• Latest

24 ЧАСА: 100 дена Влада – експертите говорат за ЦИВИЛ; победа на екстремната десница во Австрија

September 30, 2024
Demolished Gaza
Photo source: Al Jazeera video screenshot

Ројтерс: ОН соопшти дека земјите се подготвени да помогнат во финансирањето на обновата на Газа од 70 милијарди долари

October 14, 2025
US Embassy Mexico City
Source: Embajada Estados Unidos en México Facebook

САД поништија визи на најмалку 50 мексикански функционери во акцијата на Трамп против нарко-картелите

October 14, 2025

(ВИДЕО) КОЛЕГИУМ: Избори со високи влогови – јасно и директно

October 14, 2025

Лариса Дир: Светот да ја повика Русија на одговорност

October 14, 2025
Tens of thousands join national strike in Belgium over welfare cuts
Source: Screenshot Euronews

Национален штрајк на големите синдикати во Белгија ги погоди јавниот превоз, аеродромите и бродовите

October 14, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Четири дена пред изборите – активности на кандидатите, ветувања, предизборни стратегии, политички наративи и злоупотреба на деца во кампањата

October 14, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

October 14, 2025

Албанскиот политички кампус во финишот на изборната кампања: Меѓу „референдум“, локални состојби и општински столчиња

October 14, 2025
Фото: Скриншот Х на „Патриотско друштво“

По победа на Албанија врз Србија, навреди во Тетово и политички тензии: ЦИВИЛ со осуда – омразата не смее да гласа на избори

October 14, 2025

Вкупно 1.341 домашен и меѓународен набљудувач ќе ги следат локалните избори, ДИК почна да го доставува изборниот материјал

October 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: 100 дена Влада – експертите говорат за ЦИВИЛ; победа на екстремната десница во Австрија

September 30, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

100 ДЕНА ВЛАДА

На 23 јуни Северна Македонија доби нов состав на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на чело со премиерот Христијан Мицкоски.

Владата и коалиционите партнери во изјави и обраќања до јавноста го прикажаа она што за нив претставува успех и постигнување во однос на она што го ветиле на изборите.

Но своја оценка дадоа и експертите и претставниците на опозициските политички партии.

Оценката на Роберт Алаѓозовски, Џелал Хоџиќ, проф. Ана Чупеска, проф. Катрина Колозова, новинарката Соња Танеска, е дека првите 100 дена од новата Влада ни го закочија патот кон ЕУ, врзувајќи не за унгарскиот претседател Виктор Орбан и влошувајќи ги односите со соседите.

„Државата лебди во место без јасна геополитичка насока или подобро речено – без компас“, вели професорката Катерина Колозова.

„Првите 100 дена од мандатот на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ се карактеризираат со сериозни економски пропусти и неодржливи политики“, смета новинарката Соња Танеска.

„Коалицијата на власт, наместо да ги подобри, ги влоши односите со соседите и ЕУ“, е ставот на професорката Ана Чупеска.

„Станува јасно дека дека новата Влада има намера во најмала рака да го замрзне европскиот пат на државата“, вели Џелал Хоџиќ, претседателот на СДА Македонија.

„Владата го почна мандатот трампаво, помпезно и исклучително опасно. Тектонски ја измести надворешната политика, единственото поглавје каде што во евроинтеграцискиот извештај имавме чиста десетка“, смета Роберт Алаѓозовски, поранеше национален координатор за интеркултурализам.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Дритон Зенку: За 100 дена се демаскираа лажните ветувања на Мицкоски

„ВМРО-ДПМНЕ, партијата што ја формираше новата влада, останува на своите поранешни опозициски позиции. Употребата на новото име и договорот за добрососедство со Бугарија се двете точки кои новата влада не ги укина, иако моќта што ја има во Парламентот тоа им го овозможува. Ништо не изненадува, бидејќи ваквиот пристап на новата влада беше очекуван. Првиот неуспех на владата е одвојувањето на Албанија на патот кон ЕУ. Ставовите на Мицковски на средбите во странство се најдобар показател за ориентацијата на новата влада. Долгот од Унгарија и посетата на Орбан, односите со Бугарија и Грција, но и официјалниот пристап на Тирана, се првите плодови на новата политика во Скопје, изјави за Фронтлајн политичкиот аналитичар Дритон Зенку.

РЕГИОН

Опозициските демократи бараат од ЕПП поддршка за во Албанија да се врати владеењето на правото

Пратеничката на албанската опозициска Демократска партија, воедно и потпретседателката на ЕПП-жени, Албана Вокши, побарала од Европските народни партии (ЕПП) и европските институции да ги поддржат напорите на опозицијата и граѓаните за да се вратат во Албанија, според неа, владеење на правото, преку почитување на гласот за слободна, независна правда и спроведување на Уставот.

СВЕТ

Победа на екстремната десница во Австрија, првпат по Втората светска војна

Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија (ФПО) победи на парламентарните избори во неделата, што е прва победа на крајната десница на австриските парламентарни избори по Втората светска војна, но неизвесно е дали ќе успее да формира владина коалиција.

ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за првите 100 дена Влада на Мицкоски?

ЦивилМедиа денеска го постави ова прашање и ги повика сите заинтересирани да учествуваат со коментар или порака во која ќе дадат своја оценка за првите 100 ДЕНА ВЛАДА на Мицкоски.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Ова пост партискава драмолетка со обвинувања дека не тие сега туку дека некој лани поради ланскиот снег е виновен што албанскиот вагон се откачи од нас и се придвижи кон ЕУ, е само јалов и само паничен обид на власта со вода од каливиот Вардар да си ја плакне совеста што на рамката француска и на нејзиниот автор Макрон, онака гордо, му го покажа средниот прст, демек му ја изигра неговата вековна и светски авторитетната француска дипломатијата“, пишува Зоран Ивнаов ПО ДОПРЕН ГЛАС: „Средниот прст за Макрон, таа мала владина победа е, всушност, големиот пораз за Македонија“.

Подготви: Б. Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Семејни пат’ридии

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ