• Latest
Спасувачките екипи се борат да спасат животи, Кијив, 1 ноември 2024

Украинскиот лидер и дипломатијата алармираат: Терористите знаат како да го искористат времето што им го дава нерешителноста на слободниот свет

November 2, 2024

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украинскиот лидер и дипломатијата алармираат: Терористите знаат како да го искористат времето што им го дава нерешителноста на слободниот свет

November 2, 2024 11:22
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Спасувачките екипи се борат да спасат животи, Кијив, 1 ноември 2024

Спасувачките екипи се борат да спасат животи, Кијив, 1 ноември 2024

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски се обрати на украинската и светската јавност, укажувајќи дека притисокот врз рускиот агресор не е доволен, а доказ за тоа е постојаниот терор врз градовите на Украина.

„Постојаните терористички напади врз градовите на Украина докажуваат дека притисокот врз Русија и нејзините сојузници е недоволен. Денес од четири часот наутро воздушната тревога беше активна во градовите на Украина. Поради нападот со руски дронови, за жал, има оштетувања и повредени во различни делови на Кијив. Удари и оштетувања имаше и во Полтава, Суми и Харкив“, објави украинскиот претседател на платформата Телеграм.


Воедно, Зеленски им се заблагодари на бранителите на украинското небо кои вложуваат натчовечки напори да ги соборат проектилите и дроновите со кои рускиот агресор ги напаѓа цивилните цели.

„Јас им се заблагодарувам на нашите бранители на небото кои секоја ноќ ги соборуваат Shahed. Оваа година речиси секоја ноќ, а понекогаш и наутро и преку ден, е под закана од Shahed. Ударните дронови, кои на Русија ѝ ги обезбеди Иран, станаа едно од главните оружја на рускиот терор против Украина“, пишува Зеленски.

Затоа, претседателот на Украина бара да се изврши поголем притисок за да се намали руската способност за производство на овој тип на оружје. Руската држава-терорист, според него, знае како да ја искористи нерешителноста на слободниот свет.

„Потребен е поголем притисок врз руската способност за производство на вакво оружје. Потребна е можност за уништување и на базите за складирање на Shahed, и на целокупната инфраструктура за нивно производство и логистика. За жал, терористите знаат како да го искористат времето што им го дава нерешителноста на слободниот свет“, напиша Зеленски.

Амбасадорката на Украина, Лариса Дир, чии објави на социјалните мрежи станаа препознатливи по одбројувањето на деновите од почетокот на целосната руска инвазија против Украина, исто така, ја истакна нерешителноста на слободниот свет што ѝ овозможува на руската злосторничка машинерија да врши напади врз цивилни цели во Украина.

„Ден 983. Нерешителност на слободниот свет ги овозможува секоjдневни напади на украински градови и села од страна на држава-агресор рф. Утрински напад на Киjив коj што траеше 5 часа. Сега започнува трета… Украина се бори! #StandWithUkraine“, објави амбасадорката Дир. 

Ден 983. Нерешителност на слободниот свет ги овозможува секоjдневни напади на украински градови и села од страна на држава-агресор рф.
Утрински напад на Киjив коj што траеше 5 часа. Сега започнува трета….
Украина се бори!#StandWithUkraine pic.twitter.com/2WDiYruLD5

— Larysa Dir (@dir_larysa) November 2, 2024

Претходно, на 30 октомври, претседателот на Украина објави дека од одлуките на Западот зависат животите на украинските цивили.

„Партнерите гледаат што се случува секој ден. Во овие околности, секоја одложена одлука од нивна страна значи десетици, па дури и стотици повеќе руски бомби употребени против Украина. Нивните одлуки се животите на нашиот народ. Затоа мораме заедно да ја запреме Русија – и да го сториме тоа со сета можна сила“, напиша Зеленски во објавата на Х.

Russia struck a nine-story building in Kharkiv with a guided aerial bomb.

Tragically, there are casualties, including children, and more people may still be trapped under the rubble. All necessary emergency services are on site.

Partners see what happens every day. In these… pic.twitter.com/iVLJ6x5K4R

— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) October 30, 2024

Рускиот терор продолжува, додека Украина чека дозвола од западните партнери да користи ракетни системи со долг дострел, за да ја спречи заканата што доаѓа од руско тло. Веќе подолго време, претседателот Зеленски ја истакнува потребата од британските крстосувачки ракети со долг дострел Storm Shadow или американските ATACMS за да ја елиминираат заканата што доаѓа од воени постројки подлабоко во руската територија. На тој начин, ќе се намали капацитетот на Москва да напаѓа цивили и цивилни објекти, како и енергетска инфраструктура.

САД, Велика Британија и другите западни земји сè уште одбиваат да ја дадат таа дозвола, под наивниот изговор дека тоа ќе доведе до ескалација на конфликтот.

Џ. Дерала

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Володимир ЗеленскиЛариса Дирруски терорУкраина се бориШахед
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result