• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Специјалните сили на Косово и Албанија на заедничко тестирање на реактивните способности; Албанците во Прешевската котлина на масовни протести

August 12, 2024
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Специјалните сили на Косово и Албанија на заедничко тестирање на реактивните способности; Албанците во Прешевската котлина на масовни протести

August 12, 2024 11:29
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Специјалните сили на вооружените сили на Албанија, Косовските безбедносни сили и Единицата за брза интервенција на косовската полиција заеднички ги тестираа реактивните и интерактивните способности за време на специјалните операции, под набљудување на Командата за специјални операции на САД за Европа, јавуваат медиумите.

Во Бујановац, Србија, денеска ќе се одржи протест против угнетувањето и дискриминацијата што ја вршат српските власти врз Албанците.

Овој протест, кој се очекува да започне во 11:00 часот, се организира како одговор на дискриминаторските политики и нееднаквиот третман што со години го доживуваат Албанците од Прешевската Котлина.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ –Прес.

КОСОВО

Репортери: Специјалните сили на Косово и Албанија ги тестираат своите способности за реакција, ги набљудува американската европска команда

Министерството за одбрана на Албанија соопшти дека заедно со КБС и Единицата за брза интервенција на косовската полиција ги тестирале реактивните и интерактивните способности за време на специјални операции, под надзор на американската команда за специјални операции за Европа.

„Специјалните сили на вооружените сили на Албанија, Косовските безбедносни сили и Единицата за брза интервенција на косовската полиција заеднички ги тестираа реактивните и интерактивните способности за време на специјалните операции, под набљудување на Командата за специјални операции на САД за Европа, пренесе Репортери.

Телеграфи: Во Бујановац  денеска масовен протест против дискриминацијата на Албанците од Белград

Денеска во Бујановац ќе се одржи протест против угнетувањето и дискриминацијата што ја вршат српските власти врз Албанците.

Овој протест, кој се очекува да започне во 11:00 часот, се организира како одговор на дискриминаторските политики и нееднаквиот третман што со години го доживуваат Албанците од Прешевската Котлина.

Се очекува жителите на Бујановац  и околината масовно да излезат на овој протест за да го изразат своето незадоволство од создадената состојба и да ги побараат своите права.

Организаторите на протестот повикаа на широко учество, нагласувајќи дека ова е важна можност да се сензибилизира меѓународната заедница за тешката состојба во која се наоѓаат Албанците во овој регион, пренесе Телеграфи.

Газета Експрес: Српската војска патролира во близина на границата со Косово

Српската војска вчера е видена како патролира Бјешка е Чорода.

Ова на својот Фејсбук профил го објави Зеќир Мехметај, сопственикот на РТВ Фонтана во Истог, пренесе Газета Експрес.

АЛБАНИЈА

Досја. ал: Отсуствувањето од  пленарните седници  со последици по џебовите на пратениците

Отсуството на пленарни седници или собраниски комисии, во периодот јули, предизвика пратениците и од опозицијата и од мнозинството да бидат казнети со парични казни.

Законодавците на Собранието на Албанија се казнети со одбитоци на платите од 10 до 60 илјади леки, додека мнозинството има најголем број пратеници казнети поради отсуства. Но, рекордот за казна од најголема цифра на плата во текот на месец јули повторно го држи опозицијата, а поконкретно, повторно пратеничката Ориола Небијај, пренесе Досја.ал.

КОЛУМНА

Коха: Мостот во Митровица, ироничен симбол на немоќта и неодговорноста на ЕУ

„Отворањето на мостот на реката Ибар во Митровица за сообраќај на возила нема многу да го промени животот на граѓаните од двете страни на реката. И покрај тоа, на неколку стотини метри е мостот низ кој поминуваат возила.

Но, држењето на тој мост затворен е симбол на неуспехот на ЕУ, која се доведе во ситуација во која затворањето на мостот се смета за зачувување на стабилноста, а неговото отворање како охрабрување.

Ова е исто толку бизарно како и изјавите дека употребата на еврото е начин на етничко чистење. ЕУ треба веднаш да се заложи за отворање на мостот и да не шири страв од негово отворање. ЕУ повеќе не може да се обврзува на одржување на статус кво, дозволувајќи политизација на овој мост.“, пишува Аторот Аугустин Палокај, во колумната „Мостот во Митровица, ироничен симбол на немоќта и неодговорноста на ЕУ“, објавена во дневникот Коха.

Подготви: Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ