• Latest
Фото: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Што му е на Путин мило, на А1он му се сонило

October 16, 2023
„Инцидентот“ за кој се извини Вучиќ, а за вистинската полициска бруталност власта во Србија молчи.

Легитимирање во Нови Сад предизвика „протест на власта“: Брзи реакции за „инцидентот“, тишина за претходните случаи на полициска бруталност

April 18, 2026
Гордана Силјановска Давкова на средба со Реџеп Таип Ердоган (фото извор: ФБ на претседателката)

Кремљовски шепотења

April 18, 2026
Ормуски теснец (Фото: Скриншот Google Maps)

Незвесност и ескалација на Блискиот Исток: Иран воведе нови ограничувања за Ормускиот теснец, отвори оган врз танкер

April 18, 2026

Канада: „Согласноста“ за летен камп не е дозвола за одземање деца

April 18, 2026

Осми избори за пет години во Бугарија, иста дилема: Кој ќе победи – и кој ќе владее?

April 18, 2026

РЕАКЦИИ: „Чувствувам“ значи „наредувам“ – жестоки критики за изјавата на Мицкоски

April 17, 2026

(ВИДЕО) Кога медиумите се бојно поле: д-р Волфганг Ресман за хибридното војување и проектот Hate-Less

April 17, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите денеска?

April 17, 2026

Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

April 16, 2026

РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

April 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    „Инцидентот“ за кој се извини Вучиќ, а за вистинската полициска бруталност власта во Србија молчи.

    Легитимирање во Нови Сад предизвика „протест на власта“: Брзи реакции за „инцидентот“, тишина за претходните случаи на полициска бруталност

    Ормуски теснец (Фото: Скриншот Google Maps)

    Незвесност и ескалација на Блискиот Исток: Иран воведе нови ограничувања за Ормускиот теснец, отвори оган врз танкер

    Канада: „Согласноста“ за летен камп не е дозвола за одземање деца

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Масовен руски напад врз цивилни цели во Украина: најмалку 16 цивилни жртви, над 100 повредени

    Андриј Сибига

    Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

    Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Гордана Силјановска Давкова на средба со Реџеп Таип Ердоган (фото извор: ФБ на претседателката)

    Кремљовски шепотења

    РЕАКЦИИ: „Чувствувам“ значи „наредувам“ – жестоки критики за изјавата на Мицкоски

    ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите денеска?

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Ерол Ризаов

    Премиерот Мицкоски стана многу „чувствителен“

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Кој со Орбан тикви садел…

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ
    Гордана Силјановска Давкова на средба со Реџеп Таип Ердоган (фото извор: ФБ на претседателката)

    Кремљовски шепотења

    Осми избори за пет години во Бугарија, иста дилема: Кој ќе победи – и кој ќе владее?

    Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

    Кој со Орбан тикви садел…

    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ДЕЗИНФО ПРОПАГАНДА

Што му е на Путин мило, на А1он му се сонило

October 16, 2023 15:37
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Фото: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фото: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

За ширење на руската пропаганда и дезинформации во земјава, на Русија не и се потребни ни РТ, ни Тасс, ниту РИА новости, Спутник, има „плејада“ про-руски настроени медиуми, меѓу кои се чини дека предничи порталот А1он. Безпредметна станува забраната за емитување на овие руски пропагандни канали во македонскиот етер кога А1он го презема ширењето на „путиновата реч“ со истиот, несмален жар.

Не е прв пат А1он тенденциозно да споделува непроверени (дез)информации пред македонската интернет публика, без потоа да објави демант, а не пак извинување откако истите ќе бидат разоткриени.

Најновата  руска дезинформација, дело на руската пропагандна машинерија што осамна на овој проруски портал е изјавата на извесен поранешниот американски разузнавач Скот Ритер дека руската армија постигнала фантастични успеси во регионот на Донецк. Понатаму во текстот се цитираат негови изјава од Ју Тјуб каналот „Гегенпол“ во кој тој ги „воспева“ ( иако во сите извештаи од реномирани светски медиуми ситуацијата е спротивна) руските успеси на бојното поле во Украина.

-Русите тргнаа во офанзива по целата линија на фронтот; Украина нема повеќе засилувања; Гледаме распаѓање на вооружените сили на Украина; американскиот претседател Џозеф Бајден не може да направи ништо во врска со тоа се дел од неговите изјави кои со восхит ги пренесува А1он.

Кој е Скот Ритер – поранешен инспектор за оружје, аналитичар и…осуден сексуален престапник

Скот Ритер е поранешен инспектор за оружје на ОН во 1990-тите и аналитичар на Маринскиот корпус за време на советската инвазија на Авганистан една деценија пред тоа, кој е меѓу групата Американци на кои им се додворуваа руските пропагандни извори.

Според Наталија Антонова, долгогодишна репортерка и уредничка од Москва, како и истражувач на ОСИНТ со големо познавање на Руски техники на дезинформација, Ритер е пример за типичен обесчестен Американец, човек кој се дискредитираше себеси во САД и сега сака да биде прифатен како извор на „чесна анализа“ во Русија како средство за постигнување обновена или зголемена слава, пренесува Еуроњуз.

Ритер, меѓу другото е осуден сексуален престапник, кој во неколку наврати бил фатен како се изложува на малолетници на интернет. Одлежал една и пол година затвор. И покрај тоа, тој тврди дека бил цел на американската администрација поради неговото противење на војната во Ирак.

Во 2001 и 2009 година, Скот Ритер беше под истрага за обвинение за сексуален напад и беше осуден во 2011 година за сексуални престапи со малолетник. Ритер „разменувал сексуални пораки со детектив кој се претставувал како малолетна девојка и мастурбирал дури и откако прикриениот службеник нагласил за време на разговорот дека е малолетна“, објави британскиот весник Гардијан на 15 април 2011 година.

Ритер беше осуден на 5,5 години зад решетки, но беше пуштен на условна слобода по 2,5 години затвор.

Русија ги користи дезинформациите на Ритер за домашна пропаганда

Уште во април, руската државна новинска агенција РИА Новости ги цитираше коментарите на поранешниот инспектор за оружје на Обединетите нации Скот Ритер за време на „У. Tour of Duty“ програма на YouTube, емитувана на 15 април.

Преводот на РИА Новости на коментарот на Ритер, повторно преведен на англиски, гласи:

„Русија победува. Оваа војна е завршена“.

Иако рускиот превод не беше 100% прецизен, тој точно ја долови суштината на неговото тврдење, кое е лажно, открива Polygraph.info, веб-страница за проверка на факти, продуцирана од Гласот на Америка (VOA).

Во текот на изминатите 12 месеци, Украина ослободи повеќе од половина од нејзината територија што ја зазеде Русија во февруари-март 2022 година.

Пред нејзината целосна инвазија на 24 февруари 2022 година, Русија окупираше приближно 43.133 квадратни километри од украинската територија, вклучувајќи го „целиот Крим и околу една третина од областите Луганск и Доњецк“.

За неколку недели, Русија зазедоа уште 119.000 квадратни километри – или околу една петтина од територијата на Украина, околу 603.500 квадратни километри, што според Светската книга за факти на ЦИА, зафаќаше вкупно околу 162.000 квадратни километри.

Меѓутоа, од април до ноември 2022 година, украинските сили ги потиснаа руските трупи од северна Украина, започнувајќи контраофанзиви на исток и југ, обновувајќи 74.443 квадратни километри окупирана територија или околу 63% од најновите придобивки на Русија и 46% од нејзината вкупна окупирана територија, според Институтот за проучување на војната (ISW) со седиште во Вашингтон.

Така Украина деокупираше околу 63 отсто од територијата што руските сили ја зазедоа по почетокот на целосната инвазија на 24 февруари 2022 година, или околу 46 отсто од целата територија окупирана од Русија во Украина.

Дополнително, според најнова проценка  на Институтот за проучување на војната (ISW), последните денови, неколку руски извори тврдеа дека украинските одбранбени утврдувања се покажаа како значаен предизвик за рускиот напредок во областа Авдиевка. Тие, исто така, истакнаа дека проблемите со медицинската поддршка го попречуваат рускиот напредок во истиот регион.

ISW забележува дека еден од руските извори на 12 октомври пријавил недостиг на хирурзи во окупираната Хорливка и градот Доњецк во близина на Авдиивка, повикувајќи ги руските лекари да пружат помош во лекувањето на ранетите руски војници.

Бидејќи мнозинството руски воени блогери, како и посочениот македонски портал А1он, продолжија да ги фалат руските офанзивни напори, повторувајќи го наративот на Кремљ дека украинската контраофанзива е завршена, еден од нив предупреди да не се отфрли украинската контраофанзива премногу набрзина. Тој, исто така, истакна дека е прерано да се утврди дали руските напади кај Авдиивка ќе прераснат во организирана офанзивна операција.

Ова дополнително ги разобличува тврдењата на Ритер, пренесени на А1он, сосема некритички, и секако без потврда од трета, независна страна, дека руската армија постигна фантастични успеси во регионот на Донецк.

Руската (зло)употреба на дезинформациите на Ритер

Ритер го изјавуваше горе-долу истото тврдење и пред една година, за време на интервјуто со Обединетата национална антивоена коалиција на 6 април 2022 година, во кое рече:

„Русија победи во оваа војна. Верувам дека тие се во процес на завршување на една од највпечатливите воени победи во модерната историја“, рече Ритер во стилот на руските тврдења дека „ Кијив ќе биде освоен за 48 до 72 часа“.

И двете тврдења се покажаа како целосно неточни.

Следниот ден, 7 април 2022 година, РИА Новости ги цитираше тие коментари на Ритер.

Дури и во времето на претходните коментари на Ритер во 2022 година, тие беа демонстративно лажни, бидејќи руските трупи се повлекуваа од северните украински региони Кијив, Чернихив и Суми од крајот на март истата година. Според анализата на CNN заснована на ексклузивни податоци од Институтот за проучување на војната и објавена во септември 2022 година:

„До 8 април, руските власти се повлекоа од северните фронтови, велејќи дека повторно ќе се фокусираат на освојување територии на исток. За неколку дена, Русија се откажа од околу 40% од придобивките што ги имаше од почетокот на инвазијата“.

На 7 април 2022 година, руските медиуми ги нарекоа снимките од украинските цивили пронајдени убиени во кијивското предградие Буча како „провокација“ што беше „инсценирана“ од Кијив.

И тука РИА Новости ги цитираше лажните тврдења на Ритер дека тие цивили биле убиени од украинската полиција, а не од руските сили:

„Овие луѓе беа убиени не од Руси, туку од Украинци. … Овие луѓе беа убиени на 1 април од страна на украинската национална полиција“.

Цитирањето на РИА Новости на коментарите за Буча на Ритер – дезинформации веќе разоткриени од Polygraph.info , ЦивилМедиа и други – исто така се чини дека се од интервјуто на Националната антивоена коалиција, кое беше објавено на ЈуТјуб на 14 април 2022 година.

Руските трупи ја контролираа Буча од 5 до 31 март 2022 година. Од 31 октомври 2022 година, Канцеларијата на Високиот комесаријат на ОН за човекови права го документирала убиството на 73 цивили во Буча од страна на руските сили и работела на проверка на уште 105 наводни убиства .

Тоа и не зачудува, бидејќи Ритер е пријател на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров кој во говорот пред руската Државна Дума на 15 февруари 2023 година, го цитираше Ритер со одобрување во западното покривање на руско-украинската војна.

Дезинформациите на Ритер за Украина се корисни не само за руската пропаганда. Кинеските државни медиуми ги засилуваат руските дезинформации со тоа што често им „даваат простор на руските гласници“, вклучително и Скот Ритер, „чест соработник на Спутник и РТ“, рече Брет Шафер, висок соработник во Алијансата за обезбедување демократија, за време на брифингот во САД, објави Прес-центарот на Стејт департментот во април 2022 година.

Како што објави Newsweek минатиот јули, украинскиот Центар за борба против дезинформации, кој е дел од Советот за национална безбедност и одбрана на земјата, го стави Ритер на својата листа на „руски пропагандисти“ во 2022 година,

Оваа информација секако ќе остане незабележана кај уредништвото на овој портал, и ќе остане игнорирана во агендата на нивното одработување за нарачателот.

Фото: Скриншот

Тенденциозните објави со кои  А1он шири руска пропаганда и дезинформации не запираат, напротив , тие дури и се засилуваат. Секоја објава за „достигнувањата“ на руските вооружени сили се проследени со дополнителни про-руски, анти НАТО содржини, преполни со руска пропаганда, инсинуации и дезинформации.

Tags: македонски проруски медиумируска агресија врз Украинаруска пропагандаруски дезинформации
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Неуспехот на Орбан: гледајте ја Унгарија, мислете на Бугарија

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Кој со Орбан тикви садел…

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ