кој е познат како премногу темпераментен врескаџија на јавни мегдани, а останал таков и во затворените дебати на врвот. Затоа Мицковски го елиминира и отвори простор за Сајкоски кој е неконфликтен и целосно зависен од „локал патриотизмот“ на кичевската гранка во партијата.

Вербата на Мицковски во оној тесен круг околу него се покажа оправдан и тој лесно го мина ова „сито“, а потоа уште полесно мина и при разидувањето со Груевски две години подоцна, во аферата „рачињата во медот“.

Биографија – тоа треба да е нешто кусо

Врската меѓу воведот на текстот и ова, со дефинитивното решение на вмровскиот кадровски проблем во „петката“ е во фактот што општата реакција и сега и во 2020 година, кога истиот функционер беше избран за генерален секретар на партијата, се сведува на она – па кој е тој човек?

Како за активен собраниски пратеник, неговата биографија е доста куса. Член на ВМРО-ДПМНЕ. Роден на 8.12.1972 во Кичево. Македонец. Доктор на историски науки. И… генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Навистина, повеќе информации има на Википедија за него, но тоа не ја намалува љубопитноста за него. Од 2009 година до 2014 година бил претседател на Собранието на Кичево и директор на ЈП за водоснабдување Студенчица. Бил на обете функции одеднаш или ги обавувал една по друга!? Ова е секако значајно, бидејќи, со Студенчица имаше големи проблеми со децении, па нè интересира дали тој, на пример, во време кога бил на таа функција, го подобрил водоснабдувањето на подрачјето Кичево – Брод – Прилеп – Крушево? Или сè било по она „сè е исто, само Него го нема“, т.е. Васил Тупурковски со она негово шетање по наведените места и давање за право онаму каде во тој миг се наоѓал! Не сме чуле за такви подвизи на тој план: Сајко секако не бил прогласен за водоносец – спасител. Или небото било подарежливо?

Или, што сторил тој за евентуален напредок на Кичево кога го водел локалното Собрание, во периодот на раниот груевизам и времето на „медените години“ на ДПМНЕ со ДУИ, колку да се знае, во идеални политички услови. Ама по што сограѓаните го помнат? Па да набројат нешто а тој да има со што да се пофали. На Фејсбук, на неговиот сајт, се сретнуваат главно коментари „тоа е добар човек“, што е замена за некаков конкретен изблик на негова употребливост на одредена функција. Се гледа дека во партијата го туркале на некои резервни позиции, час во областа на екологијата, час во урбанизмот, потоа во земјоделството и сè така – малку ваму, малку таму, па никаде…

Заборавената функција – кустос во Музеј посветен на НОБ

Посебно паѓа во очи дека во изнесените негови функции или работни места ги нема оние што би се очекувале да се за него најплодни! Тој е доктор по историски науки, а бил кустос во Музејот Западна Македонија во НОБ! Бил и директор на Домот за култура во Кичево. И што се случувало во тие години таму? Зошто тој самиот не ги споменува овие функции? Од што бега кога не се сеќава за ништо или сака да се избрише минатото? Тој би сакал и денес да му е – вчера.

Ова посебно важи за неговата функција на кустос во Музејот Западна Македонија во НОБ. Кичево и околината се сметаат за значајно подрачје за тој период. Особено што во Поречието, на пример, бил и епицентарот на четничкото движење во Македонија! Постоело и сè уште постои потреба од истражување на многу анационални и профашистички тенденции токму во крајот од каде што потекнува Сајкоски. Многу негови колеги по науката жалат зошто им е оневозможено истражувањето на тие теми, посебно сега кога во соседството постојат обиди за изедначување на четништвото со НОБ! Тоа е долг пред сè кон науката за која Сајкоски се школувал!?

Затоа пак носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во „петката“ целосно се фрлил кон нешто што изгледа полесно – кон политиката. Ниту тука не може да се согледа негов конкретен придонес во реализирање на некакви задачи, ораторство или давање изјави за јавноста.

Во едно од ретките интервјуа со него, објавено во Вечер Прес, тој се заложува за политиката на рамниот данок, линија на која очевидно се наоѓаат Мицковски и коморџијата Бранко Азески. Тоа е тактика на оние кои нудат безнадежни времиња, бидејќи ја замислуваат земјава како меѓународно изолиран остров во кој нема да има инвестиции, а „ќе има подобро собирање на даноците“. И ќе сме станеле богата држава во која на сите ќе им биде подобро! Ќе ги оставиме богатите настрана а ќе земеме од посиромашните… да ете и Трамп криел даноци, па сега кога тие ќе му се земат паѓа на просјачки стап. Да, има тука и некаква конзервативна логика, ама не верувам дека самиот Сајкоски би можел на некаков научен собир да ја образложи. Онака, без да чита. Па нека проба – не е познат по некои такви настапи. Па медиумите се опозициски, а да имаше макар некаква мала употребна вредност, немаше да го симнуваат од малите екрани. Ама не го користеа во времето зад нас. Па затоа тој, нели, посветен е само на иднината.

Впрочем, СДСМ и Лукаревска успеаја да го зголемат приходот на државата со посилна контрола на црната економија: граѓаните, меѓу другото, одат по улица и скенираат со мобилните сметки на кои е пресметан ДДВ. Се наоѓаат решенија, ама се потребни инвентивни луѓе…

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе им помогне на компаниите и ќе ги стимулира да отвораат нови работни места и да реинвестираат. Македонија ќе биде држава со најнизок рамен данок во Европа, а со тоа ќе се обезбедат повеќе пари во државниот буџет кои подоцна ќе се трошат во капитални инвестиции“, вели Сајкоски во интервјуто.

Колку самата партија верува во неговите организациски и пропагандни потенцијали говори фактот дека тој самиот признава дека му се доделени двајца ветерани како придружници – Борис Змејковски и Зоран Коњановски, со што како да се враќаме на одамна надминатиот систем на „тројки“.

Во политиката како и во конфекцијата и малите броеви имаат функција

Необично е што му се доделени ликови кои се на своевидна рехабилитација. Змејковски постојано ќе се смета како дел од изворната ВМРО-ДПМНЕ и близок до Георгиевски и покрај разидувањето, а Коњановски едноставно е показател на тие брзопотезни напредоци токму во „петката“ кои кај него завршија со обиди да ја буди македонската емиграција во Америка и практично со фрлање на маргините пред избори во кои тие би учествувале, од што денес, Сајкоски секако нема што лично да очекува за себе. Само да не го фати лоша „маја“ од ова ново друштво…

На состаноците на теренот, според неговиот сајт, имаме само средби во мали канцеларии, со тесен број луѓе и ништо од она што треба да го снајде – говор на отворено пред повеќе заинтересирани, да речеме.

Вистина, во ВМРО-ДПМНЕ се оди на проценките дека постои гласачки габарит кој ќе гласа без оглед на сè – меѓу нив. Тие гласачи по рефлекс или наредба, и со мали броеви, па и нулите, особено последниве, како во алгебрата, сепак, имаат своја употребна вредност.


Специјално за медиумската платформа на ЦИВИЛ. Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВМРО-ДПМНЕизбориИзборна единица 5Сајкоски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ