• Latest
Фото; Д.Мишев / ЦивилМедиа

Од која „временска дупка“ излегоа часовниците на Мицкоски?

July 18, 2024

Теророт на рускиот агресор врз Украина: За една недела 2.100 дронови, 1.700 наведувани бомби и 78 ракети

September 13, 2026

Со кое право барате отчет?

September 13, 2026

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 13, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Комуњарски-вмровци

September 13, 2026

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Десетици илјади на „Маршот за слобода“ во Приштина – собир што ги надмина партиските поделби

September 12, 2026

Бурни 12 дена во светот на вештачката интелигенција: Нова генерација модели и глобални предизвици

September 12, 2026
Одеса, 12 септември 2026

Продолжува рускиот терор против цивилите: Одеса под масовен напад, повредени 35 лица, меѓу нив и петмесечно бебе

September 12, 2026

Американската пошта развива избрзан и дефектен систем за гласачките ливчиња по наредба на Трамп, предупреди свиркач

September 12, 2026

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Од која „временска дупка“ излегоа часовниците на Мицкоски?

July 18, 2024 15:27
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, АНАЛИЗИ, ИСТРАЖУВАЊА, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото; Д.Мишев / ЦивилМедиа

Фото; Д.Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Интересот на јавноста за скапите часовници што новиот премиер Христијан Мицкоски ги пријави во имотниот лист во Антикорупциската комисија не стивнува.

Иако изостана некое посериозно истражување од медиумите кои, како по обичај за време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, повеќето се прогласуваат за ненадлежни и си наметнуваат строга самоцензура, па тоа од нив и не може ниту да се очекува, за тоа колкав и каков имот стекнал сегашниов премиер на нашата земја, со професорската плата додека беше универзитетски професор и асистент на својот татко,  пишуваше неодамна ЦИВИЛ Медиа во текстот „Премиере, колку е саатот?“и се обиде да долови како успеал, во тој период да стекне, покрај другите „дребулии“,куќа од 400.000 евра и уметничка слика од 10.000 евра, да одвои скромен дел од околу 52.000 евра за 2 (два) рачни часовници од непозната марка.

Сега, БИРН ја продолжува приказната за премиерот-љубител на скапи часовници и недоследностите во неговите имотните листови во анализата „Временска дупка на часовниците на Мицкоски“.

Како што наведува БИРН, според информациите што тој ѝ ги дал на Антикорупциска, премиерот поседува повеќе рачни часовници, чија заедничка вредност за малку ја надминува сумата од 52.000 евра. Високата вредност укажува дека Мицкоски на левата рака менува неколку луксузни часовници, а не уверливите кинески реплики што може да се нарачаат од Али експрес за неколку стотици евра.

Меѓутоа, во анкетниот лист за неговиот имот нема информации колку часовници поседува премиерот, ниту од кој производител се. Овие податоци не ги обезбедивме ниту од неговите соработници, иако минатата недела испративме прашања.

Забележавме и недоследност во имотните листови што Мицкоски ги поднел како директор на ЕЛЕМ (денешно ЕСМ) меѓу 2016 и 2017 година, споредено со имотниот лист што го поднел сега како лидер на владејачкото мнозинство.

Кога и како се стекнати часовниците?

Во најновиот имотен лист пишува дека се стекнал со часовниците во март 2015 и во јуни 2016, што го наметнува прашањето зошто не ги пријавил  во септември 2016 година, кога станал директор на државната компанија за производство на електрична енергија ЕЛЕМ или во август следната година кога ја напуштил функцијата. А, имал обврска да го стори тоа.

БИРН се обиде да добие одговор на овие дилеми, меѓутоа до објавувањето на овој текст немаше реакција од кабинетот на претседателот на владата.

Анализирајќи ги објавените фотографии на Мицкоски, БИРН консултираше познавачи кои ни помогнаа приближно да идентификуваме два од часовниците на премиерот. Тие кај него препознаа два модели од престижниот бренд „IWC шафхаузен“. Тие часовници не може туку-така да се купат во македонските продавници.

За да се набави „шафхаузен“, најмалку што треба е да се отпатува до некоја од балканските метрополи, меѓутоа и тогаш не е сигурно дека ќе може веднаш да се купи зашто често има листи на чекање за луксузните часовници.

На едно од интервјуата во улога на мандатар, Мицкоски на раката носеше часовник што изгледа како црн „IWC биг пајлот“, кој нов може да се набави за цена од околу 13.500 евра.

Пред две недели, пак, на средба со велешките пензионери, тогаш веќе како премиер, се појави со друг часовник, таканаречен „кронограф“. Тој според познавачите, исто така, е од брендот „IWC шафхаузен“. Некористена верзија на овој часовник, пак, се продава за 6.500 евра од официјалниот сајт на производителот.

Овие „парчиња“ може да се најдат и за пониска цена на пазарот на половни часовници, меѓутоа нивната вредност често не паѓа повеќе од 10 до 20 проценти, во зависност од моделот.

Во анкетниот лист за имотот на Мицкоски, јасно пишува дека куќата од 343 квадрати во Скопје ја стекнал преку договор за купопродажба, што упростено значи дека ја купил – не ја наследил, ниту, пак, му била подарена.

Меѓутоа, нема информации како ги стекнал часовниците.

Речиси во исто време со информацијата за луксузните часовници на Мицкоски, светските магазини објавија фотографии од новиот британски премиер Кир Стармер како на својата рака носи далеку поскромен часовник, „тисо PRX“, чија вредноста е нешто повеќе од 750 евра и тој, за разлика од „шафхаузените“, може да се купи во македонските продавници.

Сепак, како на лидер на најбогатата политичка партија во Европа, на Мицкоски не му доликува да носи ваква евтина стока, како неговиот британскиот колега.

Драган Мишев

Tags: Антикорупцискаимотен листпремиер на Северна Македонијаскапи часовнициХристијан Мицкоски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ