ВЕСТ НА ДЕНОТ
На веб – страната на Управниот суд е објавено дека ја известува јавноста дека синоќа во 22:33 часот, по поднесена тужба од Коалиција Влен на Парламентарните избори 2024 против Одлука на Државна Изборна Комисија УП1 бр.10-14 од 14.05.2024 година, оформен е предмет УРП.бр.86/2024. По поднесената тужба, Управниот суд ги презема сите процесни дејствија согласно роковите определени во Изборниот законик. Крајниот рок за овој предмет истекува на полноќ.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
„Во однос на тоа што ќе правиме, со јасна изјава ја предупредив и новата Влада на Скопје дека кое било отстапување од Договорот, сигурно е дека ќе има сериозни последици во нашите односи со Северна Македонија, но и на патот на Северна Македонија кон Европа, изјави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Руските сили напреднаа не повеќе од осум километри од меѓународната граница во северниот регион Харков и се чини дека во моментов имаат приоритет на создавање „тампон зона“.
*
Неконтролиран ракетен напад од руска територија е насочен кон Харкив, Украина. MLRS (Multiple Launch Rocket System) GRAD нагло го прекинува густиот цивилен сообраќај и почнува да истрелува проектили кон Харкив.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ДЕЗИНОФРМАЦИИ Фатмир Битиќи, преку објава на Фејсбук ги демантира шпекулациите што се појавија во медиумите за негово наводно преминување во коалицијата ВЛЕН која води преговори со ВМРО -ДПМНЕ за влез во новата Влада на Северна Македонија..
САМИТ Лидерите на земјите од Западен Балкан на Самитот за планот за раст на Западен Балкан што се одржува во Котор денеска изразија очекување дека ќе бидат дел од поголем пазар и ја истакнаа својата посветеност на реформите и процесот на европска интеграција.
АТЕНТАТ Атентатот врз словачкиот премиер е трагична последица од растот на десничарскиот екстремизам во Европа и сее страв од политичко насилство
КОНФЛИКТИ
Администрацијата на претседателот на САД, Џо Бајден е ангажирана во евакуацијата на американски лекари од Појасот Газа, изјави синоќа портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.
СЛОБОДНА ЗОНА
„По длабокиот пораз на СДСМ и нејзините сателити од коалицијата, кои повеќе ѝ правеа штета отколку што ѝ помагаа, гледам и се чудам како одеднаш излегоа „паметњаковци“ кои солат памет како требало да биде, кои се грешките или, пак, која стратегија требало да се следи за да се дојде до подобар резултат! И очекувано, типично балкански, дел од нив, кои дојдоа на високи позиции, членови на управни одбори, добија хонорари за „советодавни услуги“ – молчат! Веројатно очекуваат ангажмани од новата власт! „Мало сутра“ би рекол Заев!“, пишвуа Сефер Тахири во колумната „Партиски порази за државни победи!“.
Подготви: Б. Јордановска