• Latest

Името Македонија, Мицкоски и Сиљановска, но и пораките од Атина и понатаму во фокусот на грчките медиуми

May 23, 2024
Роџер Касале

Демократијата мора да биде нешто што го правиме

September 15, 2026
Проф. д-р Ана Чупеска

За да се испорача демократијата, мора да го заштитиме правото на вистина!

September 15, 2026
Бранко Тричковски

Нема човеци за демократија, ниту демократија за човечките деформитети

September 15, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

Циркус за нула денари и затруена вода: Како демократијата стана депонија за гласови

September 15, 2026
A group of protesters raise their fists in the air. The concept embodies unity, strength, and the fight for justice. Generative AI.

Медиумската платформа на ЦИВИЛ е отворена за авторски текстови и видеопораки за демократијата

September 15, 2026

DDGI и WA4U по повод Денот на демократијата: Да се брани демократијата значи да се стои со Украина

September 15, 2026
Фото: Џ. Дерала

НАТО собори дрон над Литванија по навлегување во воздушниот простор од правец на Белорусија

September 15, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Твојот глас. Твојата слобода. Нашата демократија.

September 15, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Двојна стапица: Зошто било каква одлука од Хаг ќе послужи како политичко оружје

September 14, 2026
Европска централна банка (фото: Wikipedia)

Каматите не ги диктира само Франкфурт: Колку е точна приказната дека кредитите мора да поскапат?

September 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Името Македонија, Мицкоски и Сиљановска, но и пораките од Атина и понатаму во фокусот на грчките медиуми

May 23, 2024 14:02
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Две седмици по победата на ВМРО-ДПМНЕ на двојните избори и десет дена по инаугурацијата на Гордана Сиљановска Давкова, медиумите во Грција секојдневно следат сè што се случува кај нас, а е поврзано со Грција, но ги пренесуваат и пораките од домашните политичари изразени во интервјуа и говори, кои во изминатиот период ги има во изобилство со оглед на тоа дека земјата е во предизборен период во пресрет на евроизборите на 9 јуни, јави дописникот на МИА од Атина.

„Продолжуваат провокациите од Северна Македонија“ е најчестиот коментар во медиумите во изминатиот период.

Последното што го пренесуваат медиумите е средбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со амбасадорот на Австрија, но не поради суштината на средбата и темите за кои разговарале, туку поради тоа што на објавата на Фејсбук е употребено името Македонија.

– Лидерот на екстремно десничарската ВМРО-ДПМНЕ и мандатарот за премиер на Северна Македонија се чини дека е подготвен да продолжи со провокациите. Инсистирајќи дека има право да ја нарекува својата земја како што сака, Христијан Мицкоски продолжува со провокациите, инсистирајќи на официјална средба со странски функционер да се нарекува „Македонија“, пишува информативниот портал „Ин“.

-По провокациите на новата претседателка на Северна Македонија, и мандатарот за премиер Христијан Мицкоски инсистира на името „Македонија“, со што уште еднаш го прекршува Договорот од Преспа, пишува информативниот портал „Ајефимерида“.

Дополнително, медиумите го пренесуваат и интервјуто на Мицкоски за „Ора24“, поконкретно делот каде што го користи името Македонија.

Во изминатите денови во Грција актуелен беше и новиот сајт на претседателката, со оглед на тоа што, како што пишуваат медиумите, изземено е уставното име.

Државната телевизија „ЕРТ“ во текстот објавен во вторникот вечерта пишува дека „официјалната веб-страница на претседателката Гордана Сиљановска не го содржи името Република Северна Македонија“.

-Уставното име на земјата, „Република Северна Македонија“ се појавува во описот на земјата во категоријата „МК“, каде што се наведени географски, демографски и други податоци. Во категоријата „Претседател“ се споменува едноставно „Претседател“ без да се наведе земјата на потекло. Дополнително, во информациите за нејзините средби со амбасадори на странски држави, се споменува само дека претседателката Сиљановска-Давкова имаше средби, објави „ЕРТ“.

Телевизијата „Мега“ во денешниот прилог коментира дека претседателката „играјќи со името на земјата на обновената интернет станица избегнува да го користи името Северна Македонија“.

-На сајтот не постои името на земјата, а до името на госпоѓата Сиљановска постои само титулата претседателка, објави ТВ „Мега“,

За, како што коментира, „игрите на претседателката на Северна Македонија“ пишува и „Си-ен-ен Грција“, но не само за официјалниот сајт, туку и за профилот на Сиљановска Давкова на платформата Икс, каде што според грчкиот информативен портал се „претставува како претседателка на Македонија“.

Дополнително, медиумите во Грција ги пренесуваат позициите и на грчката Влада, но и реакциите од опозициските партии, а акцентот го ставаат на пораката од Атина до Скопје дека за европската перспектива предуслов е почитување на Договорот од Преспа.

Грција е нешто повеќе од две седмици пред европските избори, а лидерите на партиите одржуваат митинзи, средби со граѓани и даваат интервјуа за медиумите, а освен на актуелните внатрешно теми, се осврнуваат и на македонско-грчките односи.

Tags: Грцијапреспански договорСеверна Македонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ