• Latest
Фото: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Скот Ритер со одземен пасош, наместо во Русија слета на страниците на некои македонски медиуми

August 9, 2024

Шести ден изборна кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, Теарце Брвеница и Ѓорче Петров, СДСМ во Велес, Свети Николе и Чашка, „Независни заедно“ прес конференција во Скопје

October 4, 2025

Европа треба „сериозно да се справи“ со заканата што ја претставува Русија, порача украинскиот министер

October 4, 2025
Фото илустрација, генерирано со Ви

Аеродромот во Минхен е принуден да ги прекине летовите втор ден по ред поради забележани дронови

October 4, 2025
Фото: Скриншот

Хамас се согласува да ги ослободи израелските заложници, но бара измени во мировниот план на САД за Газа

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на X

Шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев стана вирална – реакција од Белата куќа

October 3, 2025
Фото илустрација, генерирано со Ви

Во Норвешка уапсени тројца Германци по инцидентот со дрон

October 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Guardian

ОН: Безбедните зони на југот од Појасот Газа се фарса и места на смртта

October 3, 2025
Фото: Влада

Мицкоски – Мацут: Унапредување на билатералните односи и економската соработка, гасно и коридорско поврзување

October 3, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Во Чешка попладнево започнаа парламентарните избори, учестуваат 26 партии и коалиции и 4.462 кандидати

October 3, 2025

Трамп со ултиматум до Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас

October 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ПРОПАГАНДА

Скот Ритер со одземен пасош, наместо во Русија слета на страниците на некои македонски медиуми

August 9, 2024 16:10
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Фото: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фото: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Едно, две, и Скот Ритер повторно е гостин на македонските медиуми. Секако не е прв пат, а сигурно нема да е ниту последен, на дел од македонските медиуми блиски до политиката на Кремљ кои шират руски пропагандни наративи и дезинформации, да се повикува на коментарите на својот омилен „аналитичар“ Скот Ритер како „релевантен извор“ за анализи за војната во Украина. Релевантноста на изворот е во најмала рака дискутабилна, а како што ќе се покаже подолу во текстот, поради неговото минато, неговото присуство не e погодно во близина на лица под 18 години.

Иако овој пат, прво беше објавено дека во неговиот дом агентите на ФБИ спровеле рацијата како дел од федералната истрага, без да се изнесат повеќе детали бидејќи истрагата е во тек, тоа не ги спречи одредени медиуми повторно да се повикаат на „експертската“ анализа на овој деградиран поранешен службеник на ОН и осуден сексуалн престапник, на кого, во меѓувреме Стејт департментот му го одзеде пасошот додека се обидувал да одлета на конференција во Русија.

Сега штафетната палка од А1Он ла презема МКД.мк, па ги пренесува предупредувањата на Ритер, кој цитирајќи го Сергеј Лавров, ги „советува“ САД и Израел да внимаваат на постапките , бидејќи, сега „Русите станаа од клупата и излегоа на терен“.

ЦИВИЛ Медиа веќе неколку пати предходно пишуваше, и ги дебанкираше „прогласите“ од рашистичката оска А1он – Скот Ритер, сега надополнета со МКД.мк.

Како што пишуваше предходно ЦИВИЛ Медиа следејќи ги изјавите на овој „голем познавач“ на приликите околу развојот на настаните во Украина кои ги пренесува А1он, зачудува како воопшто се уште и се води војната, бидејќи според неговите изјави, ревносно пренесени на овој проруски портал, Русија веќе победила.

Така, во текст од 16 октомври, Цивил веќе дебанкираше објава на А1он, во која овој проруски портал ја пренесува изјавата на „поранешниот американски разузнавач“ Скот Ритер дека руската армија постигнала фантастични успеси во регионот на Донецк. Понатаму во текстот се цитираат негови изјава од Ју Тјуб каналот „Гегенпол“ во кој тој ги „воспева“ ( иако во сите извештаи од реномирани светски медиуми ситуацијата е спротивна) руските успеси на бојното поле во Украина.

-Русите тргнаа во офанзива по целата линија на фронтот; Русија победува, Украина нема повеќе засилувања; Гледаме распаѓање на вооружените сили на Украина; Eден ден ќе се разбудите и ќе го видите руското знаме над Киев;, играта е завршена Украина, потпишавте смртна казна“, се дел од неговите изјави кои во периодот во октомври 2023 со нескриено воодушевување ги пренесе А1он.

Со истиот тон на „раштиманата балалајка“, А1он продолжува и во декември оваа година. Така, последните две објави од овој познат „експерт“, миленик на пропагандистите во Кремљ, пренесени на овој докажан проруски портал се дека Руската армија е најдобра на планетава и дека Руските војници бележат победи и постигнуваат сериозни успеси.

Како особено „аналитички“ изјави на овој, како што го нарекуваат во А1он, американскиот воен аналитичар и поранешен разузнавач на американскиот марински корпус, се оние дека нема вооружени сили на планетата кои имаат исто искуство како руската, а украинската армија можеше да има слично искуство, но сите се мртви…? Тогаш, кој ли се спротвставува, и тоа доста успешно, на руските агресори во Украина?

Единствено како веродостојна може да му се земе изјавата кога вели дека Русија денес има уникатен механизам за регрутирање и обука на армијата…само што различно од неговата перцепција, во негативен контекст, Русија денес регрутира осудени силувачи, убијци, наркомани, алкохолитари…

Во втората пренесена негова изјава, повторно ги споделува руските пропагандни наративи за „ќор-сокакот“ околу американското финансирањето на Кијив, и дека нема доволно пари во светот за да се смени она што се случува на бојното поле во Украина, каде според него, украинските сили претрпеле стратешки пораз со тоа што тргнаа во дефанзива, додека руските војници „секаде бележат победи и постигнуваат сериозни успеси“?

Сите ови наративи, лиферувани на прокремљ медиумите, секако не се потврдени, напротив, воените експерти во западните медиуми го тврдат токму спротивното.

Околу веродостојноста на изјавите на Ритер и неговите воено-политички- аналитички способности, како најексплицитна е изјавата од пред една година, кога за време на едно интервјуто на 6 април 2022 година, тврдеше дека Русија победи во оваа војна.

„Верувам дека тие се во процес на завршување на една од највпечатливите воени победи во модерната историја“, изјави Ритер во стилот на руските тврдења дека Кијив ќе биде освоен за 48 до 72 часа.

И уште еднаш за тоа кој е Скот Ритер, омилениот извор на А1он за веродостојни извори за случувањата на фронтот во Украина: поранешен инспектор за оружје, аналитичар и…осуден сексуален престапник

Скот Ритер е поранешен инспектор за оружје на ОН во 1990-тите и аналитичар на Маринскиот корпус за време на советската инвазија на Авганистан една деценија пред тоа, кој е меѓу групата Американци на кои им се додворуваа руските пропагандни извори.

Според Наталија Антонова, долгогодишна репортерка и уредничка од Москва, како и истражувач на ОСИНТ со големо познавање на Руски техники на дезинформација, Ритер е пример за типичен обесчестен Американец, човек кој се дискредитираше себеси во САД и сега сака да биде прифатен како извор на „чесна анализа“ во Русија како средство за постигнување обновена или зголемена слава, пренесува Еуроњуз.

Ритер, меѓу другото е осуден сексуален престапник, кој во неколку наврати бил фатен како се изложува на малолетници на интернет. Одлежал една и пол година затвор. И покрај тоа, тој тврди дека бил цел на американската администрација поради неговото противење на војната во Ирак.

Во 2001 и 2009 година, Скот Ритер беше под истрага за обвинение за сексуален напад и беше осуден во 2011 година за сексуални престапи со малолетник. Ритер „разменувал сексуални пораки со детектив кој се претставувал како малолетна девојка и мастурбирал дури и откако прикриениот службеник нагласил за време на разговорот дека е малолетна“, објави британскиот весник Гардијан на 15 април 2011 година.

Ритер беше осуден на 5,5 години зад решетки, но беше пуштен на условна слобода по 2,5 години затвор.

Русија продолжува да ги (зло)употребува дезинформациите на обесчестениот, дискредитиран поранешен член на Маринскиот корпус и осуден за сексуални престапи со малолетник, за својата пропагандна машинерија, во кои сесрдна помош добива преку тенденциозните објави со кои А1он шири руска пропаганда и дезинформации не запираат, напротив, тие дури и се засилуваат. Секоја објава за „достигнувањата“ на руските вооружени сили, украинските „порази“, американската „неспособност“, се проследени со дополнителни про-руски, анти НАТО содржини, преполни со руска пропаганда, инсинуации и дезинформации.

Драган Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Tags: македонски проруски медиумируска агресија врз Украинаруска пропагандаруски дезинформацииСкот Ритер
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ