• Latest
Фото: МИА

ДИК бара поголема активност од општинските изборни комисии

April 8, 2024
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

ДИК бара поголема активност од општинските изборни комисии

April 8, 2024 15:30
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) Бобан Стојановски и Борис Кондарко бараат општинските изборни комисии (ОИК) максимално да се вклучат во активностите за претстојните Претседателски и Парламентарни избори и како што рекоа, да бидат пооддговорни, поактивни и поажурни.

И на денешната седница на ДИК се одлучуваше по барања за изземање од извршување должност претседател, заменик претседател  и член на општинските изборни комисии, а по случаен избор беа одредени нови лица. ДИК одобри и акредитација за изборите на 13 меѓународни набљудувачи од Централната изборна комисија на Косово.

– Активностите на ОИК влегуваат во завршна фаза, а постојано се случува да има барања за изземања и вршење случаен избор на членови и заменици членови во ОИК. Но, тоа не претставува основа за нивна неактивност при спроведување на дејствијата што се предвидени за реализација на двата вида избори. Затоа, слободно може да ги ангажираат замениците членови, онаму каде нема претседател или е неактивен работата може да ја преземе заменик претседателот. Укажувам да навлезат посериозно во работата, онаму каде не се, и да ги спроведуваат сите дејствија согласно Изборниот законик, нашите упатства и насоките што им се дадени од ДИК.Тука има координативни тимови што им стојат секојдневно на располагање на општинските изборни комисии за каков било совет, рече Стојановски.

Тој дополни дека ОИК во овој период немаат работно време и порача дека треба постојано да бидат  во служба на избирачите, изборниот процес, како и на учесниците во изборите.

-Треба целосно да се вклучат во процесот за спроведување на Претседателските и Парламентарните избори бидејќи и нивната неактивност повлекува законска одговорност, предупреди Стојановски.

Кон неговите укажувања се приклучи Кондарко кој потенцираше дека сите членови и заменици членови на ОИК се од државната администрација и се ослободени од секојдневните работни обврски на работните места.

-Нема никакво оправдување за неактивност и доцнење на обврските што ги имаат согласно Роковник, насоки од ДИК, дневни задолженија, извештаи, комуникација, работа со избирачките одбори. Укажувам да бидат пооддговорни, поактивни и поажурни во извршување на секојдневните задачи. Не само што се ослободени од работни обврски и си ја земат редовно платата, туку и ќе добијат надоместоци од ДИК. Овој процес не смее да трпи заради индивидуални случаи на неактивност и неажурност на општинските комисии, наведе Кондарко.

Побара да се завршат и обврските во однос на пополнувањето на членовите на избирачките одбори и задолжително да се учествува во  предвидените обуки со цел професионализација на избирачките одбори.

Претседателот на ДИК Александар Даштевски им препорача на координаторите да ги известат ОИК за изнесените укажувања. 

Tags: ДИКизбори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ