• Latest

24 часа: Владата меѓу популизмот и „предбрачните договори“; повеќе полиција за безбедни ученици; масовен украински напад со дронови; словачкиот премиер продолжува со руска реторика

September 10, 2024

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 часа: Владата меѓу популизмот и „предбрачните договори“; повеќе полиција за безбедни ученици; масовен украински напад со дронови; словачкиот премиер продолжува со руска реторика

September 10, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, неодамна упати писмо до премиерот Мицкоски со кое бара корекција на некои предвидени владини мерки, базирани на веќе усвоен закон уште пролетоска. Потоа, напиша второ писмо со кое практично го поништи првото. Тоа е кореспонденција околу позициите на моќта – меѓу бизнисот (крупниот) и оној за кој финансиски моќните веруваат дека го имаат в џеб.

Оваа „кореспонденција“ на линија влада – крупен бизнис отвора голем број прашања, што воедно беше и ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ што го постави ЦивилМедиа. Детална анализа на овие прашања направи Љубомир Костовски во анализата под наслов Тази писмо не е писмо: Мицкоски меѓу популизмот и „предбрачниот договор“ со крупниот бизнис. На оваа тема пишуваше и Војо Маневски во колумната Колку вреди предизборното ветување?

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

МОН за ЦИВИЛ: За безбедноста на учениците ќе има зголемување на полициски патроли околу училишните објекти и на локациите каде има поголема раздвиженост на ученици

Со почетокот на учебната година, почнуваат и грижите за безбедноста на учениците. Од Министерството за образование и наука за ЦивилМедиа изјавија дека заедно со Министерството за внатрешни работи, локалните самоуправи и бројни меѓународни партнерски организации како УНИЦЕФ, ОБСЕ, постојано работат на подигнување на нивото на безбедност во училиштата.

СВЕТ

Масовен украински напад со дронови врз Московската област и други руски региони

Украина изврши масовен напад со беспилотни летала врз неколку региони на Русија во текот на ноќта на 10 септември, вклучувајќи ги Брјанск, Москва, Тула, Калуга, Белгород, Курск, Ориол, Воронеж, како и регионот Краснодарски крај.

Како се менуваат изјавите на словачкиот премиер, а како руските наративи се пресликуваат во македонските медиуми?

Официјален Киjив е револтиран од изјавата на словачкиот премиер Роберт Фицо во врска со украинските војници, што е во спротивност со сегашното ниво на доверба и соработка меѓу Украина и Словачка, се наведува во коментарот на портпаролот на МНР, Хеорхи Тихиј за изјавите на премиерот на Словачка. Како се менуваат изјавите на словачкиот премиер, а како руските наративи во овој контекст се пресликуваат во македонските медиуми, прочитајте во деталниот извештај на Драган Мишев.

РЕГИОН

Европската комисија предвидува меѓувладини конференции во Белград и Тирана – Скопје виси

Еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји денеска изјави дека целта е во октомври да се одржат меѓувладини конференции со Србија, Албанија и можеби Северна Македонија. Поточно, неизвесно е дали Скопје ќе биде домаќин на овој исклучително важен настан.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Кој управува со државата, Мицкоски или крупниот бизнис?

Премиерот наводно ќе чека да заврши месецов и да види дали фирмите од списокот ја исполниле обврската, но по дописот кој е упатен директно до него останува да се види, дали тој ќе ги прифати барањата од бизнисот, ќе го менува законот и/или ќе се пролонгира неговата примена?

СЛОБОДНА ЗОНА

АНТИДИСКРИМИНАЦИЈА

Вниманието на еден текст за инклузивното образование, објавен на Нетпрес, ми го сврте еден жесток коментар на колумнистката и универзитетска професорка Емилија Целакоска. Текстот го пишува извесен виш просветен инспектор во пензија. На крајот од текстот преполн со фрапантни конзервативни ставови, авторот дава препорака да се вратат „посебните училишта“ за лицата со попреченост или, како што тој ги нарекува „попречени лица“ (не е смешно). Воедно, низ текстот и во „препораките“ тој (крајно паушално) ги дисквалификува УНИЦЕФ и поранешната влада кои ги укинаа посебните училишта и ги интегрираа во редовното образование. Непотребно е да се нагласи дека се работи за веќе вообичаена пракса во земјите во кои веќе одамна владеат принципите на недискриминација и инклузивност. Тоа треба да е познато од општа култура – пишува Џабир Дерала во колумната СЕГРЕГАЦИЈА: „Посебните училишта“ се дел од мрачното минато – и таму треба да останат!

САТИРА

Годинава комарците буквално ни ја исцицаа крвта, чиниш се некои потомци на Дракула. Неспособноста на мајката на Градот да се избори со овие мали крвопијци ја натера Владата да креира работна позиција Национален координатор за борба против комарците – пишува Дехран Муратов во сатиричниот текст Се бара национален координатор за борба против комарци.

Подготви: А. Мехмети
Tags: АзескиВархејиДералаМаневскиМицкоскиМишевМуратовТихијФицоЦелакоска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ