Американските сили нападнаа цели во областит во Јемен што се под контрола на бунтовниците хути соопшти американската Централна команда, пренесува новинската агенција МИА.
Во Црвеното Море беа уништени и два чамци без екипаж на Хутите.
Бунтовниците поддржани од Иран почнаа да истрелуваат беспилотни летала и ракети во ноември во знак на солидарност со палестинските борци во Газа. Во над 70 напади, тие потонаа два брода, заробија уште еден и убија најмалку тројца морнари.