• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Туристичка агенција Мицко травел

July 15, 2024

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА БРЗА ПОШТА

Туристичка агенција Мицко травел

July 15, 2024 15:27
in БРЗА ПОШТА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Владата на Република Северна Македонија предводена од ВМРО – ДПМНЕ, и премиерот на државата, Христијан Мицкоски, на своето прво патување надвор  од нашата земја, настапи како туристичка агенција која на промотивно патување ги води своите најверни комитенти, помагатели и промотори. И тоа гратис, на сметка на агенцијата ( читај државниот буџет).

Така, штотуку седнат во премиерската фотеља, Мицкоски како да си ја ребрендира (својата) Влада на Република Северна Македонија во Туристичка агенција „Мицко травел“, која на „факултативно“ патување на делечни дестинации, на саем на туристички работници ( НАТО самит) во Вашингтон, Соединетите Американски Држави, поведе свита од околу, сума сумарум, 25 до 30 луѓе, со се премиер, министри, заменици, секретари, новинари, обезбедување, неколку „што ти ја знам што мајка бараат тука“ леви сметала… и еден син (постариот). Бројот варира во зависност кој каква инсајдерска информација добил, во недостаток на официјално соопштение, што е обратно пропорционално со декларираната транспарентност на новата власт.

Така, во отсуство на официјални информации, од фотографиите што се појавија на социјалните мрежи, во делегацијата, испоседнати на зедничка (тајна) вечера, можеа да се забележат некои познати ликови, кој за целото време на опозициското делување на сегашната власт, држеа раководни функции во значајни државно информативни куќи… со истечени мандати.

И, бидејќи во целата констелација на државнава делегација спаѓаат во категоријата спомената погоре , „ што ти ја знам што мајка бараат тука“ леви сметала, се чини дека овие двајца уважени гости, господинот Марјан Цветковски и господинот Хари Вулгаракис, местата во авионот за Вашингтон резервиран од туристичката агенција „Мицко травел“ а платен со народни пари, го добиле како награда за сработеното во изминатиот период.

Според искуството од предходно, од не толку одамна, до пред некој месец, кога на секоја посета во странство медиумите ги броеја до последен членовите на владините делегации, истовремено броејќи им ги и залаците кои ќе ги преџвакаат за време на патувањето, зачудува недостатокот на интерес од истите медиуми за истите прашања?

Напротив, невешто се обидуваа да го избегнат покренувањето на прашањето за тоа дека, на истото патување, едно од резервираните места за „високите гости“ го заземал лично постариот син на директорот на туристичката агенција, газда Мицко, а јавност за тоа дозна од пост на нивниот домаќин од Џон Хопкинс институтот, објавен на социјалните мрежи.

Неумешните пост фестум оправдувања од матичната партија на Мицкоски, дека малиот сам си го платил патувањето (небаре отишол на апсолвентска екскурзија), едноставно не држат вода. Можете ли да замислите како тоа ги делеле трошоците? Таткото плаќал со службената картичка, па синот му враќал кеш? Или му рекле на келнерот да ја подели сметката?

И чуму спинувањето дека и Таче ја носел ќерка му? Затоа Таче помина на изборите како што помина, белки не го сменија за Мицко да продолжи со истото. Сјаши Курто да узјаше Мурто.

А и зошто само Мицкоски џуниор да ја добие таквата можност?

А кој друг, ви се молам? Тоа е во духот на традицијата, а демо-христијаните се познати одржувачи на традиционалните навики, како што е, на пример, пренесувањето на функции од татко на син, дали се работи за асистентско –професорски, или премиерски, сега и не е толку битно.

Секако на крајот сé ќе плати народот, та нели за тоа ги гласаше.


Текстот е личен став на Авторот.
Tags: владина делегацијаНАТО самит во Вашингтоннепотизампремиер на Северна МакедонијаХристијан Мицкоски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ