• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Предлогот на Лајчак за Заедницата да се испрати во Венеција; Продолжува судскиот процес за Тачи и другите; Мира Мурати од Open Al најави нови програми за вештачка интелигенција

June 24, 2024
Одбележување на Денот на независноста на Украина во Скопје. Фото: Цивил Медиа

Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

August 24, 2025

Албанскиот блок 2025: Заштита на правата на Албанците – мобилизација околу симболични и институционални прашања

August 24, 2025

Локалната политика под лупа и големите изборни приказни

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Напад со дрон предизвика пожар во руската нуклеарна централа во Курскиот регион

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Гувернерот на Илиноис: Планот на Трамп да испрати војници во Чикаго е злоупотреба на моќта

August 24, 2025
Беџ од ДИК, пластифициран, без име, Локални избори 2021

Во тек акредитација на набљудувачи на локалните избори на 19 октомври

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на NTV

Првата дама на Турција апелира до Меланија Трамп да се заложи за децата од Газа

August 24, 2025
Фото: ASTRA/Телеграм

Инциденти со дронови пријавени во Москва и Санкт Петербург, десетици летови откажани

August 24, 2025
Ден на независноста на Украина, претседателот Володимир Зеленски на Плоштадот на независноста, Кијив, 24 август 2025 (фото извор: скриншот од видео)

Зеленски на Денот на независноста: Градиме силна и моќна Украина за мир и безбедност

August 24, 2025
Одбележување на Денот на независноста на Украина низ светот (фото извор: Украински светски конгрес)

Украина и светот го одбележуваат 34-от Ден на независноста

August 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Предлогот на Лајчак за Заедницата да се испрати во Венеција; Продолжува судскиот процес за Тачи и другите; Мира Мурати од Open Al најави нови програми за вештачка интелигенција

June 24, 2024 10:36
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Косовските владини претставници инсистираат нацрт-предлогот за Заедницата предложена од Европската унија да биде испратен на евалуација до Венецијанската комисија, јавуваат косовските медиуми.

Шефицата на CTO, во Open Al, инженерката со албанско потекло Мира Мурати, преку објава на социјалната мрежа X за изјави дека сега работат на унапредување на научното разбирање за да помогнат во подобрувањето на човековата благосостојба преку алатките за AI (Вештачка интелигенција) што ги градат, како што се Sora, GPT-4o, DALL·E и ChatGPT, пренесоа албанските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

КОСОВО

Клан Косова: Владата инсистира предлог нацртот на Лајчак за Заедницата  да биде испратен во Венеција

Владините претставници инсистираат нацрт-предлогот за Заедницата предложена од Европската унија да биде испратен на евалуација до Венецијанската комисија.

Три дена пред средбата Курти-Вучиќ во Брисел, извршната власт вели дека високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел или емисарот за дијалог, Мирослав Лајчак, можат да го испратат нацртот на советодавно мислење во Венеција, за во додаток на содржината земе официјална форма од неа.

Во меѓувреме, политичките аналитичари, исто така, го поздравуваат барањето на владата до ЕУ да го испрати нацрт-статутот на Заедницата  предложен за Косово во Венеција, но ја нагласуваат потребата Косово да ги исполни своите обврски од меѓународните договори за Заедницата, пренесува Клан Косова.

Газета Експрес: Курти ги повикува младите од немнозинските заедници да се вработуваат  во институциите

Премиерот Албин Курти побара од немнозинските заедници „да бидат активно вклучени во јавниот живот, покрај општестениот“.

Курти преку видео објавено на Фејсбук ги покани припадниците на немнозинските заедници да се пријават на отворените повици за да бидат вработени во јавните институции во земјата.

Понатаму, тој  рече дека Владата формира „меѓуинституционален тим за унапредување и вработување на недоволно застапените заедници со цел исполнување и почитување на квотата од 10 отсто како што е предвидено со нашите закони“, пренесува Газета Експрес.

РТВ 21: Продолжува судскиот процес за Тачи и другите

Во Специјалниот суд во Хаг денеска ќе продолжи судскиот процес против поранешните лидери на ОВК, познат како случајот „Тачи и други“.

Овој судски процес се очекува да се одржи со почеток во 09:00 часот, пренесува РТВ 21.

АЛБАНИЈА

Јава Њуз – Мира Мурати: Наскоро ќе лансираме нови програми за вештачка интелигенција!

Шефицата на CTO, во Open Al, инженерката со албанско потекло Мира Мурати, денеска преку објава на социјалната мрежа X зборуваше за извонредната моќ на Open Al технологијата.

Г-ѓа Мурати вели дека сега работат на унапредување на научното разбирање за да помогнат во подобрувањето на човековата благосостојба преку алатките за AI (Вештачка интелигенција) што ги градат, како што се Sora, GPT-4o, DALL·E и ChatGPT, кои се технички импресивни, пренесува Јава Њуз.

Нашата мисија, вели инженерот, останува иста: да ги направиме корисни, безбедни, лесни за употреба и достапни за што повеќе луѓе. Затоа, вели таа, преземени се силни заштитни мерки за намалување на штетните предрасуди и проактивно справување со можните негативни ефекти.

КОЛУМНА

Коха: Тестирање на реалноста на дијалогот

„Средбата на косовскиот премиер Албин Курти и претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе биде вистински тест за да се види до каде е дијалогот. Тие не се сретнале од септември минатата година. Ако оваа средба е само за да се оправда платата на Мирослав Лајчак и да се остави впечаток дека Србија и Косово се конструктивни во дијалогот, тогаш не треба да очекуваме некаков пресврт во процесот, кој е речиси мртов“, пишува авторот Аугустин Палокај во колумната „ Тестирање на реалноста на дијалогот“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: албански медиумиизборрегион
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни и долгорочни изборни набљудувачи

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ