Навистина, nиз која искривена призма се протега светогледот на Мицкоски? Дали е до диоптријата, или како што инсинуираат некои пратеници во законодавниот дом, замаглената слика на реалноста низ очилата на премиерот се должи на алкохолните испарувања?
Доколку со ваквата изјава Мицкоски мислеше да ги навреди пратениците на СДСМ, тој всушност ги посипа со пепел сите Македонци кои не извадиле бугарски пасош и не се пишале као Бугари. Не дека немале и тие економска потреба, како Сања Божиновска, едноставно решиле дека националната припадност и македонското потекло им е поважно од економските потреби, и не вреди да си го пр(е)одадат за разно разни олеснувања, како работа во странство, купување половно возило, глумење европски „гражданин“.
Настрана фактот што Сања Божиновска лажеше, и дека има/нема бугарски пасош, и дека не потпишала изјава дека има „блгарско самочувствие“, и таа, и и нејзиното семејство. За вакво флагрантно „манипулирање“ со вистината, во нормални земји ( демократии) , министер немаше да чека да го разреши премиерот, сам ќе си поднесеше оставка. Но, судејќи според последниот говор на Мицкоски во парламентот, демократијата во земјава е во опасен пад, и како да најави почетоци на диктатура.
Епа Македонче, епа чорба… сркај додека премиерот гордо те множи со нула.
Текстот е личен став на авторот
Повеќе може да се прочита во текстот под наслов „ Мицкоски ја прогласи Сања Божиновска за голема Македонка, ги помножи со нула сите Македонци без бугарски пасош“ од Драган Мишев, објавен на 1 ноември.