Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја номинираше ветеранската обвинителка Пем Бонди за нов јавен обвинител, неколку часа откако Мет Геjц се повлече од можен кандидат.
Бонди има долгогодишно искуство во спроведувањето на законот и претходно служеше како јавен обвинител на Флорида, јавија американските медиуми, пренесува МИА.
Долгогодишниот сојузник на Трамп, Бонди беше дел од неговиот правен тим за време на неговото прво судење за импичмент во Сенатот, а исто така јавно го поддржа појавувајќи се на суд за време на неговото судење за давање мито во Њујорк.
„Пем беше обвинителка скоро 20 години, беше многу строга кон насилните криминалци и ги направи улиците безбедни за семејствата од Флорида“, рече Трамп во објава на социјалните мрежи сооштувајќи го својот избор.
Бонди е блиска со Трамп од неговата кампања во 2016 година, а пред гласачите на неодамнешниот митинг на Трамп рече дека го смета за „пријател“.
Предходно, новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот избор за државен обвинител Мет Гејц, кој е опфатен со скандали, има „прекрасна иднина“ и покрај неговото повлекување.
Пишувајќи на својата социјална мрежа Truth Social, Трамп го пофали Гејц што се тргна настрана за да избегне да биде „одвлекување“ на неговата нова администрација, додавајќи:
„Мет има прекрасна иднина и со нетрпение очекувам да ги гледам сите големи работи што ќе ги направи“!
Републиканецот од Флорида, Мет Гејц предходно денска објави дека се повлекува од изборот на новоизбраниот претседател Доналд Трамп за државен обвинител по наводите во врска со федералната истрага за сексуална трговија.