• Latest
Public domain

За македонско-бугарската експертска комисија: Не е јасно на што се должи впечатокот дека Комисијата не ги исполнила очекувањата, а особено ставот дека не била заштитник на националните интереси

September 15, 2024

Изборна хроника: Црна кампања, српски свет, пациенти и гласачи, мегапаркови наместо диви депонии

October 6, 2025
Shelling aftermath in Olenivka, Donetsk region, July 29, 2022. Photos from open sources

Украинските обвинители истражуваат егзекуции на 322 воени заробеници од страна на Русија

October 6, 2025
Фото: Д.М, ЦИВИЛ

Уапсен советникот на директорот на полицијата на РС и неговите синови под сомнение дека нападнале полицајци во Бања Лука

October 6, 2025
Фото: Фејсбук

Итно започнување на преговорите за пристапување на Молдавија во ЕУ, побараа 55 европратеници од 19 земји-членки

October 6, 2025
Делегација на Хамас пристигнува во Египет на преговори со Израел. Фото: Скриншот од видео на
WION

Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Без докази и без мерка: Уште еден напад од Ана Брнабиќ врз независните медиуми

October 6, 2025

24 ЧАСА: Втора недела изборна кампања; лидерите на Западен Балкан на самитот „Брдо-Бриони“ во Драч; нападната најголемите руска фабрики за експлозиви; изборни ветувања

October 6, 2025
Еден од најголемите производители на експлозиви и муниција во Русија, државната фабрика Свердлов, која се наоѓа во градот Џержинск во областа Нижни Новгород. Фото: Википедија

Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

October 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама ја поништува одлуката со која ги „амнестира“ кулите на олигарсите; Кој ќе биде новиот лидер на СПАК; Османи го обвинува Вучиќ дека се обидел да ја наруши средбата Брдо-Бриони

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Канцеларот Мерц смета дека Русија стои зад многу од неидентификуваните дронови над Германија

October 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

За македонско-бугарската експертска комисија: Не е јасно на што се должи впечатокот дека Комисијата не ги исполнила очекувањата, а особено ставот дека не била заштитник на националните интереси

September 15, 2024 15:35
in КОНТЕКСТ, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ФОРУМ
Public domain

Public domain

Share on FacebookShare on Twitter

Во контекст на смената на членовите на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања со Бугарија, пишуваше Валентино Димитровски во текстот под наслов „За работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања“ објавен во во Либертас на 3 септември.

Според авторот на анализата, неодамнешната најава на премиерот Мицковски за промени во персоналниот состав на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, по себе не е проблематична, но отсликува загрижувачки интонации, имајќи го предвид неговото образложение што беше изложено како личен став: „Лично ако мене ме прашувате, мислам дека актуелната мешовита комисија апсолутно не ги оправда очекувањата и не беше заштитник на националните интереси на македонскиот народ“.

Ставот околу изневерените очекувања од работата на Комисија е субјективна перцепција на премиерот и нема потреба од анализа, затоа што, како и секој друг, тој има право на лични ставови и мислења, пишува авторот. Според него, загрижува интерпретацијата за улогата и задачите на Комисијата, која според Мицкоски не била „заштитник на националните интереси на македонскиот народ“.

„Загрижувачки е во третата деценија од 21-от век да се користат одамна надминати идеолошки образци со кои на Комисијата и се фингира улога (и цели) што потекнува од идеолошко-политичкиот супстрат, а не од базичните принципи на научниот дискурс (историографскиот). А тие базични принципи во секој научен дискурс, особено во историографскиот, се димензионирани како поливалентни, полиперспективни интерпретативни образци базирани на автентични, проверени и на докази засновани и верификувани историски извори. Впрочем, во тој дух беше дефинирана и задачата на мешовитата комисија: „…со цел продлабочување на заемната доверба… да придонесе за објективно и засновано на автентични и на докази засновани историски извори, научно толкување на историските настани (член 8 точка 2 од Договорот). Задача на Комисијата во нејзиното работење (независно од нејзиниот персонален состав) била и треба да е исклучиво имплементирање на овие научни принципи, а не заштита на националните интереси на македонскиот или на бугарскиот народ денес“, пишува Димитровски во Либертас, а во продолжение на текстот ги наведува главните достигнувања на Комисијата.

Во овој прилог, ќе пренесеме дел од тие резултати:

Во досегашното работење Комисијата има донесено Препораки за заедничко одбележување на историските личности: Цар Самоил, Свети Кирил и Методиј, Свети Климент Охридски и Св. Наум Охридски, како и Препораки за учебниците по историја за 5-ти клас во Република Бугарија и за 6-то одделение во Република Северна Македонија.

За Цар Самуил Комисијата констатира дека „…е владетел на голема средновековна држава, којашто поголемиот дел од современата историска наука ја смета за Бугарско царство со центар во територијата на денешна Република Северна Македонија. Тоа опфаќа значителен дел од земјите и населението на Балканскиот Полуостров. Цар Самуил и неговата драматична судбина се симбол на заедничката историја, којашто се споделува од двете современи држави Република Северна Македонија и Република Бугарија.

Заедничката комисија им предлага на двете влади, во духот на потпишаниот двостран Договор, одбележувањето на цар Самуил да биде знак на споделени вредности и вистинско добрососедство и пријателство“. Доколку се почитува принципот на „објективно и засновано на автентични и на докази засновани историски извори, научно толкување на историските настани“, формулацијата за Цар Самоил целосно соодветствува со расположивите историски документи, како и со ставовите на целокупната светска историографија. Доволно е да се консултира која било релевантна светска енциклопедија за оваа историска личност.

(…)

Во истиот дух се димензионирани препораките за учебниците по историја за 5-ти клас во Република Бугарија и за 6-то одделение во Република Северна Македонија што генерално се однесуваат на избегнување на неосновани историографски сугестии за античката историја и недостатоци во историската географија, на надминување на одредени фактографски непрецизности, вклучување на поширокиот регионален контекст, посодржински претставување на историските процеси и создавање на побогата слика за културно-историското наследство во регионот, а воедно, се упатува на извесен историски анахронизам во конструирање на континуитет меѓу две временски оддалечени епохи (античка Македонија и современата македонска држава) или меѓу мисијата на апостол Павле и средновековните црковни структури што постоеле на територијата на денешна Република Северна Македонија.

Препораки за учебниците кај нас и во Бугарија (како и за наведените историски личности) ја имплементираат полиперспективноста како темелна интерпретативна вредност, го почитуваат суверениот пристап на секоја страна и храбро упатуваат на надминување на одредени стереотипи во двете историографии еднакво, во правец на сообразување со современите светски практики.

Оттаму, навистина не е јасно на што се должи впечатокот дека Комисијата не ги исполнила очекувањата, а особено ставот дека не била заштитник на националните интереси на Македонскиот народ.

Ако за ваков избалансиран пристап, кој недвосмислено би бил поддржан од релевантната светска историографија, се тврди дека не е заштитник на националните интереси, се поставува прашање како Комисијата (независно во каков состав) ќе се справи со периодот од 19-от и првите децении од 20-от век, период во кој се јавуваат националните движења и националните држави на Балканот и пошироко.

Извор: Либертас (линк до текстот)

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: БугаријаисторијакомисијаМицкоскиСеверна Македонија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    152 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ