• Latest

Груевски има уште три дена да формира влада!

January 26, 2017

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Груевски има уште три дена да формира влада!

January 26, 2017 10:52
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во недела истекува рокот кога Никола Груевски треба да објави дека има коалиционен партнер и да го претстави составот и програмата на новата влада или да го врати мандатот. Со враќањето на мандатот, Иванов повторно треба да го додели мандатот.
„Тој договор има пет точки, а во петтата точка се вели дека по надминувањето на кризата и по враќањето на ДУИ во Собранието ќе се разговара за формите на составување на влада. Значи, не е прецизен. Тоа во овој момент е тешко да се спроведе или речиси е неспроведливо, со оглед на фактот што тоа не се подразбира на прецизен начин, таму не е прецизирано дека треба да имаме две јасни мнозинства. Тргнувајќи од фактот дека ние немаме апсолутен легитимитет за спроведување на овој принцип, тоа е многу тешко да се спроведе“, е ставот на потпретедателката на ДУИ, Теута Арифи, осврнувајќи се на Мајскиот договор, склучен во 2007 година. Според неа, не е наведено дека коалиција мора да прават партиите од македонскиот и албанскиот блок кои освоиле најмногу пратенички мандати на изборите.

Арифи изјавата ја даде на само четири дена пред истекување на рокот во кој, Никола Груевски, по доделувањето на мандатот од претседателот Иванов, треба да состави влада.

За јавноста не се достапни официјални информации за тоа до каде се преговорите меѓу Груевски и Али Ахмети, како лидер на ДУИ, партија која освои најмногу гласови на албанските партии на предвремените парламентарни избори.

Тоа што официјално се знае е дека, тие двајца оствариле една средба, како и дека Ахмети се сретнал и со Зоран Заев, лидерот на СДСМ. Детали за тоа што се разговарало на средбите, од партиите не споделуваат.

Исто така, Ахмети одржал и одвоени средби со членовите на потесното раководство на партијата. Неофицијално, потпретседателите на ДУИ, во однос на коалицирањето со ВМРО-ДПМНЕ имаат различни ставови.

ДУИ како основа за коалицирање ја поставува Платформата која, по разговорите со премиерот на Албанија, Еди Рама, ја потпишаа со партијата Беса и со колаицијата Алијансата за Албанците. ВМРО-ДПМНЕ, пак, излезе со јасен став дека неколку од точките од Платформата, како двојазичноста и продолжувањето на мандатот, се неприфатливи за нив.

Македонската јавност не е единствена која е во неизвесност во однос на тоа кој ќе ја формира следната влада. И меѓународната заедница постојано  го следи процесот на преговори и инсистира на брзо формирање на владата. Европарламентарецот Иво Вајгл, ја претстави Предлог-Резолуцијата за Македонија. „Европарламентот повикува на брзо формирање на новата влада, со цел да се искористи мандатот за да се продолжи со потребните реформи и смета дека е од суштинско значење меѓупартиската соработка за решавање на домашните предизвици и на предизвиците поврзани со ЕУ. Европарламентот заклучува дека изборниот процес е подобрен, вклучувајќи ги и законските рамки, избирачките списоци и медиумската средина“, се вели во Предлог – Резолуцијата.

„Основна задача за новата влада е да го промени она што Европската комисија го нарече ‘заробување на државните институции’. Тоа е огромна задача, не е само за носење на закон овде-онде, туку за промена на однесувањето на институции и поединци. Така што ќе треба време и координиран напор. Добрата вест за Македонија е што тоа со одредена јасност и детали е поставено во Извештајот за напредокот на ЕК, како и во итните реформски приоритети во Извештајот на Прибе, и во Договорот од Пржино“,  изјави британскиот амбасадор Чарлс Гарет.

„Се надевам дека наскоро ќе биде формирана новата влада, подржана од мнозинството, со цел да продолжи да отвора европски перспективи за земјата, за да можеме набрзо да ги започнеме преговорите за членство и поглавјата за преговори. Но, за тоа да се случи, потребно е да се исполнат некои услови. Тоа ќе биде можно само ако има широко парламентарно мнозинство кое ќе ја поддржи владата на оваа земја. Само тогаш можат да бидат донесени потребните мерки“, изјави европскиот комесар Јоханес Хан, во обраќањето пред Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур.

 

Tags: владаВМРО-ДПМНЕДУИКоалицијаМакедонијамеѓународна заедницаСДСМЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ