• Latest
Џабир Дерала-цивил / Фото: Слободен Печат / Драган Митрески

Дерала за Слободен печат: Истрајноста на ЦИВИЛ е во успешноста да детектира и нуди решенија за најголемите предизвици во општеството

December 2, 2024
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

Баснословното богатство на сега уапсениот Давор Мацура: Од менувачници до банка, 15 фирми, луксузни вили и милионски зделки со државата

November 2, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Ден потоа: Ова не е љубов, ова е договор

November 2, 2026
Протест во Тирана, 1 ноември 2026 година (Снимка од видео објавено на Фејсбук од „Revolucioni i Flamingove“)

Како слоганите како „Повеќе училници, помалку бомби“ се вклопува во пропагандната стратегија на Кремљ

November 2, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Долгото развлекување на денот „Д“ за Мицкоски

November 2, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Афера Алта банка: Од „парите ви се достапни“ до лимит од 10.000 денари – ИМА ЛИ ПИЛОТ ВО АВИОНОТ!?

November 2, 2026

Брвеница не е „етнички плен“

November 2, 2026
Постизборна ноќ во Србија, 25 октомври 2025 (скриншот од видео на социјалните мрежи)

Србија: Студентската листа најавува декриминализација на државата во првите 100 дена

November 2, 2026

Афера АЛТА БАНКА: Кој ги штити парите и политичката мрежа од Белград до Скопје и Москва?

November 1, 2026
Марко Кричак

Апсење на високи полициски функционери: Што се случува во српскиот безбедносен апарат?

November 1, 2026

Руската воена економија: Санкции, структурни пукнатини и цената на агресијата

November 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дерала за Слободен печат: Истрајноста на ЦИВИЛ е во успешноста да детектира и нуди решенија за најголемите предизвици во општеството

December 2, 2024 13:41
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ТОП 5
Џабир Дерала-цивил / Фото: Слободен Печат / Драган Митрески

Џабир Дерала-цивил / Фото: Слободен Печат / Драган Митрески

Share on FacebookShare on Twitter

Патувањето на ЦИВИЛ – Центар за слобода сиве овие 25 години од нашето основање во македонското општество, ако може накратко да се опише најсоодветно би требало да се каже дека беше исклучително тешко или малку жаргонски речено „оф-роуд“. Тоа е така бидејќи станува збор за секојдневна макотрпна работа од четвртина век од нашето основање. Работа исполнета со безброј предизвици на дневна основа во која ЦИВИЛ беше активен секој ден. За сето ова време испорачавме над стотици успешни проекти, организиравме безброј настани и изградивме медиумска платформа која прерасна во важен јавен простор за политички дијалог и еден од темелите на општествениот дискурс. Ова меѓу другото го истакна претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала при неговото гостување во „Слободен печат“.

– Нашето патување е далеку од завршено, и ние со нетрпение ќе се соочиме со уште поголемите предизвици, но и достигнувања што се пред нас. Како организација се нафативме да работиме со најтешките, најделикатните теми кои предизвикуваат страв и поделби во општеството поради кои се обидуваме да ги премостиме и да ги донесеме луѓето, поединците, но и групите како и другите чинители на една маса да разговараат за решенија – вели Дерала и воедно се заблагодарува до сите оние кои ја поддржаа Организацијата и учествуваа во нејзината мисија сиве овие години.

Дерала посочува дека напорите на Центарот за слобода допреа илјадници животи низ сите заедници, надминувајќи ги етничките, верските, политичките и социјалните граници.

Како што појасни претседателот на ЦИВИЛ и главен уредник на медиумската платформа на организацијата, 25-годишниот јубилеј организацијата сепак работно го поминува и тоа со организирање на голема меѓународна конференција именувана „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“ што ќе се одржи во Скопје, на 11 и 12 декември.

– На меѓународната конференција се очекува учество на повеќе од 25 говорници и тоа од 11 земји, дел од Европа, САД но и Македонија. Конференцијата има интересен концепт, а темите за дискусија ќе бидат поделени во четири панели и тоа: Демократијата под опсада, растот на крајно-десничарскиот национализам, авторитарните тенденции во Европа и светот како и последниот панел кој ќе се однесува на граѓанското општество и медиумите, што тие можат да направат за одбрана на демократијата – појаснува Дерала.

Претседателот на ЦИВИЛ објаснува дека конференцијата не е изолиран настан, туку е иницијатива на ЦИВИЛ и германските партнерски организации „Медиа Дијалог“ и „Youth4Media“, поддржана од Владата на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија. Според Дерала, конференцијата во Скопје се најде на светската мапа на настани по повод датумите за одбележување на човековите права и слободи, и е дел од официјалната програма на Неделата на човекови права, иницијатива на Северна Рајна-Вестфалија.

Извор: Слободен Печат

Фото: Слободен Печат / Драган Митрески

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ