• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

24 ЧАСА: Поднесени 71 барање за утврдување на одговорност против 123 судии; според Ѓуровски постојат безбедносни ризици и закани од случувањата на Блискиот Исток; можни големи промени во владата на Мицкоски

October 3, 2024
Фото: Креирано со помош на ВИ

Зошто Путин не е подготвен да се сретне со Зеленски, а можеби никогаш и нема да биде

August 20, 2025

24 ЧАСА: Над 13 милиони евра од државата за Бехтел и Енка само во јуни; Додик да го врати дипломатскиот пасош; Сојузници подготвени да испратат војници во Украина

August 20, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Поднесени 71 барање за утврдување на одговорност против 123 судии; според Ѓуровски постојат безбедносни ризици и закани од случувањата на Блискиот Исток; можни големи промени во владата на Мицкоски

October 3, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Извештајот за работата на Судскиот совет пред собраниска Комисија: Поднесени 71 барање за утврдување на одговорност за судија или претседател на суд против 123 судии

Во текот на 2023 година на дневен ред пред Судскиот совет биле ставени вкупно 473 претставки од граѓани и правни лица за работата на судовите и судиите, од кои разгледани се 74 проценти. Од разгледаните над 88 проценти или 349 претставки биле неосновани, додека 10 отсто или 41 претставка основани. Две претставки биле делумно основани и една претставка е повлечена од подносителот, се вели во извештајот за работата на Судскиот совет во 2023 година што денеска е пред собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Ѓуровски: Во овој момент безбедноста не е загрозена, но има безбедносни ризици и закани од случувањата на Блискиот Исток кои на индиректен начин може да влијаат

-Сметам дека во овој момент безбедноста на Македонија не е загрозена, но постојат безбедносни ризици и закани кои на индиректен начин на она што се случува на Блискиот Исток може да влијае во ЕУ, а со тоа и индиректно да има влијание и врз состојбата во Македонија. Потенцијални терористички напади, потенцијално движењето на луѓето кои биле дел од тие структури на Хезболах и т.н., но треба да бидеме одговорни. Нема потреба од страв, едноставно ние сме дел од колективниот безбедносен систем на НАТО и верувам дека како досега, и понатаму партнерите Америка и НАТО ќе ни помогнат за поголемо безбедносно превенирање, изјави Ѓуровски, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на дводневната конференција за „Влијанието на пролиферацијата на напредното конвенционално оружје на безбедноста и диверзификацијата на набавките и модернизацијата“.

РЕГИОН

Албанската опозиција повторно предизвика тензии пред албанскиот Парламент

Албанските опозициски демократски пратеници и денеска предизвикаа тензична ситуација, овој пат пред собраниската зграда, откако на исклучените пратеници, поради понеделничкото насилство, не им беше дозволено да влезат во објектот.

СВЕТ

Вашингтон пост: Нови детали за напорите на Трамп да ги поништи изборите во 2021

Тогашниот претседател Доналд Трамп се појави рамнодушен додека бунтовниците упаднаа во Капитол за да се обидат да го спречат трансферот на власта на 6 јануари 2021 година, велејќи му на помошникот „Па што? , обвинија обвинителите во новото експлозивно судско поднесување во четвртокот.

ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Зошто и по 29 години остана мистерија кој го изврши атентатот врз Киро Глигоров?

На 3 октомври пред 29 години, беше извршен атентат врз тогашниот претседател Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди на главата. Истражната постапка против непознат сторител сè уште е отворена. Прашање е зошто?

 

АНАЛИЗИ

Неофицијални извори во владата, кои побараа да останат анонимни, откриваат дека веќе во ноември се планира првата реконструкција во владата на Мицкоски, вклучувајќи и смена на врвот во Министерството за одбрана.

Според изворите, како најсериозен кандидат за нов министер за одбрана се споменува Драган Ковачки, кој во ноември го исполнува законскиот услов да биде носител на извршна функција во Владата. Ова наметнува едно алармантно прашање – дали е во најава милитаризација на ова министерство, имајќи предвид дека Ковачки, пред да стане пратеник во парламентот, беше активен армиски офицер со чин полковник, пишува Џабир Дерала во анализата „Анонимни извори за ЦивилМедиа откриваат можни големи промени во владата на Мицкоски: Се спрема ли милитаризација на врвот на Министерството за одбрана?„

Д. Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Tags: анализиВестиизјавирегионСвет
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ