• Latest
Соња Танеска (фото: ЦИВИЛ)

100 ДЕНА ВЛАДА, Соња Танеска: Првите 100 дена од мандатот на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ се карактеризираат со сериозни економски пропусти и неодржливи политики

September 30, 2024

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

100 ДЕНА ВЛАДА, Соња Танеска: Првите 100 дена од мандатот на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ се карактеризираат со сериозни економски пропусти и неодржливи политики

September 30, 2024 13:58
in ЕКОНОМИЈА, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Соња Танеска (фото: ЦИВИЛ)

Соња Танеска (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Соња Танеска, новинарка и експертка за економски прашања, во изјава за ЦивилМедиа оценува дека „првите 100 дена од мандатот на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ се карактеризираат со сериозни економски пропусти и неодржливи политики“, почнувајќи од најавената „есенска кошничка“ до „неодговорните задолжувања“.

„Првите 100 дена од мандатот на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ се карактеризираат со сериозни економски пропусти и неодржливи политики. И покрај навестувањата за ‘есенска кошница’, цените на основните производи речиси и да не претрпеа значајни корекции. Дополнително, неодговорните задолжувања преку унгарски кредити и државни обврзници го продлабочуваат долгот, без да се спроведат суштински реформи за подобрување на економската стабилност“, изјави Танеска за ЦивилМедиа.

Според нашата соговорничка, социјалните мерки имаат популистички карактер и „претставуваат сериозен фискален ризик“.

„Популистичките мерки за зголемување на пензиите, иако краткорочно популарни, претставуваат сериозен фискален ризик и ќе предизвикаат големи дефицити во државниот буџет во случајот над 200 милиони евра. Во меѓувреме, нема никаква најава за законски измени кои би ја подобриле наплатата на придонесите, а недостасуваат средства за раст на платите. Ова е особено загрижувачки во контекст на соседните земји, каде што забележуваме континуиран раст и на минималните и на просечните плати“, анализира Танеска во изјавата за ЦивилМедиа.

Понатаму, Танеска го анализира и јавниот долг и буџетскиот дефицит по ребалансот на буџетот со решенија „спротивни на заложбите за фискална консолидација“.

„Согласно последните податоци, за вториот квартал јавниот долг е на ниво од 60.5%, што го надминува фискалното правило од јавен долг под 60 % од БДП. Дополнително, со продлабодувањето на буџетскиот дефицит со ребалансот на буџетот од 3,4% на 4,9%, притисокот врз задолжувањето се зголемува. Тоа е спротивно на заложбите за фискална консолидација, но и кршење на фискалните правила поставени во Законот за буџети“, алармира Танеска во изјавата за ЦивилМедиа.

Алармантна е и оценката на Танеска во контекст на финансиската поддршка за земјата од ЕУ, што е последица од стопирањето на проектите поврзани со Коридорот 8, како и други аспекти на прашањето за инвестициите и економскиот раст, како и перспективите по одвојувањето на Албанија од Северна Македонија во процесот на евроинтеграциите.

„Истовремено, постои сериозна опасност Македонија да изгуби финансиска поддршка за над 120 ЕУ проекти, како резултат на стопирањето на Коридорот 8, кој е од витална стратешка важност за државата. Владата, пак, го фаворизира Коридорот 10, што е од поголем интерес за Унгарија и Кина, со цел подобра поврзаност со грчките пристаништа под кинеска контрола. Дополнително, промовираните инвестиции всушност се наследени од претходната влада, а без нови инвестиции на економски раст, а ќе ги има се помалку бидејќи во моментот Албанија ќе стане поатрактивна земја за започнување бизнис поради отворањето на поглавјата, новата Влада ја загрозува и иднината на македонската економија“, оценува Танеска во изјавата за ЦивилМедиа.

Џ. Д.

Tags: 100 дена владаекономијакоридор 8кредитипопулизамУнгарија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ