• Latest

Коалицијата „ВЛЕН“ поднесе кривична против Петар Богојески за говор на омраза

August 23, 2024
Кијив, окт. 2026

Деноноќен руски терор врз цивилите во Украина: Погодени мостови и домови, има загинати и повредени

October 4, 2026

Србија на раскрсница: Кога лидерот станува систем, а изборите борба за спас

October 4, 2026

КОЈ ЈА ПРЕЗЕМА МОЌТА ВО БАНКИТЕ: Капиталот, политиката и врската Скопје – Белград

October 4, 2026

Удбашка култура: Модел на владеење што го надживеа системот

October 4, 2026
Александар Вучиќ, 27 септември 2026 (фото: ФБ/А. Вучиќ)

Србија пред избори: Вучиќ со Арена и „странски служби“, студентите од врата до врата

October 4, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Одбрана, мир, сигурност

October 4, 2026
Днипропетровск, 3 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Нови воздушни напади, жестоки борби и цивили заробени меѓу гладот и мините во Олешки

October 4, 2026
Студентски протести, Франција, 3 октомври 2026 (фото: скриншот, Facebook / Be Social Observer)

Франција пред нов бран ученички и студентски протести, најавен голем протест за 6 октомври

October 4, 2026

Условот е познат со години, Брисел само го повтори: Зошто Мицкоски е незадоволен?

October 3, 2026

КОЈ И ЗОШТО САКАШЕ ДА ГО УБИЕ КИРО ГЛИГОРОВ? 31 година прашања без одговор

October 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Коалицијата „ВЛЕН“ поднесе кривична против Петар Богојески за говор на омраза

August 23, 2024 13:07
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Коалицијата „вЛЕН“ до Основното јавно обвинителство денеска поднесе кривична пријава за ширење на говор на омраза на социјалната мрежа Фејсбук. Кривичната пријава беше поднесена од страна на правниот претставник на Коалицијата адвокатот Абидин Абдуљи.

-Денеска поднесовме кривична пријава против лицето Петар Богојески за ширење на говор на омраза на социјалната мрежа Фејсбук, со тоа што тој со таков говор на омраза стори кривично дело казниво по член 319 и 398 од Кривичниот законик. Го поттикнуваме Јавното обвинителство во иднина овие кривични дела да ги гони по службена должност по допир на глас затоа што истите се јавни и се даваат и во секои медиуми, на социјалните мрежи, рече Абдуљи.

Бујаре Абази, потпретседател на Алијансата за Албанците-крилото на Арбен Таравари, смета дека веќе не е време за дигање на рејтинзи во таква форма и ова оди во корист на, како што рече, ДУИ која во агендата исто така планира дестабилизација. Според неа, од таа причина мора да се фокусираме на нашиот стандард, здравство и образование.

-Граѓаните се уморни и тоа дефинитивно мора да го сфатат сите политичари дека носат одговорност и оти мора да пружиме резултати во нашето работење, а не да сметаме дека со некои такви изјави некој и ќе не поддржува. Таквите изјави дефинитивно никој не треба никој да ги поддржи, рече таа.

Одговарајќи на новинарско прашање дека очекуваат правна разврска за говорот на омраза на Богојески кој сепак е нивен коалициски партнер, Абази нагласи дека тие две работи не треба да се мешаат во смисол на планирање и реализирање на програмите што ги ветиле на граѓаните

-Меѓутоа, мора да покажеме дека такво нешто не е дозволиво, не во смисол само на Алијансата за Албанците или „Влен“ во чие име денеска настапуваме, туку во име на сите други што не се Македонци. Таков начин на почитување на другиот без разлика на кој, апсолутно сметам дека не ни носи добро, ниту овозможува ние да развиеме добри односи помеѓу двата најголеми етникуми во Република Северна Македонија, рече таа.

На новинарско прашање дали можеби поднесувањето на кривична пријава против Богојевски политички ќе влијае, Абази смета дека нема да влијае и потенцира дека сепак треба да се покажат границите што е дозволено и што не. – Нема да молчиме во ситуации кога не се третираме со почит како што впрочем ги третираме другите, рече Абази.

Во однос на судската постапка што се води околу тоа кој е вистинскиот претседател на Алијансата за Албанците – Зијадин Села или Арбен Таравари, Абдуљи соопшти дека уште немаат добиено никаков писмен одговор од Апелациониот суд во Гостивар. – Ние немаме инсталирани луѓе во судскиот систем во Република Македонија и немам добиено ништо писмено во мојата адвокатска канцеларија и нема уште одлука од страна на Апелациониот суд во Гостивар, рече тој.

Tags: Абидин АбдуљиВЛЕНговор на омразакривична пријаваОЈОПетар Богојески
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ