• Latest

Седницата на Советот на Европа заврши без расправа за прием на Косово

May 18, 2024

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Седницата на Советот на Европа заврши без расправа за прием на Косово

May 18, 2024 19:42
in ВЕСТИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Заврши 133-та седница на Комитетот на министри на Советот на Европа, односно редовниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на СЕ, кој, според процедурата, се одржува еднаш годишно. Шефовите на дипломатиите имаа дводневни средби. И покрај очекувањата и напорите, Косово не беше на нивната агенда, пишува Коссев.

На оваа пролетна редовна седница учествуваа вкупно 46 министри.

Заседанието беше и последниот чекор за Косово да стане членка на оваа меѓународна организација, откако претходно извештајот за нивниот прием беше одобрен во Комисијата за политика и финансии, како и во Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Министерот за надворешни работи на Албанија, Игли Хасани кој присуствуваше на состанокот на Комитетот на министри на Советот на Европа во Стразбур, истакна дека поради неодлуката за членство на Косово е изгубена историска шанса за Приштина, објави Косово онлајн.

„Недонесувањето одлука за членство на Косово на денешниот министерски состанок на Советот на Европа е изгубена историска можност Косово да има заслужено место на масата и посилен глас во формирањето на обединета и демократска Европа“, напиша Хасани на социјалната мрежа Х.

Тој додаде дека е императив Владата на Косово да дејствува брзо за да ги исполни обврските што ги презеде и да се ангажира конструктивно со своите посветени меѓународни партнери и поддржувачи.

„Ова треба да биде проследено со заеднички напори да се одржи уште еден Комитет на министри на Советот на Европа во блиска иднина. Сите мора да дејствуваме брзо за да го исполниме она што му го должиме на народот на Косово“, заклучи Хасани.

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто за Танјуг изјави дека ставот на таа земја во однос на членството на Приштина во Советот на Европа е јасен – не го поддржува, за што е информирана и Приштина. Тој додаде дека Унгарија има принципиелен став по ова прашање, односно дека сака да види успешно финализирање на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Министрите на вчерашната седница, меѓу другото, како што се наведува во извештајот од оваа средба, уште еднаш испратиле порака за поддршка на Украина на „патот кон правдата и обновата“.

Освен тоа, тие усвоија Рамковна конвенција за вештачка интелигенција – првиот меѓународен инструмент на оваа тема, а исто така донесоа и декларација по повод 75-годишнината од постоењето на Советот на Европа.

Министрите повторно ќе се сретнат на 13 ноември, според извештајот, по оваа пролетна седница, но тогаш ќе го предадат претседателството, односно Литванија ќе му го предаде на Луксембург.

Следната редовна 134-та седница ќе се одржи за една година, односно на 13 и 14 мај 2025 година во Луксембург.

Г. Т.

Tags: КосовонеприфаќањеСовет на Европачленство
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ